Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 151

Martin Trenevski 1

1martin1 

КОНЕЧНО ЗАМИНА ВО ИСТОРИЈАТА НАЈОМРЗНАТИОТ ПРЕМИЕР

НА СИТЕ СОНАРОДНИЦИ  ДОМА И ВО ТУЃИНА ИМ ЈА ЧЕСТИТАМ НОВАТА 2022 ГОДИНА, А НА ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ НЕКА НИ Е СРЕЌЕН ДЕНОТ НА ХРИСТОВОТО РАЃАЊЕ – БОЖИК 

1. Во четвртокот  (23 декември) сите ние кои се чувствуваме македонски патриоти (без разлика на ентичката припадност) и си ја сакаме Македонија, ја доживеавме долго посакуваната и очекувана катарза: Конечно од политичката сцена замина најомразената личност во нашата понова историја, лицето Зоран Заев (З.З,) kоj понуди оставка на функцијата премиер што ја узурпираше цели пет години. Дали и политиката на З.З замина во историјата заедно со него – ќе видиме, бидејки овој бескрупулозен и патолошки антимакедонски настроен тип се погрижи зад себе (или подобро речено: за себе) и заради континуитет, да остави свој верен подржувач во лицето на Димитар Ковачески.

   Што ќе ни приреди новата влада на Ковачески сепак останува да видиме иако тој самиот најавува дека ќе ги следи политиките на неговиот претходник и ментор З.З., а при тоа најави кадровски освежувања со ангажирање на стари кадри од времето на Бранко Црвенковски, како и отстранување од владата на некои досегашни министри.

   Предолг е списокот на гревови што ни остави лицето З.З. со кои ќе се соочуваат генерации Македонци, но таа тема им ја препуштам на хроничарите на случувањата во Македонија во изминатата деценија.

   За мене неспорен факт (за којшто постојат цврсти докази) е дека З.З. беше наметнат од надвор (од длабоката држава) за да заврши валканите работи за преименување на нашата држава и разнебитување на македонската нација од етничка, во политичка нација (демек сите што живееме овде сме македонци, без разлика на етничка припадност), што во голема мерка му успеа. Останува тоа само да се верификува со монтираниот попис на населението и резултатите од истиот што сега се штимаат во Државниот завод за статистика!

2. Лицето З.З. мора еден ден да одговори на тврдењето на македонските тајни служби што јавно го објавија во 2016. година дека 17 пати пешки го поминал граничниот премин Дојран-Дојрани, каде од грчка страна го чекало ауто (!), за утредента да биде донесен – повторно со ауто – на граничниот премин Богородица кај Гевгелија.

    Логично се поставува прашањето: каде одел; со кого се среќавал и  з о ш т о  одел  З.З. 17 пати инкогнито во Грција? За да биде инструиран од експерти на длабоката држава за рушење на Македонија и се што е Македонско (што му беше главен приоритет во изминативе пет години на власт), или…?.

   Кога и да е работите ќе излезат на виделина, но цената што ја плаќаме и допрва ќе ја плаќаме е непресметлива!

3. За антимакедонизмот на З.З. нека пишуваат други, но ќе се обидам да се осврнам на неговите     (не)карактерни особини. Ваква несреќа што не стрефи со неговото устоличување на власт се нема случено од осамостојувањето на земјава. Новинарот Драган Павловиќ Латас е потполно во право кога вели дека З.З. е најомразен премиер во поновата историја на Македонија. Патолошки лажго што и медицинската наука вреди да го анализира како уникатен егземплар, кој – како што самиот се исповеда, стекнал милиони продавајки суви пиперки на пазарите во Србија, и направи вистинска пустош во македонското општество со потезите што ги правеше и тоа секогаш, без исклучок, на штета на македонскиот народ.

   Но, збор-два, за неговите пезантски (селски.уличарски,примитивни…/манири. Некои го ословуваа З.З. со “господин”. Па прав господин има, пред се, манири на добро однесување во јавноста! А овој – Муртинецов, не се срамеше да кажува псовки во своите јавни настапи, во два наврати (еднаш на партиски настан во Прилеп, и еднаш во Скопје) направи гестикулација со рацете во стилот:”Евеви го…, на”.

   Секако ќе остане запамтен во аналите и инцидентот што црпнатиот од нива З.З. го направи во еден од најкатоличките манастири во католичка Австрија, Вахау, на Дунав (комплексот е на списокот на УНЕСКО на светското културно наследство), кога на трибина во меѓународен состав присутни почна да блебети за “секси жени”и слично во тој стил. Избезумени од елемнтарното отсуство на почит кон светиот комплекс, организаторите на настанот на којшто имаше стотина угледни австриски и ЕУ политичари, стопанственици и дипломати, буквално му го грабнаа микрофонот од раце, за да не истресе уште некоја погана мисла во сексистичкиот занес сред католичкиот манастир небаре тој (З.З.) е не знам каква политичка величина!!!

