Коментари

ИМЕТО НА НАЈГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ ЦАР БИЛО „АЛЕКСАНДАР“, А НЕ „АЛЕКСАНДРОС“ КАКО ШТО ТВРДАТ ГРЦИТЕ!

Donski111

1Donski Александар ДОНСКИ

СПОРЕД ВАВИЛОНСКИ НАТПИС ОД 4 ВЕК ПРЕД ХРИСТА ИМЕТО НА НАЈГОЛЕМИОТ МАКЕДОНСКИ ЦАР БИЛО „АЛЕКСАНДАР“, А НЕ „АЛЕКСАНДРОС“ КАКО ШТО ТВРДАТ ГРЦИТЕ!

(ПРВ ДЕЛ)

            Денешната грчка историографија и пропаганда насекаде тврди дека името на најпознатиот македонски цар не било „Александар“, туку „Александрос“. Како потврда за ова тие ги нудат текстовите од античките (главно хеленски) автори, кои во своите дела ова име го запишале како „Александрос“. Поради тоа грчките историчари и пропагандисти ги обвинуваат како „фалсификатори“ сите оние кои тврдат поинаку, а ова посебно се однесува на денешните македонски историчари. Воедно тие тврдат и дека формата на ова име „Александар“ се појавила многу подоцна како форма на (според нив) „вистинското име Александрос“.

            Но, ова воопшто не е точно, а за да ги побиеме аргументирано ваквите ставови, ќе укажеме на неколку факти:

            1.Античките хеленски автори во најголем број случаи (ако не и секаде) во своите дела ги фалсификувале личните имиња на припадниците на сите  странски (нехеленски) народи и притоа вештачки им го додавале хеленскте суфикси „с“ или „ос“ на крајот од имињата. Ова тие го правеле дури и на странските топоними кои исто така во своите дела вештачки ги хеленизирале со суфиксите „с“ и „ос“, иако во оригиналните називи овие топонимни немале такви суфикси. Како еден од бројните докази за ова ќе го спомнеме Херодот. Пишувајќи за географијата на земјата на Ски­тите, тој го дава оригиналното скитско име на една нивна река, а воедно ја дава и неговата хеленска транскрипција. Херодот пишува:

            “Оваа река Скитите ја викаат Пората, а Грците ПиретуС”. (Потен­цирањето на буквата “с”, секаде во текстот е моја, з. м. Сите овде наведени податоци од Херодот се превземени од неговата “Историја” во превод на англиски од Џорџ Ровлинсон).

            Ист е случајот и личните имиња на припадници на странски нехеленски народи. Ќе ја спомнеме сопругата на Александар Велики Македонски. Кај хеленскиот историчар Диодор Сицилијанецот нејзиното име е заведено како Ста­тира (Дио­дор,книга 17), а во некои хеленски дела истото ова име е заведено како СтатираС. Аријан, пак, го спомнува и нејзиното вистинско персиско име кое гласело Барсина, со напомена дека (цитат): “Барсина обично ја нарекувале Статира” (Аријан, цит. дело, стр. 186).

            Уште подрастичен пример за ова имаме кај името на египетскиот фараон Кхуфу. Името на овој фараон кај Херодот е запишано како КеопС и по ова име тој до денес останал познат во целиот свет, иако сигурно дека тој, кога би имал прилика своевремено да го слушне името КеопС, воопшто не би го ни разбрал истото, а камоли да помисли дека тоа би можело да биде неговото име. Во светски познатата ЦД енциклопедија Encarta, во поднасловот за Кеопс читаме:

            “Кхуфу, на грчки Кеопс, египетски фараон (околу 2638 – 2613 пред Христа)”.

            Исто било и со името на египетскиот фараон Псамтик. И нему хеленските автори му го промениле (хеленизирале) името. Во истата енциклопедија Encarta (наслов: Псамтик Први) пишува:

            “Псамтик Први, на грчки, ПсаметихоС, крал на Египет (владеел 664-610 пред Христа)”.

            Сепак најголеми јазични претумбации Херодот направил кога египет­скиот фараон Снефру (таткото на Кхуфу) го прекрстил во РампсинитуС (!?), а истата судбина ја доживеал и синот на Кхуфу, кој се викал  Реџедеф, а Херо­дот го запишал како МикеринуС (секако со обавезниот хеленски суфикс “с”).

