Коментари

„ЗА МАКЕДОНЦИТЕ ГО ОСВОЈУВАМ СВЕТОТ“ КАЖАЛ АЛЕКСАНДАР III МАКЕДОНСКИ

105a

1Marija Emilija Kukubajska

Остатоци од најголемата во тогашниот свет, Александриската библиотека (делот Серапис). Основана е од Македонскиот цар Птолемеј I Сотер, 297 год. п.н.е., по идеја на Александар III Македонски, инспириран од онаа на Асирскиот цар Ашурбанипал (6 в. п.н.е.). Подлоста на Атињаните го уфрлува кај Птолемеј I, вториот Тројански коњ, наводно прогонетиот политичар Деметар од Фалерон. Деметар се нуди за советник во организирање на библиоетката. Така тој ги копира, фалсфикува и краде за елинските пирати сите достапни ракописи од другите азиски народи (од архитектура, астрономија, уметност, математика, технички науки). Библиотеката трипати е уништувана со сите знаења запишани на папирус и глинени плочки (Гилгамеш, Јудаизам, Библија, Будизам), собирани од Александар Македонски и неговиот тим од научници, а подоцна обезбедувани и по трговски и религиозни врски. Александар го основа градот 331 г. п.н.е.

9876903

Царот на Македонците, Александар Велики, војува за слава и чест на својата татковина Македонија, не за слава на елинските племиња:„Со колку големи опасности се соочувам за да победи доброто име на Македонија“, изјавува Александар Македонски, кој, откако ја победил Персија, е прогласенза „Крал на Азија, Крал на Вавилон и Крал на четирите страни на светот“. А откако го ослободил Египет од Персија,е прогласен за Фараон.

За 10 години војување во Азија и Египет, Александар III не изгубил ниту една од 70те битки. Стекнувал восхитувачка почит кај своите војници после победоносните битки кај Граник, Ис и Тир. Седум пати бил ранет поради својата несебична и првенствена грижа за македонските војници. Првиот негов доказ дека е достоен на татко му бил поразувањето на Атињаните и нивниот т.н. Свет Сојуз на Тебанците. Следниот е освојувањето на Персија, што било највисока цел и на татко му Филип. Третата е освојување апсолутна доверба кај македонските генерали и верни ветерани, по смртта на татко му. Таква доверба и лојалност никогаш не им била својствена на пиратските елини.

Таква благородност и чесност не била својствена ниту на Олимпија. Таа субверзивно го индоктринира Александар со митови – дека тој е зачнат од богот Зевс, а не од Филип. Мирта било едно од четирите имиња на четвртата жена на Филип која тој ја именувал Олимпија, по победата на неговиот коњ на Олимписките игри. По женидбата со оваа садистичка заводничката од Епир, Филип, најспособниот и најубавиот маж во таа епоха во познатиот свет, открива со сопствени очи дека жена му спие со змии, гуштери и змејолики животни, како завет во нејзините вештерски магии, во чест на нејзиниот бог Дионис. Мирта-Олимпија, била по природа пакосна, подла и психопатски љубоморна ќерка на мал епирски крал, Неоптолем.

Александар III Македонски бил насилно воспитуван од својата одмаздољубива мајка со анти-македонска пропаганда: дека треба да го следи херојството на нејзиниот далечен роднина трагичниот херој Ахил, наместо брилијантните успеси на Филип II кој покорил и обединил племиња и градови држави кои биле непрекинати непријатели на Македонскиот народ – мал, но божествено великодушен народ.     

Олимпија имала спротивен карактер од оној во македонскиот ген на Филип и на Александар. Синот Александар, се развивал под македонско влијание на татко му – да биде храбар, одлучен, издржлив, благороден и правичен, никогаш завидлив, секогаш восхитен од величините во духовниот и материјалниот свет на своите древни Македонци и на туѓите култури и народи кои ги ослободувал од ропства, постојано покажувајќи почит и пријателство кон нивните разлики.  

Откако Филип лично се уверил дека Олимпија има интимни односи со животни, ја отфрлил од бракот и продолжил уште попосветено да го упатува синот Александар III во своето беспрекорно македонско лидерство. Александар ги води војските од напред, не од позади формациите, е изграден од татко му со дисциплинирана борбена етика, стратегија и тактика во науките и уметностите на војувањето. Таткото Филип II бил врвното формативно, позитивно влијание од кое се воздигнува синот Александар, а не гневниот бог Завс. Деструктивната Олимпија не го воспитува Александар во конструктивен победник над сите победници во историјата. А филозофот од македонскиот град Стагира, Аристотел, додека 3 години му бил учител на Александар, само го систематизирал тоа што веќе Александар го познавал преку мудроста на старите македонски и светски кралства и благородништва, вклучувајќи ги и персиските и римските знаења.

Тоа влијание Александар го сумира во мислата: „Без знаење – вештината не може да се фокусира, без вештина – силата не може да се контролира, а без сила – знаењето не може да се применува.“

Македонскиот народ и генералите на Филип не биле ксенофобични како хеленските племиња и Епирците, но генералите сепак му предложиле на Филип да се разведе од магесничката Олимпија од три главни причини: дека не му е верна на Филип, дека (лажно) тврдела како Александар не е македонски син туку дека негов татко бил маѓесното животинско божество кое делувало преку Зевс, и дека таа врши анти-македонска пропаганда воспитувајки го Александар во анти-македонски дух.

