Коментари

Немој да се опнуваш за наплата на камата

1 rubin jovanoski

1 rubin jovanoski

Вторник претлпадне, последен ден од месец август 2021-во лето господово.

Седам и ја читам колунмата од почитуваниот Венко Андоновски и интригантските односи во некои случувања на личности кои само на хартија фигурираат дека се интелектуалци одлучив да напишам неколку реченици во најчитаниот дневен весник  Нова Македонија.

Утрото со мојата почитувана мајка бевме пред експозитурата на НЛБ Банка – Прилеп да ја подигнеме нејзината семејна пензија наследена од мојот татко кој за жал не е меѓу живите, а по вокација беше лекар ортопед, од причини што нејзината заслужена пензија каде работниот век во едноумието го помина во тогаш подрачниот сојузен секретаријат за народна одбрана како технички секретар, а потоа во времето на плурализмот исто така, како технички секретар, но сега на трудовиот инспектор.

Пензијата скромна за денешни услови каде со водење на целосна контрола за трошоците за основните животни намирници и режиски трошоци може да преживееме со тие финансиски средства.

Но, за жал, јас со 50 години старост и 25 години стаж како хонорарен новинар кој пишував критички текстови за сегашната актуелна власт бев избркан од ЈП кое е под капата на локалната самоуправа Прилеп.

Во меѓувреме го загубив видот на левото око и морав да обезбедам час поскоро финансиски средства за лекување во странство.

Во прв момент на моја голема радост  до експозитурата на НЛБ Тутунска Банка прочитав продавница за пари МК Кеш и веднаш со мајка ми подигнавме 20.000 денари.

Од службеничката ратите беа кажани колку ќе изнесуваат и истите треба да бидат платени во предвидениот рок. Ако задоцнам еден ден ѕвонат по телефон со закана за додатни камати – пенали.

се разбира пред потпишувањето на договорот мајка ми не беше запозната за таа новина. Па така, за 25 дена доцнење на првата рата плативме од каматата (7297 денари) плус околу 1500 денари додатни трошоци.

Се разбира ние не бевме запознати со тој начин на работа на финансиско друштво Мк Кеш.

Службеничката која по вокација не е банкарски службеник по име и презиме Теодора Петреска го употреби зборот “немој да се опнуваш“ и ми ја наплати ратата и додатните трошоци.

Во оваа прилика се прашувам какво е ова финансиско друштво што наплатува пенали за задоцната уплата на рата за земен кредит.

Не се потребни финансиски друштва со ударни реклами во електронски и пишани медиуми кои нивните вработени бараат од клиентите да не опнуваат при наплата на камата за задоцнета уплата на рата од кредит.

Авторот е Рубинчо Видое Јованоски новинар и довчерашен одбојкарски судија од Прилеп

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top