Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 137

Martin Trenevski 1

1martin1

ПСИХИЈАТРИСКИ ПРЕГЛЕД ЗА ЕВРОПРАТЕНИКОТ ЏАМБАСКИ 

1.   Во неделава што измина во Скопје се одржа првата заедничка седница на владите на Македонија и Косово. Македонската страна се потруди да приреди невиден театар – од државнички протоколи за пречек, изведби на државните химни на двете земји (!), а врв на театарот беше потпишувањето на една дузина меѓудржавни договори!

    Но оваа посета на целата косовска влада ќе биде запаметена и по тоа што градскиот соображај во половина од Скопје беше блокиран со часови и предизвика невиден метеж и нервози кај граѓаните. Една жена расплакана се пожали во камера дека заради блокадите не можела да појде дури ни на сахраната на својот татко, но македонската полиција ни да чуе а камо ли да и дозволи на кутрата женичка да си појда на сахрана.

   Македонската полиција не научи како правилно да реагира во вакви ситуации, а можеше барем до сега да научи како тоа го регулираат етаблирани држави. Тотална блокада на соображајот се прави во воена состојба, елементарни непогоди и слични но ретки драматични ситуации и барем на половина на дел од сообраќајниците, оддалечен од местото на настанот, отежнето но сепак дозволува успорено движење на сообраќајот во интерес на граѓаните.

   Нешто што особено ми остави многу лош, барем на мене, впечаток беше одговорот на косовскиот премиер  Албин Курти на новинарско прашање: Зошто Косово не ги предава убијците на петте младинци кај Смилковското езеро,  Демири и Халиловиќ што се случи во април 2012 година. Причина за непредавањето на двајцата убијци, според Курти, била “недовербата во македонското судство”!? Замислите, еден Косовар ни дели шлаканици за состојбите во македонското судство и тоа среде Скопје!?

   Не зотми Курти, ние не сме мутави и точно знаеме зошто не ги предавате петкратните убијци. Одговорот е: За да не пропеат пред нашите органи и да кажат КОЈ Е НАРАЧАТЕЛОТ на тој злостор. А ние точно знаеме кој е нарачателот!!!

   Петкратното убиство се случи нецел месец пред самитот на НАТО во Чикаго каде Македонија важеше за најсериозен кандидат за прием во членство во Алијансата. Но некому (!) не му беше по воља тоа да се случи, а за да не се случи најефикасен метод секогаш бил и останува и понатаму:  нарушување на меѓуетничките односи во Македонија! Целта нарачателот си ја постигна: Македонија извиси за прием во Алијансата на самитот во Чикаго, а пет семејства останаа завиени во црно..

   Ете зотми Курти, да бидене начисто: тоа е причината што не ги предавате двајцата убијци, а не недовербата во македонското судство..

2.  Дали заради тоа што се изрезили со импровизацијата на обележувањето на 30 годиншнината од Референдумот за независност, или некој од страна му шепнал да се извади од калта во која длабоко заглавил, Зоран Заев (ЗЗ) организираше “научна трибина” на тема: “Патот до независноста”, со одбрано друштво учесници, меѓу кои и еден професор и министер во Експертската влада на првиот премиер на независна Македонија академик Никола Кљусев кој јавнo во неколку наврати изјави:”Независна Македонија само без мене”. На требината беше и “неизбежниот” прв претседател на плуралистичкото Собрание Стојан Андов кој по совет на генерали од КОС побегна и не учествуваше на Референдумот за независност на 8ми септември 1991. Јака трибина – нема што!?

   Сепак впечаток ми остави сугестијата за формирање на архив на документи и изјави на непосредни улесници во Референдумот за независност бидејки тој настан е, како што беше речено. од “исклучително значење за една нација што не се повторува”!

3. Предлагам: пред да се прифатат кандидатурите за пратеници во Европскиот парламент во Стразбур, лицата-кандидати да покажат сертификат од психијатриски преглед со којшто ќе се гарантира дека се кадарни да ја извршуваат таа функција.

   Повод за оваа моја заложба е изјавата на пратеникот Ангел Џамбаски кој упати тешки навреди кон тие што се изјаснуваат како Македонци во Пиринска Македонија. Џамбаски оптужува дека  во актуелниот попис во Република Македонија наводно ќе било направено сè што е можно да ги сведат Бугарите о некоја бројка, “блиска или еднаква со вкупно земено таа групичка на неколкумина преостанати испијанети дегенерици во Пиринска Македонија, преобратени од бившите југословенски служби, кои се самоопределуваат различно од Бугарите”.

   Ете така резонира европратеникот Џамбаски, кој е потпретседател на ВМРО-БНД  на екстремистот Каракачанов. 

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top