            Хеленскиот антички историчар Аријан средноазиската река Аму-Дарја ја именува како ОксуС, а за Сир-Дарја дава дури две сосема различни имиња: ЏаксартеС и ТанаиС (!?). Исто е и со реката Ченаб, која за Аријан се викала АкесинеС. Понатаму реката Пир-Сар кај него е запишана како АорноС, реката Џелум како ХидаспеС. Реката Рави е запишана како ХидраотеС, а реката Беас како ХифасиС.

            Во Лексиконот “Суда” античките хеленски автори го смениле и името на реката Драва, која овде е запишана како ДраоС (“Суда”, делта 1501).

            Кај повеќе хеленски автори феникискиот град, познат кај нас под името Тир, е запишан како ТироС, иако неговото оригинално име, т.е. името што го употребувал народот што живеел во него, отприлика гласело Ѕор.

            Има уште многу вакви примери. За ваквата пракса се свесни сите сериозни проучувачи на античкиот период. Така, на пример, францускиот историчар Ламартин во своето дело “Vie d’Alexanderle Grand” (Париз, 1859, стр. 54), во врска со ова ќе запише:

            “Грците ги искривоколчувале дури и имињата на владетелите и војско­водците со кои војувале. Тие на се давале хеленски изглед, дури и во Индија и Персија...”

            Уште подециден во посочувањето на оваа вистина е познатиот српски историчар Ж. Петковиќ. Во своето дело: “Македонија старога века”, на стр. 1, читаме:

            “Старите грчки историчари, кои најмногу служат како извор за исто­ријата на Македонија, имале обичај да ги менуваат географските нази­ви и личните имиња на другите народи и да ги дотеруваат според грчкиот начин на изговарање, па затоа денес е тешко да се најдат вис­тин­ските називи на тие преиначени топо­ними и имиња”. (цит. според Христо Андоновски).

            Во продолжение ќе наведеме уште повеќе примери на антички хеленски автори кои вештачки ги хеленизирале личните имиња на припадниците на сите странски народи со кои доаѓале во допир.

            Така, на пример, речиси сите персиски лични имиња што ги сретнавме во делата од античките хеленски автори, завршуваат со вештачки додадениот хеленски суфикс “с”, т.е. исто како и тогашните хеленски имиња (иако за Персијанците се знае дека не биле никакви Хелени и немале ништо заедничко со нив). Ќе наведеме подолг список од вакви вештачки хеленизирани персиски лични имиња, преземени од делата на Херодот, Аријан, Диодор Сицилијанецот и други автори. Овие имиња се: АбулеутеС, АрсамеС, АрситеС, АзанеС, АриомардуС, Арти­фуС, Ати­биеС, АртакаеС, АнтиксиС, АнтибелуС, Аземи­лкуС, АместриС, АнисуС, АртохмеС, АхаменуС, АтизеС, АртаиктеС, АртеуС, Арти­неС, АријандеС, АрхаемнеС, АрмамитраС, Аспа­тинеС, АрбазуС, АморгеС, Ари­ар­мнеС, АртабануС, АртаиктеС, АвтофрадатеС, АријабигнеС, АризуС, Авста­неС, АрбупалеС, АбулитеС, АртаксеркеС, Атро­патеС, Арио­барзанеС, АртониС, АстеС, АвтобареС,  Арти­болеС, БагуС, БагодараС, БагистанеС, БарксаеС, БесуС, БубакеС, БубареС, БарзентеС, ГергиС, ГоргуС, ГобријаС, ДамастимуС, ДариуС, ДаурисеС, ДрипетиС, ДатамеС, ДотуС, ЗопируС, ИнтафернеС, ИтаматреС, КамбисеС, КандалуС, Ката­неС, КируС, КсеркеС, КерасмиС, КерсиС, КлеофиС, КиберникуС, МазеуС, МаксамеС, МегадостеС, МавакеС, МедатеС, МирсуС, Митро­бу­занеС, МитробеуС, МитробатеС, МитринеС, МаусолуС, МаситеС, Маса­геС, МегабизиС, МардонтеС, МегасидруС, МитраустеС, НабарнеС, НифатеС, Оксат­реС, ОрксинеС, ОксиартеС, ОксодатеС, ОкондобатеС, ОронтеС, ОтанеС, ОмареС, ОебареС, ОаризуС, ОчуС, ОронтобатеС, ПатизејтиС, ПрексаспеС, ПармуС, ПатирамфеС, ПиксодаруС, ПетинеС, ПигреС, ПаристаС, ПроексеС, РосакеС, Реомит­реС, СабакеС, СисамнеС, СисинеС, СисимакеС, СисинеС, СисингамбриС, СикаС, СелдомуС, Спитро­батеС, Спит­­рида­теС,СиромитреС, СатибарзанеС, СтатираС, Смер­диС, СинесиС, ТасијакеС, ТомагораС, ТитеуС, ТеспеС, Тири­датеС, ТабалуС, ТимнеС, ТимонакС, ТимондаС, Тритан­техмеС, Тигра­неС, Тетра­мнестуС, ФарнакеС, ФрасаостреС, Фрадас­менеС, ФерендатеС, ФарнабазуС, Фрата­фернеС, Хиста­спеС, ХидриеуС, ХистанеС, ХистиеуС, ХидарнеС, Хегис­и­стратуС, ХостаспеС, ЧоренеС  и други.

