Коментари

ЃОРЃИ ИЛИЕВСКИ : КРАТКА ЗАГРИЖУВАЧКА АНАЛИЗА НА ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ

1g121

1Djordji Ilievski

ЃОРЃИ ИЛИЕВСКИ

Пред извесен период вo македонскиот парламент се донесе закон со кој граѓаните на Република Македонија се сегрегирани, според тоа дали се припадници на таканаречените дефицитарни струки или се универзитетски наставници од една страна, а од друга страна се ставени сите други граѓани. Немам намера да  навлегувам во мотивите за донесување на овој закон, особено на тоа како во држава во која секој завршен средношколец студира може да има дефицитарни струки, но делимично ќе се осврнам на некои показатели за високото образование. Имено, во академската 2019/20 година во нашата држава функционираа повеќе од 137 факултети и високи школи.  Ако се земе во предвид дека во Македонија  има најмногу 1500000 жители, се констатира дека приближно на секои 11000 жители во државата има по еден факултет. Колку состојбите се алармантни, доволно говори податокот дека  во нашата држава има вкупно 134 редовни и специјални средни училишта, број кој енормно е зголемен од учебната 2016/17 година и тоа за неверојатни 10 училишта, иако бројот на учениците во истиот период се намалил за повеќе од 9000 ученици. Но, за состојбите во средно и основното образование во некоја друга прилика. Како што истакнав, со новите законски решенија според струката и работното место имаме класична сегрегација на граѓаните на Македонија и тоа се оправдува со таканаречената дефицитарност на определени кадри и скриената потреба на власта некои уиверзитетски наставници да се активни чинители на системот безмалку доживотно. Секако, во една кратка анализа  не е можно да се анализира целиот систем на високо образование, но разгледувајќи ги податоците посебно внимание ми привлекоја медицинските, правните и економските факултети. Но, да одиме по ред.

Медициски факултети и ВМШ

Наставници

Асистенти

Вкупно

Медицински факултет – Скопје

328

263

591

Медицински факултет – Тетово

58

153

211

Медицински факултет – Штип

108

119

227

Битола ВМШ

33

30

63

Се

527

565

1092

Вкупно сите факултети на ниво на држава

3162

1275

4437

Во академската 2019/2020 година од вкупниот број 4437 наставници и асистенти во високото образование на трите медицински факултет се ангажирани 1092 наставници и асистенти или 24,61%, што укажува на сериозен дисбаланс во дистрибуцијата на кадарот во високото образование. Не сум стручњак за медицински науки, но се обидов да направам компарација на бројот на вработените на медицински факултети во соседните држави и увидов дека таму бројот на вработените е далеку помал, а со оглед на состојбите во здравството не сум сигурен дека во нашиот случај квантитетот дава квалитет.

Правни и политички науки  

Наставници

Асистенти

Вкупно

Скопје

76

1

77

Кичево

21

8

29

Кочани

16

2

18

Тетово

40

16

56

Европски

5

2

7

Штулов – Тетово

20

6

26

ФОН Скопје

21

4

25

Американ колеџ – Скопје

17

10

27

ВИЗИОН -Гостивар

8

5

13

Славјански универзитет – Свети Николе

10

4

14

МИТ-Приватен -Скопје

14

6

20

Меѓународен балкански универзитет

10

5

15

Се

258

69

327

Вкупно сите факултети на ниво на држава

3162

1275

4437

Во академската 2019/2020 година од вкупниот број 4437 наставници и асистенти во високото образование на факултетите за правни и политички науки се ангажирани 312 наставници и асистенти или 7,37%. Притоа бројот на асистентите е несразмерно помал од наставниците, па така ов вкупно 3162 наставници во високото образование на овие факултети се ангажирани 258 наставници или 8,16%. Ова посебно се однесува на Правниот факултет во Скопје, каде има само еден асистент, што значи дека професорите држат вежби. Замислете колку богата држава сме, па за да олигархијата биде комотна и се дозволува да држи вежби. Понатаму, не сум стручњак за право, но интересно е дека, на пример, покрај Граѓанско право има предмет и Граѓанско право – применета програма, нешто што на Техничките, Природно – математичките, Технолошките, Медицинските, Економските и другите факултети едноставно се третира како вежби на соодветниот предмет.