98769034

Македонскиот град Охрид, со старо македонското име Лихнидос, Град на светлината, се среќава во записи на Македонските династии од 353 година п.н.е., но чува докази за својата старост поголема од 5.000 години. Овој европски Ерусалим и центар на Византиската писменост и Христијанството, ќе биде наречен Охрид од Македонскиот Римјанин, Кралот Јустинијан: „Ох, рид“, извикал кога од ридот се восхитил на возвишената глетка на езерото и градот.  

Олимпија анти-македонката, била смртен непријател на секој што и’ стоел на патот на нејзината патолошка омраза кон Македонците и одмаздата кон Филип. Спрема историчарот Плиниј, Дионисиската магесничка, Олимпија, го испланирала убиството и на Филип II. Пред тоа, таа го наговорила својот епирски брат да му објави војна на македонскиот крал Филип, веќе нејзин поранешен сопруг. Подоцна, ги убива двете бебиња на последната, седма жена на Филип, македонката Евридика: Каран и Еврoпа, а Евридика ја присилува на самоубиство. Го убива и вујкото на Евридика, Атал. Олимпија го убива и синот на Филип II, кралот Филип III Аридеј, заедно со жена му Филина од Лариса. Го убива и братот на Касандер (синови на македонскиот регент Антипатер), додека Александар војувал во Азија, убива и сто негови истомисленици. Со своето монструозно влијание над луѓето, Олимпија го има убедено Касандер да го убие и идниот Македонски крал, 14 годишниот син на Александар III Велики Македонски – Александар IV, и неговата мајка Роксана, ќерка на благородник од Бактриа/Согдиа (денешен Авганистан, Узбекистан, Таџикистан).

Некои историчари претпоставуваат дека Олимпија го отрула и сопствениот син Александар Македонски, откако Александар и’ се спротивставил за регентството на Антипатер. Искористила елински платеници да го убедат синот на Антипатер, Касандер, дека Александар треба да биде убиен. Крајот на Олимпија е најсоодветен: 316та година е каменувана до смрт, и оставена да се распаѓа, без погреб.

Наспроти омразата на Олимпија од Епир, Александар од Македонија останува да верува дека: „Се’ што сме стекнале со сабја, не може со сигурност да се зачува, но љубовта што сме ја стекнале со љубезност и одмереност е сигурна и трајна.“

Александар останува да е најсакан владетел на сите времиња и од сите народи, дури иронично и од своите најголеми непријатели, подоцна наречени Грци. Но, нивната „љубов“ не е од искрени причини, туку од хегемонистички и фалсификувани китења со туѓа, Македонска, Александрова слава. Тое се грците кои и античкиот Македонски период, што го вовел Филип, со Александар Македонски во Западна Азија, Африка и над елински племиња и градови, ќе го преименуваат подоцна како Хеленистички период. Римската република ја распарчува Македонската монархија во Третата Македонска Војна (171-168 п.н.е.) и воспоставува Римска провинција Македонија по Четвртата Македонска Војна (150-148 п.н.е). Историјата сепак знае, тоа е Македонска монархија и Македонска војна со Рим, не Елинска/Грчка монархија и војна. И не Тракијска, Илирска/Епирска монархија и војна. Останува историската обврска на истражувачите од Македонија и демократскиот свет, да ги откриваат и репризираат во светската наука и култура, испревртените а универзални вистини за Македонија; да ги исправат на нозе, наместо насилието на глава.  

98769035

Хераклеја Линкестис, на периферијата на Битола, е град основан од таткото на Александар Македонски, крал Филип II

и подоцна доградуван од Филип V. Хераклеја во Римскиот период, преку Via Ignatia ги поврзувала Драч, Босфор, Стоби и Сердика (Софија). Во Vти век е разурната од Готите од Европа, а во 7 век уништена од Аварите и Булгарите од Азија.

Инспирации на поетот Марија Емилија Кукубајска

од старото македонското писмо и јазик на Каменот од Розета

147.ееЅ … Сончева пладневна горештина. Клеопатра ќе е, прорекуваат, последната Македонска Царица.

148. А(аврП)ееЅ … Светлина прва. Но, иде вештерска ера, ќе ви свети лажна зора, грозна мора. Изневера.  

149. АееЅаН … На сончева светлина прва, на јасна Зора верувајте. Ум чувајте од секакви Изиди, Исиси…

150. еЗАееЅ аН … На прва сончева светлина, на душевно сонце верувајте му, до воскрес. Не на холограми.

151. И(врП)ееЅ … Сончева светлина, Тој. Прв и краен Велик под небото. Ќе го крадат, ќе го јадат лажните. 

152. И(врП)ееЅ аН … На сончева светлина прв: Александар. Но, подземна, подводна, подла светлина ќе вее.

153. И(врП)ееЅ аН ьЈаН … Најпрв на сончева светлина. Најсветол. А темна судбина негова ќе е Македонија.

154. ьЈаН аЦНеМИ(врП)ееЅ аН … Најсветло име. Цар вечен, Тој. Но злите ќе му гушат, сушат народ негов.   

155. ьЈаН оМЊеМИ(врП)ееЅаН … Најсветла именувана. Царица. И таа преименувана најштетно, бездетно…

156. ьЈаН еВИЊеМИ(врП)ееЅаН … Најсветли именувани. Свети Водачи – Сепак ќе ве бранат од тајното зло.

157. ьЈаН оМЊеМИ(врП)ееЅаН … На Најсветло именувана мајка, Царица, верувајте и’: „Победата е во вас“.

158. оТИееЅ аН … На сончевата светлина, Највидниот – ве чува од зол раскол, и од јалова правда без мир…

159. оМИ ееЅ аН … На сончева светлина име. Лихнидос Македонски. И Мемфис. Не марсовски демонијади.

Марија Емилија Кукубајска

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top