            Истата судбина ги снашла и топонимите, кои вле­гувале во склопот на персиската држава и кои, исто така, останале до наше­во време хеленизи­ра­ни со завршетокот “с” (чиј подолг список можете да го сретнете во книгата „Јазикот на античките Македонци“ од Александар Донски).

            Но, не е ваков случајот само со персиските имиња и називи. Оваа судби­на ги снашла и останатите народи. Така, на пример, од страна на Диодор Сицилијанецот, името на кралицата на Ама­зонките е запишано како ТхалестриС, а името на еден Египјанин како ДанауС.

            Херодот, пак, ги спомнува египетските владетели: ПсаметикуС, МоериС, СесостриС, Рампси­ни­туС, КеопС, МикеринуС, АмасиС и АприС, како и ќерката на АприС, по име  НитетиС. Овде се и имињата на уште неколку  Египјани, спомнати кај Херодот и Аријан, кои гласат: АмиртеиС, ПаусириС, ДолоаспиС, ПетисиС и други. И египетските градови кај Херодот останале запишани со завршетокот “с” (МемфиС, СаиС, ТебеС, ОасиС, Керка­соруС, ХелиполиС, КанобуС и други), а таков е случајот и со езерото МоериС (кај Аријан: МареотиС, з.м.) и со островот ПросопитиС.

            Дури и името на единствената арапска река што ја спомнува Херодот го запишал како КоруС, а името на еден арабиски град кај Аријан е запишано како Херо­полиС. Имињата на единст­вените Либијци што ги спомнува Херодот се запишани како ИнаруС и ТанураС. Либис­киот ‘рт, пак, Херодот го запишал како СолеиС, а една либиска река е како КинипС.

            И фригиските лични имиња во спомнативе хеленски извори останеле запишани со вештачки додадениот хеленски суфикс “с”: Адрас­туС, ГордиуС, МидаС, ПелопС и сл., а името на етиопскиот крал останало запишано како СабакуС.

            Името на асирската принцеза останало запишано како НитокриС, а името на нејзиниот син како Лаби­нетуС. Асирскиот крал што го изградил градот Анхиа­улуС, останал запишан како СарданапалуС, а тој бил син на АнакиндараксеС.

            И кај скитските имиња што ги запишал Херодот е истата приказна. Тој прво потенцира дека Скитите биле засебен народ, при што вели (цитат): “Скитите… се најмладиот од сите народи.” Притоа тој спомнува и дека тие си имале засебен јазик, при што наведува неколку нивни зборови, заедно со хеленскиот превод. Сепак и личните имиња на поединци од овој засебен народ, тој ги запишал вештачки хеленизирани: ТаргитауС, БористенеС, Леипо­саиС, АрпоксауС, КолаксаиС, АриапитеС, СкилаС, ОктамасадаС, АријантаС, ТереС, ИдантирсуС и други, а така е и со имињата на скитските реки ГеруС, ЛикуС, ОаруС, ТиарантуС, АраруС, НапариС, ПиретуС, Орде­суС и ХиргиС. Името на едно скитско езеро го запишал како ПалуС МаеотиС, името на една област како: Екса­мпеуС, додека притоките на најголема­та скитска река ги запишал како: ТираС, ХипаниС, БористенеС, Пантика­пеС и ХипакируС. Инаку Херодот ги спомнува и ими­њата на скитските богови, кои исто така ги претставува со хеленски имиња. Аријан го спомнува и скитс­­киот командант СатракеС, како и реката Полити­метуС.