   Ете, токму така З.З. ја афирмираше Македонија на меѓународен план!!!

   И за неверување е дека токму на ова лице (З.З.) Сојузот на борците од НОБ на РМ  по неговата оставка го награди со Повелба на Сојузот на Борците, “за долгогодишен и успешен придонес во подршката и соработката со Главниот одбор на Сојузот, и негово издигнување на достоинствено државно ниво”!? Без коментар сум на овој гест на “борците”, но се прашувам: што остана од таа организација која очигледно е узурпирана од бивши офицери на ЈНА, пензионирани полицајци и понекој од ретките преостанати вистински борци во НОБ, кои ја претворија во клон на СДСМ!? Какво безобразие и срамота!!! Патем, пригодната беседа при доделувањето на високото – море највисокото признание на “борците” ја одржа големиот “борец”(!), и секретар нз Сојуот на борците од НОБ г-дин Борко Зафировски којшто, патем да потсетиме воопшто и не служел војска бидејки бил прогласен за н е с п о с о б е н! Тоа и можеби не е битно за “борците” во РМ!? Nајважен предулсов за нив очигледно за да бидеш прогласен за “борец”. е да си на линија со политиките и ставовите на СДСМ!!!

Гротескно!!!

4.Морам да признам: не паметам кога последен пат сум бил толку воодушевен како деновиве кога ја прочитав веста  дека во Русија подготвиле документарец во којшто децидно се вели дека Македонија е колевката на словенската писменост!

   1Martin111

Во Рускиот документарен филм во кој Бугарија е избришана од картата на словенската култура, се тврди дека писменоста на Словените дошла од Македонија, што, според “Независен весник” предизвика вистинска бура од негодувања во Бугарија.         

   Сценариото и режијата на документарецот „Една вера, еден јазик“, се на Елена Мироненко, а        филмот неодамна  беше прикажан на фестивалот во Скопје наречен „Богородичен покров“. Истиот филм бил прогласен за „Најдобар телевизиски филм на регионално телевизиско студио“ на XXVI меѓународен филмски и ТВ фестивал „Радонеж“ во Москва. Филмот бил сниман со помош на Руската амбасада во Скопје со акцент дека татковината на словенската азбука е Македонија, а  браќата Кирил и Методиј немаат никаква врска со Бугарија, која во докментарецот воопшто не е ни претставена како евентуален литературен и православен центар во Балканот во IX и X век, а не е ни прикажана на картата на Југоисточна Европа од IX век! И што е најважно: во филмот е нагласено дека „од Охрид доаѓа православната вера, која ги обединила словенските народи – Русите, Украинците, Белорусите, Бугарите, Србите и Македонците“.  

   Рускиов документарец ме враќа децении наназад кога на фестивалот “Струшка музичка есен” беше најавено откритието на пок. член на МАНУ, академик Владимир Мошин за познатите “Кипријановски листови”. Како млад новинар отидов во Струга, го чув предавањето на акад. Мошин и имав прилика да разговарам со него. Следеше мој текст на таа тема што не ни  претспоставував дека ќе предизвика огромно внимание во светот на славистиката. Имено, акад. Мошин – славист со светско реноме, после долги  истражувања изнесе тврдење дека најстарите словенски ракописи воопшто сочувани до денес, таканаречените “Новгородски листови”, или “Кипријанвски листови” (станува збор за два листа со позлата од евангелието што цар Самоил му ги испратил како дар на рускиот цар Владимир I при покрстувањето на русите. Денес се чуваат во Петроград).

     Информацијата предизвика огромно внимание, особено меѓу руските слависти кои (подоцна разбрав) дури организирале специјален лет за акад. Мошин од Скопје до Москва, (и покрај тоа што тој веќе беше во деветтата деценија од животот) за непосредно да ги претстави резултатите од своите научни истражувања што полека, но сигурно, ја пробиваат вистината во научниот свет. А дека православието и писменоста во Русија потекнуваат од Македонија јавно го потврди во неколку наврати и самиот претседател на Руската федерација Владимир Путин.

    Полека, но сигурно, бугарската пропагандна квази-наука се разобличува и на меѓународен план!!!

    Забелешка: Кога пишуваме на овие теми никако не смееме а да не го споменеме д-р Григориј Острогорски кој во своето епихално дело:”Историјата на Виизантија” категорички тврди дека “во науката не постои документ/доказ дека постоела втора бугарска држава”, како што тврди бугарската историска наука!!!

:М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ,  поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top