Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 122

Martin Trenevski 1
1martin1 ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ НА РЕЖИМОТ? 
1.  Медиумите во нашиот северен сосед објавија дека таму туку што започна производството (!) на руската вакцина “Спутник”(!?) што се смета за голем успех за домашната фармацеутска индустрија.
    Арно ама, на Yu-tube се појавија електронски портали кои тврдат дека не станува збор за производство на руска вакцина, бидејки од Русија, наводно, се доставувале големи контејнери со вакцина која што едноставно се препакувала во мали дози во Србија и се користела за имунизација/вакцинирање на граѓаните!?
    Како и да е, нека им е со среќа бидејки од српските вакцини се офајдија многу македонски граѓани коишто беа бесплатно вакцинирани  во Белград и Ниш, а во тек е нивна ревакцинација со втора доза вакцини – сега дури и поблиску до нашата граница – во Врање, и тоa бесплатно!
    Им благодарима искрено на властите во Србија за ваквиот џентлменски гест, што јас го нарекувам “скандинавски модел на солидарност кон соседите”, но сето ова отвора едно многу сериозно прашање: што сторија македонските власти тие самите да обезбедат навреме вакцини за да ги заштиотет своите граѓани? Дали да не беше алчноста по тендерите и огромните печалби на сметка на здравјето на македонските граѓани што им беа (и сеуште се) приоритет на властите бројката од над пет илјади и петстотини починати немаше да биде далеку помала, доколку навреме се обезбедеа судбоносните вакцини???
    Се сведовме како држава на ниво на просјаци кои едвај чекаме нeкој од соседите да се смилува и да не чести (да ни подари) дел од своите вишоци вакцини, наместо да ги фрлат. Од 200.000 дози бучно најавувани вакцини од Русија – ни трага од нив; 500.000 вакцини само што стигнале (но никако да стигнат) од Кина, Бугарија и Грција демек ќе ни подареле од нивните вишоци (!) 70.000 дози вакцини, ама никако да го сторат тоа, а последно ветување стигна деновиве од Стамбол град, каде претседателот на Турција Ердоган му вети на Зорана Заев 30.000 дози вакцини. Да не ги заборавиме и ветувањата за донација вакцини од ЕУ во рамките на Ковакс системот….
    А што направи нашиот министер за здравство Филипче со кого секојдневно, речиси без исклучок започнуваат вестите на ТВ екраните? Небаре им конкурира на прогнозерите за временските прилики и само најавува и најавува “убави вести” што ќе се случат во некое недефинирано идно време! Но премногу се докази дека и тој, а и други околу него во текот на кризата, наводно, ептен многу финансиски се “имунизираа” за век-и-веков! Тоа, се рабира го оставаме да го утврдат и докажат еден ден надлежните за корупција и финансиски криминал во земјата.
2. Извесен Спартак Нѓела, адвокат и некаков си политички аналитичар од Тирана е многу цитиран деновиве од медиумите на албански јазик во Македонија со неговите тврдења (според мене истресени од ракав), дека “Американската политика имала за цел брзо обединување на Aлбанците на Балканот” и, според него, “сеалбанството на Западниот Балкан ќе било успех на американската политика, наспроти Русија во овој регион”(!?)
    Неспорно е дека станува збор за обичен пропагатор (можеби платен или не, не знаеме) на идејата за “голема Aлбанija”, бидејки неговите желби  и екстремистички “визии” се дирекно спротивни на неодамнешните изјави на американскиот помошник на заменикот државен секретар за Европа и Азија Метју Палмер кој беше многу дециден дека не доаѓа во предвид промена на границите на Балканот!!!
    Овој, Спартаков, е неспорен лажго бидејки во јавност изнесува многу невистинити податоци. Тој тврди дека според пописот (?) во Македонија: “Албанците се прв народ во Македонија со учество од 47% во бројот на населението!? Како прво, попис во Македонија не е одржан дваесетина години, а најавениот е одложен за оваа есен. Второ, објективни странски познавачи на приликите во земјата тврдат дека бројот на албанци во Македонија реално е помеѓу 16% и 20% и ниту еден процент повеќе. Тоа што длабоката држава зацртала во планот за разнебитување на Македонија бројот на албанци да биде најмалку 30% (без разлика колку реално се) е друга работа.
