Коментари

Сите напади врз македонското 16 крако сонце беа смислен непријателски акт врз македонското единство

11181992

Колку и да е свето македонското знаме, колку и да е посакувано, официјалното 8 кракото сонце не успеа да го обедини народот во Македонија, како што тоа го направи старото македонско знаме на кое се наоѓа ѕвездата од Кутлеш. Тоа знаме не само што ги обедини сите Македонци како дома така и од диаспората, туку беше почитувано и од останатите во земјата.

Во годината на премрежје, на 11 август 1992 година, по тешки и долготрајни усогласувања во Уставната комисија, прифаќајќи го сонцето како симбол, Собранието успеа да го усвои симболот на државата, кој прв пат ги обедини сите Македонци. На тој ден, Собранието на Република Македонија ги усвои знамето (црвена основа со шеснаесеткрако жолто сонце) и химната (“Денес над Македонија”) на Република Македонија (“Сл. весник на Р М.” бр. 50/92 од 12.08.1992 год.)

Обединувањето на Македонците од сите страни на светот под ова знаме, ги заплаши непријателите на македонската држава. Оттука нема да се погреши ако се каже дека сите напади врз македонското 16 крако сонце беа смислен непријателски акт врз македонското единство. Сите тие напади имаа единствена цел, да се искриват доказите и да предизвикаат нови расправии, делби, дестабилизација на Македонија и уништување на македонската држава.

Сепак, Македонија успеа да склучи договор со заменикот на поранешниот југословенски сојузен секретар за народна одбрана, Благое Аџиќ, за заминување на Југословенската армија од територијата на Република Македонија. Со тој договор склучен на 17 февруар се спречи војната и крвопролевањето во Македонија, а на 27 март истата година, по потпишаниот договор со генералот на поранешната Југословенска армија, Углеша Узелац, Република Македонија ја презеде контролата на целата своја територија со своја војска. Веќе на 14 април, во гарнизонот во Охрид пристигна првиот регрут на АРМ.

Претходно за првпат еден државник беше пречекан на скопскиот аеродром со македонски државни почести. На 17 март, при дочекот на претседателот на Република Словенија за првпат беше интонирана македонската државна химна “Денес над Македонија се раѓа”, прв пат беше построена почесната единица на Македонската армија со македонското државно знаме и прв пат командантот на македонската единица на македонски јазик му рапортираше на еден претседател на странска држава, кој допатува во официјална посета на Република Македонија.

По барањето на Македонија до меѓународната заедница да биде призната под уставно име врз основа на извештајот на Бадинтеровата комисија, Република Грција се спротивставува на меѓународното признавање под уставно име. Европската заедница под притисок на Грција на 27 јуни 1992 година ја носи познатат Лисабонска декларација која забранува било какви територијални претензии кон Република Грција, непријателска пропаганда и користење на терминот Македонија од страна на Република Македонија.

Но, на 3 јули 1992 година, Собранието на Република Македонија донесе Декларација со која ја отфрли Декларацијата на Европската заедница за поранешна Југославија, донесена во Лисабон на 27 јуни 1992 година, со која се оспорува независноста на Република Македонија.

На 11 август 1992 година Собранието на Република Македонија ги усвои знамето (црвена основа со шеснаесеткрако жолто сонце) и химната (“Денес над Македонија”) на Република Македонија, со што ги има сите државотворни атрибути. Жестоката дипломатска битка која ја води Првата техничка влада на Македонија со Грција, спласнува дури откако и била изгласана недоверба, а на 4 септември на нејзино чело доаѓа Бранко Црвенковски.

Во периодот од 1992 година па се до 1995 година, Македонија го употребува како симбол знамето со ѕвездата од Кутлеш. Сето тоа предизвикува масовни протести во Грција, поради наводно „ексклузивните права“ кои ги имала грчката страна.

Инаку првиот предлог за знамето било поднесено од тогашниот пратеник Тодор Петров на 6 август 1992 година.

Денес ова знаме го користат македонските здруженија и организации во Македонија, во соседните држави и странство. Иако тоа не е официјално знаме на државата тоа сепак се вее на спортските натпревари и потсеќа на времето кога сите Македонци биле обединети под едно знаме.

11181992

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top