Коментари

Изминаа четири години од мандатот на скопскиот градоначалник Шилегов

1svekrva copy copy copy copy

1ab Свекрва

Изминаа четири години од мандатот на скопскиот градоначалник Шилегов

Пред локалните избори градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, кој ќе се трка за нов мандат, во стилот на СДС, започна интензивна градежна кампања.

Четири години мируваше за да на крајот на мандатот најави офанзива од градби на мостови и реконструкција на улици.

Покрај мостот кој веќе се гради во Аеродром, кај хотел Русија, кој ќе ја спојува населбата со Керамидница, со медумска помпа започна изградба на нов мост помеѓу Карпош 4 и Злокуќани и Бардовци. Покрај овој мост, Шилегов во август најави реконструкцио на 20 улици

Изминаа четири години релативен мир од мандатот на скопскиот градоначалник Шилегов.

Неколку месеци пред кандидатирата за нов мандат, Шилегов ги размрда градските служби и започна  со изградба и реконструкција на градските собраќајници. Тој мисли дека оваа шминка ќе му помогне да го освои мандат за уште четири години „пензионерски сон“ во градската фотеља.

Со доаѓањето на пролетта градот ги најави своите активности. Уште во мај беше најавено дека наредниот месец градот ќе започне со проширување и пробивање на ул. Васко Карангелески, во населба Аеродром, кај воениот базен. Со проектот е предвидено улицата од салата „Јане Сандански“ да продолжува до Трета македонска бригада“, покрај воениот базен каде треба да се пробие. На оваа траса, покрај базенот има само еден објектет кој треба да се острани. 

Но, наместо во јуни, градежните работи наводно започнаа кон крајот на јули. На 27 јули медиумите ја пренесуваат прес конференцијата на Шилегов во која вели: „Градот Скопје денеска во општина Аеродром започнува со изградба и пробивање на реконструкција во делот каде што е изведена. Станува збор за потегот што е крајно неопходен  за жителите на овој дел на општина Аеродром имајќи во предвид дека во минатото интензивно се градеше на делот на воените бараки и кај касарната Гоце Делчев, а граѓаните коишто живеат овде ја немаат потребната комуникација“.

Додека Шилегов ја држеше прес конференцијата позади имаше камион, багер и работници. Но набргу машините и работниците исчезнаа и до ден денешен нив ги нема на локацијата каде започнаа со работите. Набргу потоа Шилегов во август најави реконструкцио на 20 ули. Дали овие машини се шетаат од улица до улица, за градоначалникот да ја промовира својата градежна офанзива и грижа за градот? Некој треба да даде отчет! Исто така некој треба да објасни дали се планира да се продолжи со пробивањето на улицата или тоа беше само маркетоншки трик на Шилегов во стилот на СДС!?

Имаку познато е дека СДС уште во 1993 година вети дека ќе ја изгради пругата за Бугарија. Потоа ветија дека ќе изградат пат за Битола преку Бабуна. Се сликаа пред избори, глумеа дека градат, нешто изградија, но никогаш ништо не завршија. Дури неможат ни да го завршат патот за Охрид, кој го започна претходната власт на ВМРО ДПМНЕ.

Иако има време да се заврши она што е започнато, по се изгледа дека пробивањето на улицата покрај базенот во Аеродром ќе заврши наславно, како што завршува се што започнал СДС.

Затоа на овие локани избори народот треба да внимава на кого му дава мандат. Скопје заслужва градски татко кој цело време ќе се грижи за градот во кој живее речиси една третина од населението на земјата. Кандидатот на СДС не ги исполни очекувањата и сега е време наместо татко да избереме мајка на градот која ќе се грижи многу повеќе за сите свои сограѓани.

Поради тоа ВМРО ДПМНЕ и ја даде довербата на Данела Арсовска која ја смета за компететна да ја извршува оваа улога. Лидерот на партијата Проф. Др. Христијан Мицковски ќе нагласи дека таа е личност со импозантна биографија зад себе, со докажани и признаени успеси во стопанството, жена која го предводи Сојузот на стопански комори на Македонија.

903123

Фотографија на канал 5 – 27.07.2021 г.

9031234

Фотографија снимена на ден 29.08.2021  г.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top