    Спартак Нѓела констатира дека “Aлбанците оделе кон национално обединување”? Се прашувам: има ли нормални луѓе меѓу албанците да укажат каде водат заложбите на Спартак Нѓела (историскиот Спартак бил трачки јунак кој како роб покренал востание против римјаните. Зарем и него ќе го присвојат албанците како што ги присвојуваат Илирите?).
Зарем не извлекоа поуки од крилатицата на Милошевиќ:”Сите Срби во една држава”, што доведе до крвави војни во деведесетите години од минатиот век? А што ќе биде ако некој македонски патриот повика за обединување на сите Македонци во една држава??? Можам да замислам: цел свет ќе се сврти против нас и ќе не оптужат за иредентизам, ќе не блокираат по сите основи… Токму така, а албанците можат да пропагираат такви идеи кога сакаат и колку сакаат. Само се прашувам дали таквите идеи произлегуваат од некои подземни кујни од оваа или од другата страна на Атлантикот, или се автентични идеи со кои се трујат албанците, собено нивните млади?, Не знам!
3. Читам во медиумите дека во јужна Калифорнија, на границата со Мексико. се регистрирани 152 земјотреси. За оние што не ги знаат геополитичките прилики во овој дел од светот да појаснам: регионот е дел од таканаречениот Пацифички појас (Pacific Rim) што се протега од Јапонија, кон исток (западниот брег на САД, па кон југ до Чиле и кон исток до Нов Зеланд….). Го карактеризираат силни подводни вулкански активности што предизвикуваат катастрофални земјотреси (Сан Франциско е повеќе пати срамнет до земја, исто така делови од Чиле, Окланд во Нов Зеланд).
   Во западниот дел на САД е и познатиот национален парк со гејзерите “Јелоустоун” (Yellowstone) кој во суштина најголем жив вулкан на планетава а чие гротло е широко 180 километри (колку од Скопје до Гевгелија)/ Можеме само да претпоставиме (далеку било) што би значело ерупција на овој вулкан, што – според некои мрачни сценарија може лесно да се активира со нуклеарно оружје и да  предизвика – да настрада најмалку половина од САД, а според други дури две третини од територијата на САД. За политичките и воени опоненти (непријатели) на САД токму Јелоустоун е најслаба точка на американската одбрана. За ова се свесни и Американците и нивните потенцијални непријатели и затоа сум оптимист дека никогаш нема да дојде до нуклеарна војна, бидејки тоа би значело и крај на животот на планетата земја!
4. Дали е на повидок почетокот на крајот на актуелната власт во Македонија!?
Таков впечаток се добива од најавата на најголемата опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ за мacовни пpoтести и блokaда на државата. Опозицијата излегува на улица! Од вторникот почнаа протести и блокади низ цела Македонија, почнувајќи со Скопје и уште 10 други градови од внатрешноста.
194760824
   Протестите ќе траат цело лето, односно – како што велат од Партијата “до конечно ослободување на Македонија од режимот на Заев“.

   Блокадите ќе бидат на три крстосници во Скопје од 15.00 до 17.00 часот а ќе траат се додека Зоран Заев не го објави документот од тајните преговори со Бугарија на увид пред Македонскиот народ со кој се прифаќаат сите барања од Декларацијата на бугарскиот парламент.

5. Се поочигледно е дека трпението на мнозинството членки на ЕУ од Бугарското насилие, уцени и блокади врз Македонија им дојде преку глава и веќе своето /не/расположение го манифестираат се почесто и се погласно. Последна остра реакција дојде од Берлин што е и најголем сојузник на Бугарија, од германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас кој се заложи за одземање на правото на вето на одредени земји-членки на Европска Унија!
   Министерот Мас е категоричен:” Повеќе не можеме да бидеме заложници на оние кои преку своето вето ја парализираат европската надворешна политика. Тој што го прави тоа, си игра со единството на Европа на краток или долг рок. Затоа отворено кажувам: ветото мора да се укине”, беше категоричен миистерот Мас!
   Ваквиот став на Хајко Мас предизвика запрепастување во званична Софија која секако би требала да извлече и некаква поука од истото!
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top