Интересно е што на овие факултети, особено на државните има насоки за кои со години нема скоро никаков интерес, но државата упорно за нив распишува конкурси и ги финансира. Но, зошто е тоа така. Се чини дека затоа што повеќето вработени на овие факултети примарно се занимаваат со политика и пишување колумни и закони, а потоа со образование и наука, од што како резултат е тоа што истите не се препознатливи на светските научни мрежи како researchgate.net или на најлибералниот научен пребарувач cholar.google.com, на кој со незначителни исклучоци овие луѓе воопшто ги нема или се крајно незабележително.

Оттука е нејасно зошто со новите законски решенија се дозволува уставна привилегираност на вработените во Правните факултети, кои иако во минатото биле сериозно привилегирани многу малку сработиле како на научно, така и на образовно поле.

На крајот, од освртот на факултетите за правни науки, некој сериозно треба на јавноста да и даде образложение, како тоа во Македонија која реално има помалку од 1500000 присутни граѓани во државата некој акредитирал 12 факултети за Правни науки, или еден факултет на помалку од 140000 жители, што во најмала рака е несериозно. Исто така, МОН треба да објасни зошто работат факултети со помалку од 10 професори.

Економија и менаџмент

Наставници

Асистенти

Вкупно

Скопје

47

3

50

Прилеп

38

1

39

Туризам – Охрид

35

0

35

Економски – Штип

18

0

18

Туризам и бизнис логистика

18

3

21

Тетово – економски

32

18

50

Тетово – факултет за бизнис администрација

6

14

20

БАС

29

12

39

Европски

9

5

14

Штулов – Тетово

26

2

28

ФОН Скопје

10

2

12

Американ колеџ – Скопје

20

24

44

ВИЗИОН

4

5

9

Универ. за туризам и менаџмент – 5 факултети

24

5

29

Славјански универзитет

11

1

12

Факултет за бизнис економија

11

0

11

Евро Колеџ

15

1

16

МИТ

14

6

20

Меѓународен балкански универзитет

10

5

15

Се

377

107

482

Вкупно сите факултети на ниво на држава

3162

1275

4437

Во академската 2019/2020 година од вкупниот број 4437 наставници и асистенти во високото образование на факултетите за Правни и Политички науки се ангажирани 482 наставници и асистенти или 10,86%. Притоа бројот на асистентите е несразмерно помал од наставниците, па така ов вкупно 3162 професори во високото образование на овие факултети се ангажирани 377 наставници или 11,92%. Како и во случајот со факултетите за правни науки и овде наставниците држат и вежби, а тоа посебно се однесува на држаните факултети во Скопје, Прилеп, Охрид и Штип, каде според податоците на Државниот завод за статистика има само 4 асистенти.

Подетално нема да се осврнувам на состојбите како во случајот со факултетите за правни науки, но само ќе забележам дека во државата има 23 факултет од областа на економските науки, туризмот и менаџментот, што значи еден факултет на само 65217 граѓани кои живеат во нашата држава.

На крајот од оваа кратка анализа, да забележам дека во трите разгледувани групи факултети од вкупно 4437 наставници и асистенти се вработени 1831 лица или 42,84%, а бројот на наставниците е 1162 од 3162 или 36,75%. Што ова значи за состојбите во високото образование?! Не  треба посебно да се говори. Но повеќе од сигурно е дека во случајов имаме сериозна привилегирана положба по повеќе основи, што сигурно не е заради неопходноста од продолжување на работниот век на кадрите од областа на правните и економските науки, туку тоа е пред сè заради нивното присуство во највисоките ешалони на власта. Така, изминатите 37 години, со мали исклучоци, дури и министрите за образование биле правници. За ова  не треба посебно да се говори, но само да забележам дека на Правниот факултет студентите не се образуваат за наставници, а ниту проучуваат образовни системи и споредбено образование, па оттука жалосно е некој и да помисли дека тие може компетентно да го раководат образовниот систем. Постојат и многу други причини за лошите состојби во македонското образование, но моето долгогодишно присуство во истото, како и претходно кажаното укажува дека главна причина е некомпентентноста на првите луѓе во МОН, кои никако не можат да сватат дека образованието не е право, социјална работа и слично, а посебно дека образовните институции не се невладини организации во кои многу од наставниците на Правните факултети поминуваат доста време во нивната таканаречена борба за човекови права и слободи, потоа за транспарентност и што уште не.

ЃОРЃИ ИЛИЕВСКИ ВИШ ПРОСВЕТЕН ИНСПЕКТОР

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top