            Херодот спомнува и некоја далечна западно­европска река, која се викала ЕридануС, при што, децид­но потенцира дека тоа било хеленското име на таа река, а спомнува и две северни реки: КарпиС и АлпиС. Аријан спомнува и три средноазиски реки: ЕпардуС, АриуС и ЕтимандруС.

            И илирските имиња во хеленските извори останале запишани со завршетокот “с”. Некои од нив се: Барди­лиС, ПинеС, ГрабоС, ПлеуратоС и други, а грцизирани се и имињата на илирските топоними, како што се: ЕпидамноС, ДенусоС, ЛисоС, АнгруС и други.

            Ист е случајот и со тракиските лични имиња. И од нив најголемиот број од страна на античките автори останале запишани со грчкиот завр­ше­­ток “с”. Некои од нив се: МукакентоС, ЕптаикентоС, РодопиС, ДаоС, ПатоумаС, ОлоруС, ПатоумасоС, КретеуС, КарсиС, ТереС, Ситал­кеС и дру­ги. Тракиските реки кај Херодот се запишани како АтриС, НоеС  и АртанеС, а овде е и областа СалмудесуС. Аријан ја споменува и тракиската планина ХемуС, реката ХебруС и градот КалатиС.

            И имињата на Трибалите ја доживеале истата судбина. Така, на пример, Аријан ја спом­нува трибалската река ЛигинуС, потоа трибалс­киот град КалатиС, како и името на кралот на Трибалите, Сир­муС.

            Дури и индиските лични имиња во делата на древните хеленски автори биле хеленизирани. Некои од нив се: АфрикеС, АкуфиС, ФарназатреС, ТаксилеС, МофиС, Емби­саруС, Саси­биса­реС, ПоруС, СпитакеС, МероеС, СопеитеС, АртабатеС, ФегеуС, Ксанд­рамеС, МисикануС, ПортикануС, Данда­миС, СандракотуС, СамбуС, Кала­нуС, КофеуС, Асаге­теС, а имињата на индиските реки оста­нале запи­шани како: ИндуС, ГангеС, АкесинеС, ХидаспеС, ХидраотеС и ХифасиС. Имињата на два индиски града се запишани како СалмуС и Ороба­тиС, а на две планини како МеруС и ПарапамисуС.

            Според ваквата тогашна хеленска пракса испаѓа дека народи со сосема различни култури, етничко потекло (па дури и раси!), како што се: Перси­јанци, Египјани, Илири, Арапи, Либијци, Тра­кијци, Етиопјани, Скити, Индиј­ци, Македонци и други, имале идентични (хеленски) завршетоци на своите лични имиња(!?). Секако дека ова е несериозно и да се помисли. Практично, хеленската транскрипција на овие имиња стои како тешка завеса, поставена помеѓу нас и нив – завеса, од која, не можеме да ги ви­диме како тие изгледале (звучеле) во оригинал, туку само можеме да ги насе­тиме нивните контури. Но, и покрај сите овие факти, денешна­та грч­ка историографија и пропаганда ги користи хеленизирано запишаните  античко-македонски лични имиња (но и топоними и сл.) како „доказ” дека античките Македонци биле „Хелени“ (штом, нели, завршетокот на нивните имиња бил „хеленски“). Но, ако е така, тогаш денешните грчки пропа­ган­дисти би требало да тврдат дека и тогашните: Тракијци, Илири, Етиопјани, Асирци, Персијан­ци, Егип­јани, Либијци, Индијци, Итали и други народи биле „Хелени“, бидејќи и нивните зборови  (лични имиња, топоними и сл.) во истите тие античките хеленски извори останале запишани со завршетокот “с” (“ос” или “ис”). Меѓутоа, грчки­те про­пагандисти овој податок го премолчуваат, а го користат само кога се во пра­шање античките Маке­дон­ци. Еве уште еден доказ за нивната необ­јек­тив­ност.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top