Саво Костадиновки
ПРЛИЧЕВ – ШТИТ И ШТАФЕТА
Колку колку е поголемо
растојанието до твоето време
сѐ поблиску сме до вистината
на твоите дела
кои како штит нѐ бранат
па затоа и ние ги чуваме
со рацете на нашите срца
Будно време,
кое го осветлуваат
и молњите на историјата
и ја издолжуваат сенката
на твојата слава
од која
некои си, и се плашат
штом
како низ иглени уши се провираат
за да не ја кажат вистината
Годините си минуваа
во прегатка на вековите
а твојот семожен глас
вечно се разгласува
дури и громогласно ќе грмне
доколку се повампири
нечија изопачена историја
врз биднината на Македонија
Бидејќи
таквите ѕвезди како тебе
и дење им тежат
над нечии вжештени глави
па затоа сите ние
поети и непоети
како штафета ја носиме Твојата слава
бранејќи го
нашето книжевно постоење.