Коментари

Македонскиот народ следниот месец на локалните избори треба на оваа ненародна власт да им даде шут карта

1svekrva copy copy copy copy
1ab Свекрва
Нон пејпер за спас на СДСМ и ДУИ

Во предвечерието на локалните избори во Македонија и претседателските и парламентарните избори во Бугарија, во медиумите се појави нон пејпер за решавање на македонско бугарскиот спор. Овој документ се појавува кога актуелната власт предводена од СДСМ и ДУИ ја тресат скандали.

Иако власта во земјата го оценува документот како аматерски предлог и балканска ујдурма, по се изгледа дека тоа е политичка игра на СДСМ за да се сврти вниманието на јавноста која по настаните во Тетово бара оставки, но и да се опипа пулсот на јавноста.

Македонија е прва земја во Европа, а четврта во светот по смртност од Ковид 19.

Од почетокот на пандемијата до денес починаа над 6000 македонски граѓани како последица на болеста. Истовремено, на денот на независноста на земјата, во пожар во модуларната болница во Тетово во кој се лечеа болните од Ковид 19, загинаа 14 лица. Поради неспособност и очигледното присуство на висока корупција во власта, јавноста се погласно бара пред се од морални причини оставки на министерот за здраство Венко Филипче и премиерот Зоран Заев.

Протестите во Тетово, во кои граѓаните се судрија со полицијата, покажуваат колку е сериозна ситуацијата. Но, наместо оставки, во јавноста се појави нон пејпер за решавање на македонско бугарскиот спор. Очогледно власта сака пред локалните избори со овој документ да го сврти вниманието на јавноста од проблемите, но и да се испита пулсот на народот, пред оваа власт да го изврши последното предавство. Истовремено со овој чин власта како да сака да ја купи од меѓународната заедница својата безбедност, бидејќи во секоја нормална земја таа не само што треба да си даде оставка, туку поединци треба и кривично да одговараат.

Инаку, меѓународната заедница сака што побргу да се затвори спорот меѓу Македонија и Бугарија. Нив не им е важно што чуствуваат Македонците, па затоа од осамостојувањето до денес можат да се видат секакви предлози спротивни на македонските национални интереси. Отука доаѓа и послениот предлог кој содржи неколку точки. Меѓудругото во овој нон пејпер стои дека Македонците кои сметаат на посебноста на македонскиот народ да ја задржат можноста за сопствен аспект и наратив на заедничката историја, потоа предлог Бугарите да влезат во Уставот, како и дуален аспект за дефинирање на национален контекст и значење за двата национални идентитети и дуален систем во образованието со двојно објаснување на контекстот на историските настани, вклучувајчи го македонскиот и бугарскиот наратив.

Властите во Македонија и Бугарија тврдат дека не учествувале во подготовките на нон-пејперот за решавање на спорот меѓу Скопје и Софија. Меѓутоа историјата покажува дека овој неофицијален дикумент кој не обврзува, откако ќе ја тестира јавноста, може да биде почетна точка за изработка на друг сличен и кој може набрзо да биде изгласан од актуелната власт.  

Прашање е на кого ваков нон пејпер му одговара?

На македонскиот народ ваквиот документ не му одговара, но му одговара на меѓународната заедница која сака мирољубиво да ја затвори југословенската криза. Во решевањето на Босанското и Косовското прашање, Македонија треба да послужи како монета за поткусурување. Но, овој документ сигурно е прифатлив и за самите македонски власти кои сакаат да се додворат на меѓународната заедница и да побараат заштита за да не одговараат дома заради распродажба на националните интереси.

Еден ваков нон пејпер треба да биде спас на СДСМ и ДУИ, за да останат на власт. Но, овие трговци на души веќе немаат морално право да ја водат државата.

Македонскиот народ следниот месец на локалните избори треба на оваа ненародна власт да им даде шут карта.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top