Коментари

ПЕТКОВ, НЕ ЛЕТАЈ ВО АВИОНОТ ВО КОЈ „ПИЛОТ“ Е РАДЕВ!-Отворено писмо до премиерот на Бугарија, Кирил Петков

 Пишува м-р Слободан ТОМИЌ

Никогаш не сум имал предрасуди, ниту стереотипи кон ниту еден наш комшија. Едноставно ме води познатата: Комшијата е поблизок и од братот роден! Се разбира, секој сака да живее во мир и хармонија со своите комшии.

Почитуван Кирил, носите име на словенски просветител, кој на светот му донесе писменост и просветлување на духот и умот. Сте дипломирале во Британска Колумбија во Ванкувер, магистер сте по бизнис администарција на Универзитетот Харвард. Еден сте од основачите на Центарот за економски стратегии и конкурентност во Софија!

Велите дека вашето доаѓање е по повод 30 години од признавањето на Македонија од страна на упокоениот претседател Жељу Желев, кој преставуваше икона за сите политичари на Бугарија во изминатите децении.

Вреди да се потсетите на прекрасните пораки на бугарскиот пацифист и пријател на Македонија Жељу Желев. Тој треба да биде патоказ за македонско-бугарските односи, а не таканаречениот патоказ “5 плус 1“. Ако не Вие,  министерот Бујар Османи секогаш го спомнува овој патоказ „5 плус 1“ неинформирајќи ја јавноста што тоа значи и каде тоа води?! А, народот треба да знае и да биде запознаен за се.

Собранието на Македонија, со задоцнување, донесе Резулуција за македонските национални вредности. Оваа резолуција треба секој да ја има на ум и пред своите очи. За националните интереси ниту една политичка партија, ниту еден политичар нема право да ги распродава македонската самобитност, идентитет, јазик, историја или национално благо. Тоа е светото на еден народ, на една држава!

Господине Петков, се надеваме нема да скршнете од патот на вистината и суштината на македонските национални вредности и блага.

„Вистински политичар треба цврсто да стои на земја и со јазикот на политичката реалност да ги решава проблемите,“ – рече вашиот поранешен претседател Жељу Желев.

Неизоставни се бугарските политичари кои велат: Македонија е бугарска, Македонците се Бугари! Ако цел свет не’ признава и прифаќа како Македонци, затоа што самите сме и се декларираме пред сите за Македонци кои зборуваат на својот мајчин Македонски јазик, во Македонија кодифициран во 1944 година а во светот од 1977 година, со кое право ни’ негирате право на самоопределување и самоидентификација, кога тоа Македонија Вам не ви го прави?!

Почитуван Петков, народната вели „по утрото се познава денот“! Вашата изјава во бугарскиот парламент, дека бугарско-македонските односи се во ќор сокак, се резултат на неспособноста и пренагласената национал-шовинистичка реторика на бугарските политичари Борисов, Захариева, Каракачанов, па и “рускиот пилот“ Радев. Се очекува да не скршнете од патот на бугарскиот претседател Жељу Желев, одликуван од поранешниот македонски претседател Ѓорѓе Иванов со Орден „8 Септември“, како највисоко државно одликување на Македонија за исклучителни заслуги за признавањето на независна и суверена држава Македонија од страна на Република Бугарија.

Затоа, препораката, господине Петков: „Не летајте со авионот, во кој пилот е Радев!“

Невозможно е Македонија да прифати „македонските Бугари да влезат во Уставот на Македонија“, без притоа Бугарија да ги признае Македонците во Бугарија и тие да станат дел од Уставот на Бугарија!

Ќе ја спомнам изјавата на поранешниот претседател Жељу Желев: “Македонија не е најромантичен дел од историјата на Бугарија според изјавата на поранешниот претседател Стојанов. Македонија е најтрагичниот дел од историјата на Балканот, затоа што во долг историски период беше јаболко на раздорот меѓу балаканските држави. Каква романтика има во таква историја? Резервиран е ставот и кон поранешниот претседател Прванов. Добро е да се продолжи со политиката која Бугарија цело време ја градеше: Да се брани уставното име на Македонија и таа да биде дел од евро-атлантските сојузи!“

Познавајќи ја кариерата на бугарскиот претседател Радев како добар пилот и нуркач, препораката до него: Претседателе, нурнете подлабоко во македонската археолошка географија! Таа не е плитка! Само 25 метри под земја ќе ја видите и научите историјата на Македонскиот народ и Македонија!

Нам ни треба нов македонско-бугарски Договор за траен мир и добрососедство, но врз основниот принцип на меѓународното право на суверена еднаквост, што значи: взаемно разбирање и почитување, соработка со сите по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи на суверените држави и реципроцитет во меѓусебните односи!

Почитуван Петков, чуму ни е Европската Унија без Македонија и Македонците?! Дали во 21 век антимакедонизмот треба и натаму да претставува бугарски закон на однесување, како што е антимакедонското на Атина?!

Македонија е крстосницата меѓу Исток-Запад Север-Југ на Балканот, и Југо-Источна Европа! Затоа, не ставајте сопки за реализација.

Во 1995 година, во Њујорк, на Генералното собрание на Обединетите Нации, шефовите на земјите од регионот договорија изградба на европски коридори низ нивните земји и со тие проекти, регионот настапи пред Европската Унија. За жал, отпорот дојде од „пријателска“ Грција. Ете, тие се берлинските ѕидови на Балканот.

Каква е таа Европа кога толерира вакви ирационални историски изнудени барања кон држава каква што е Македонија и која е создадена со сопствената историја и пролеана крв за нејзино национално ослободување?

Каква е таа Европска Унија, и дали треба најде решение за овој проблем и да се отовори патот на Македонија да стане член на ЕУ?

Разумно е сите земји од регионот да бидат членки на Европската Унија, затоа што има многу отворени прашања што го обременуваат регионот. Тензиите и проблемите на Балканот не ќе може да се смират се‘ додека регионот не биде целосно интегриран во евро-аталантските сојузи. Има прагматични политики во кои се вбројува и изградбата на модерна инфрастурктура, како што е коридорот осум Тирана-Скопје-Софија-Истанбул.

Останете со здравје и уште еднаш пораката од Македонскиот народ: ГОСПОДИНЕ ПЕТКОВ, НЕ ЛЕТАЈTE ВО АВИОНОТ ВО КОЈ „ПИЛОТ“ Е РАДЕВ! Летот на Радев е лет во место, затоа што е скандалозно неприфатливо: Бугарија да го определува името, јазикот, културата и историјата на Македонскиот народ, носител на државноста на соседната држава Македонија!

Превземено од : https://shilomagazine.com.au/2022/01/14

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top