На прво место

Филипче и СДС на страната на официјална Софија

Венко Филипче и раководството на СДС, заслепени од желбата повторно да дојдат на власт, а соочени со сѐ помалата поддршка кај граѓаните, решително се ставија на страната на официјална Софија.

Како да не разбираат дека токму ваквиот пристап и безрезервното прифаќање на бугарските позиции се една од главните причини за нивниот политички пад и губење на довербата кај граѓаните.

Се поставува прашањето: дали е можно некој да биде подготвен безусловно да прифаќа диктати од официјална Софија, и тоа по прашања што директно се однесуваат на македонскиот национален идентитет, историјата и државните интереси? Дали е можно некој да инсистира на исполнување на бугарските барања, иако е јасно дека тие не завршуваат само со внесувањето на Бугарите во Уставот, туку отвораат простор за нови условувања и нови притисоци?

За жал, одговорот е потврден од секојдневната политичка реалност. Наместо да ги брани македонските национални интереси, Венко Филипче сѐ почесто настапува како гласноговорник на политиките што доаѓаат од Софија. Наместо да бара гаранции за Македонија, тој поддржува решенија кои ја ставаат државата во подредена позиција.

Ваквиот однос не останува незабележан од јавноста. Граѓаните јасно препознаваат кога некој ги застапува интересите на Македонија и кога некој е подготвен да прави отстапки без јасна национална придобивка.

За разлика од таквиот пристап, ВМРО-ДПМНЕ јасно ја става Македонија на прво место. Политиките што ги спроведува се насочени кон заштита на националните интереси, економски развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните.

Македонија има потреба од европска иднина, но таа не смее да биде изградена врз откажување од сопствениот идентитет, историја и достоинство. Вистинскиот европски пат подразбира почитување на европските вредности, взаемна почит и рамноправност, а не прифаќање на уцени и еднострани барања.

Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ останува доследно на ставот дека Македонија треба да напредува кон Европската Унија со зачувани национални позиции, достоинство и јасни гаранции за македонскиот идентитет, јазик и историја.

Најново од: На прво место

Мицкоски: Лага е дека Михаилова ја преминала границата регуларно – бараме да бидат вратени и таа и татко ѝ

Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли тврдењата дека Ива Михаилова и нејзиниот адвокат заминале во Бугарија преку официјален граничен премин. Тој порача дека македонските власти бараат враќање на Михаилова и нејзиниот татко и ги критикуваше бугарското политичко раководство и македонската опозиција за нивното однесување во случајот. Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ги потврди наводите […]

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“

КУРИР интервју со Радичевски: „Една Брвеница за сите“ – со посветена работа ќе им овозможиме на младите да ја градат својата иднина дома Очекувам партнерска соработка со Владата, министерствата и другите институции, особено во областите на инфраструктурата, економскиот развој, образованието и социјалната заштита. Нашата задача ќе биде да подготвуваме квалитетни проекти, да аплицираме на достапните […]

Соопштение на претседателката на Република Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова

Денеска го примив д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ме придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска. Укажав на опасноста од историски ревизионизам, минимизирање и негирање на Холокаустот, како и од антисемитизам. Посетата на Треблинка, каде што биле убиени 7.144 македонски […]

И во Бугарија прашуваат дали пасошот е поважен од правдата

По текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, критичките реакции на дел од граѓаните во Бугарија отвораат нов агол на истиот случај: грижата за една државјанка не смее да ја потисне одговорноста пред законот. Во текстот „Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?“, „Македонска нација“ го постави суштинското прашање: дали второто државјанство треба да […]

Манасиевски: Првичниот план за лекување во Бугарија на Ива Михаилова бил на Филипче и Заев, за да му се оддолжат на Радев?

Се повеќе е евидентна тезата која веќе подолго време ја говориме во јавноста, дека Филипче и Заев се уценети од бугарските власти и Румен Радев. Директно го прашуваме Венко Филипче, дали е точна информацијата, дека токму тој во соработка со Заев, имаат ветено на блиски соработници на Румен Радев, дека се способни да изготват медицински […]

Правдата поважна ли е од бугарскиот пасош?

Двојното државјанство не е дозвола за кршење на законите. Секој што живее или престојува во Македонија одговара за своите постапки според законите што важат во државата, без оглед на тоа чиј пасош поседува. Дали некој што има бугарско или друго странско државјанство може да изврши кривично дело во Македонија, да замине во другата држава и […]

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?

Манасиевски: (ДОКУМЕНТ) Дали зад Ива Михаилова директно стојат Филипче и Заев, партнерите на Румен Радев и Бугарија?   СДС повторно одигра за Бугарија преку Филипче и Заев, повторно ја омаловажија и посрамотија Македонија. Единствени кои се среќни и кои ликуваат на бегството на Ива Михаилова во соседна Бугарија се Румен Радев, Венко Филипче и Зоран Заев. […]

Гоце почива во слободна Македонија – го чуваме ли заветот за кој го даде животот?

Пред 80 години, на 10 октомври 1946 година, посмртните останки на Гоце Делчев биле положени во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со највисоки државни и воени почести. Но дали денес, покрај неговото почивалиште, го чуваме и значењето на неговата жртва? Што чувствувале луѓето што на 10 октомври 1946 година го пречекале Гоце во […]

To top