Коментари

ЗА ПОЛИТИКАТА И СУДСТВОТО ОДНОСНО ПОЛИТИЗАЦИЈА НА СУДСТВОТО И СУДСТВИЗАЦИЈА НА ПОЛИТИКАТА ВО МАКЕДОНИЈА

1g121

1Djordji Ilievski

Ѓорѓи Илиевски Виш просветен инспектор

Изминатите години од авторитарното владеење на СДСМ беше обележано и со силна партизација на судско-обвинителскиот систем и тоа по неколку основи: партизација на кадрите кои се примаат во Академијата за судии и обвинители со целосна инволвираност на директорката на Академијата – проф. д-р Наташа Габер Дамјановска. Да! Оваа личност која многу милува да дочекува странски делегации и да ги угостува во еден ресторант во општина Аеродром, еден ден треба да биде под целосна ревизија и посебно да одговара пред судовите за скандалозните списоци за кандидати за судии и обвинители, а во кои списоци посебно има партиско влијание и непотизам (деца на судии и обвинители, роднини, пријатели на партиската врхушка итн….). Нашиот народ вели: рибата смрди од главата. Преку строго контролирани избори за слушатели на обуката во Академијата се создава основа понатаму партиските и непотистички кадри да пресудуваат и обвинуваат на сосема сомнителен начин, од устата на нарачетелите како знак на благодарност за тоа што ја облекле обвинителската или судската облека. Ова е првото срамно ниво со кое се поткопуваат темелите на едно посакувано, чесно и честито судство и обвинителство. Многу често се прави забуна и сите напади се насочуваат кон судството, а се заборава на обвинителството кое доколку работи професионално нема да доведува до тоа во судската практика да се провлекуваат случаи кои се надвор од здравата логика! Но, Наташа Габер Дамјановска не е сама. Тука се и некои ликови кои успеваат во сите власти да се протежираат и да ги цицаат институциите, како на пример:

1. Лазар Нанев, претседател на управен одбор на Академијата, кој истовремено е и Претседател на Основниот суд во Кавадарци, а е познат и по тоа што е љубител да членува во комисии, како онаа со која се испитуваше функционирањето на АКМИС системот во судството. Но, неговите апетите не запираат тука. Во слободно време е и професор на Правниот факултет во Штип, а во едно друго време добро се позиционираше и во Фудбалската федерација на Македонија, за што потребно е да се истражи дали му се исплаќани средства од Федерацијата и по кој основ!!! Сето ова барам да се провери заради доследно почитување на презумпцијата на невиност, бидејќи не би сакал некому да нанесам ниту една дамка во богатата кариера.

2.Сашо Рајчев, кој не му било доволно што бил шеф на скопското обвинителство, туку станал член и на овој управен одбор. Но, овој обвинител не се задоволил со тоа, така што заради заслуги е унапреден и во Виш обвинител во Скопје. Па, се поставува прашањето дали треба и понатаму да биде член на управен одбор на Академијата тоа од проста причина што повеќе не раководи со скопското обвинителство, туку е во Вишото јавно обвинителство??? Дали менаџментот на Академијата, свесно или несвесно, не ги ажурира податоците во веб сајтот на Академијата е друго прашање, кое само ја покажува нивната совесност, професионалност и одговорност!

3.Миле Петков, кој раководи со јавното обвинителство во Струмица исто така е член на Управен одбор на Академијата. Сосема нормално! Струмица сега е извор на кадри способни за се, луѓе за се! Но, Миле Петков како проверен обвинител на власта не изостанува да биде и член на комисии за отстрел на негови колеги. Времето ќе биде најдобар сведок за секое однесување, бидејќи ништо не се заборава и како што покажува историјата се тече се се менува.

Има уште многу, но редно беше најбитните посебно да ги испочитувам. Секако, дека, не треба да се заборави ниту Програмскиот совет на Академијата, на чело со кого ако не со проф. д-р Гордана Лажетиќ од Правниот факултет во Скопје.

Следно ниво, кое има најголема вина за политизација на судството е Судскиот совет со кој раководи Павлина Црвенковска, која е позната по тоа што нема пресудено ниту еден случај во својата кариера, затоа што врв во нејзината кариера е нејзината позиција судски советник во Апелациониот суд во Скопје. Од поинтересните членови на Судскиот совет би ги навел:

1.Киро Здравев, чие што работење во Врховниот суд еден ден потребно е посебно да се истражи во контекст со судбината на негови колеги врховни судии кои заради членство во одредени совети експресно беа разрешени????

2.Лорета Горгиева, која доаѓа од судот во Струмица за да му помогне на премиерот во конечното средување на судството. Да, таа во судството ќе помага, а нејзиниот сопруг е долгогодишен директор на комуналното претпријатие во Струмица и кандидат за градоначалник во Струмица, кој според мислењето на струмичани од кандидат не отишол подалеку. Работењето на Лорета од аспект на транспарентното работење посебно привлекува внимание кај мене како граѓанин кој долго време пишува за партизацијата на судството.

Следно ниво е Советот на јавни обвинители и бројните афери кои се поврзуваат со ова тело. А таму каде има афери нема професионалност и отчетно работење.

Не сакам да помислите дека, оваа моја колумна ќе ја заобиколи најавената оставка на судијата Туфекџиќ. Да, овој судија обвини за политичко влијание! Но, не објасни дали тоа влијание било присутно и во неговото работење, во пресудувањето за случаите на висока корупција во кои беше вклучен и кога при изрекувањето на пресудите се случи да му затајат гласните жици и со тешкотија ги читаше деловите од пресудите.

Судството и обвинителство со овие личности не може да има интегритет и не може да опстои како професионално и со интегритет. Итно е потребно генерален реизбор на судиите и обвинителите со вклучување на експерти од меѓународната заедница и преку прочистување да се овозможи владеење на правото. Доколку не се направат радикални реформи се соочуваме со опасноста овие партизирани институции да ги поткопаат темелите на демократијата. Човековите слободи и права се обична фраза, институците на судството и обвинителство се карикатури какви што не се среќаваат ниту во најмодерните стрипови.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top