Коментари

Македонија е за пријателство со Бугарија, ама на база на два народи, две држави и две култури

1svekrva copy copy copy copy

1 Свекрва 

Македонија е за пријателство со Бугарија, ама на база на два народи, две држави и две култури

Се додека Софија ги смета Македонците за Бугари, македонскиот јазик за западнобугарски дијалект и се додека Бугарија ги смета македонските синови и ќерки за свои, а македонската историја ја преставува како своја, не може да постои Договор за добрососедство. Парафразирајќи ја изјавата на бугарскиот политичар А. Цанков дадена во 1936 г., Македонците се за пријателство со Бугарија, ама на база на два народа, две држави и две култури.

Македонија и Бугарија треба да ги негуваат пријателските односи без диктати и мешање од страна, ако се сака да се избегнат турболенциите на Балканот и пошироко. Се додека Софија не ја признае посебноста на Македонците, македонскиот јазик, историја и култура, и се додека во Софија се говори дека Македонците се Бугари, се дотогаш Договорот за добрососедство нема да носи мир, туку ќе ја нарушува стабилноста во регионот.

Ако денес бугарските политичари јавно говорат за „еден народ, во две држави“, кои јасно ги покажуваат Санстефанските аспирации на Софија, ако Софија бесрамно ги присвојува Кирил и Методи, кирилицата, Гоце Делчев и др. тогаш се гледа дека таа ги заборавила историските поуки од Балканските војни, Првата и Втората светска војна, кога заради својот сон и туѓи интереси (Москва, Берлин, Рим и т.н.), Бугарија плати превисока цена.

Во зависност од политиката на големите сили на Балканот во одреден цременски период, Софија ја менуваше својата историска приказна. Имено, општо е прифатено во научната јавност дека Бугарите кои говорат словенски јазик му припаѓаат на групата Јужни Словени, во која се наоѓаат Македонците, Србите, Босанците, Словенците и Хрватите. Но во одреден период самите Бугари велат дека тие спаѓаат во групата на Источни Словени во која се уште Белорусите, Русите и Украинците.  

Еве што говорел бугарскиот политичар Александар Цанков пред бугарските интелектуалци во далечната 1936 година.

Во телефонскиот рапорт од 25.07.1936 година на дописникот на белградска „Политика“ од Софија Коста Крајшумовиќ, кој е објавен наредниот ден во весникот на стр. 4 под наслов „Г. Цанков е за пријателство на Бугарија со Југославија, ама на база на два народи, две држави и две култури“, меѓудругото се вели:

„Една група на бугарски книжевници, глумци и други јавни личности го повикала синоќа на вечера во ресторанот во хотелот „Блгарија“ г. Александар Цанков“ и министрите од владата г. (Георги) Кјосеиванов, г.г. Тодор Кожухаров и Димитар Мишајков. За време на вечерата г. Александар Цанков одржал подолг политички говор.

…. Г. Ценков во својот говор ја изложил својата политичка кариера од деветојунскиот преврат  во 1923 година до денес. Говорејќи за работата на своето националсоцијалистичко движење, тој вели дека тоа движење е за активирање на економскиот и социјален живот, за правото и слобода на народот, за Великотрновскиот устав, кој треба да биде изменет, за помирување на капиталот и работата и така натака.

Тој ја подвлекува теоријата дека Бугарите се источни Словени, наспротив тврдењата на други дека Бугарите се јужни Словени. Г. Цанков потоа подвлекува потребата за ревизија на договорот за мир и тврди дека тие договори се диктати и неправедни. Договорот за мир, вели тој, значи војна, и поради тоа е за ревизионизам, кој е против војната. На мислење е дека Бугарија треба да негува најдобри односи со соседите, а особено пријателство со Југославија, ама на база на два народи, две држави и две култури…..“

Од изјавата на Цанков се гледа дека тогашните бугарски политичари и општествената јавност не ги сметале Македонците за Бугари. Напротив со своето верување дека се дел од Источни Словени тие всушност се дистанцирале од Македонците. Од тука светот не треба да ги земе за сириозни нивните изјави дека Македонците се Бугари и т.н.

Инаку Александар Цанков (29.06 1879 – 27.07 1959) бил водечки бугарски  политичар помеѓу двете светски војни. Бил професор по политичка економија на софискиот универзитет од 1910 година наваму. Тој ја презеде водечката улога во соборувањето на владата на Александар Стамболијски во 1923 година и беше избран за шеф на коалицијата што го наследи сменетиот премиер. Тој стана премиер на Бугарија на 9 јуни истата година и ја продолжи функцијата до 4 јануари 1926 година. Во тој период тој беше лидер на Демократскиот сојуз. Неговоо владеење беше обележана со длабоки внатрешни борби со Бугарската комунистичка партија, која Цанков ја потиснуваше безмилосно, прогласувајќи воена состојба.

Следуваше кратка инвазија на грчките трупи и, иако тие не останаа долго по осудата од Друштвото на народите, земјата остана осакатена од долгови и Цанков беше сменет од функцијата откако не успеа да обезбеди заем за земјата. Секоја поддршка за Цанков се намали.

1da121

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top