Фељтон

ВРАЌАЊЕ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ НИЗ ПУСТИНАТА (19)

1m1

1m1

Но, како што се утврдило, немало никаков знак од непријателот кај спојот на реката. Сепак бурните води нанеле големи оштетувања и многу бродови морале да бидат поправени. Додека траеле поправките, војската се влогорила во близина на бреговите, давајќи му време на Александар да состави план за битката.

Непријателската територија била затворена помеѓу реките Ченаб и Рави, а една безводна пустина ги заштитувала нивните населени места. Најлогичниот и најефикасен метод да се дојде до нив било низводно по реката Ченаб. Александар очекувал дека и непријателот ќе размислува на истиот начин, па затоа неговиот план вклучувал и мало изненадување.

Откако завршиле поправките, Александар ја поделил својата војска на три колони. Првата колона ја презел тој и ја повел по колно, преку пустината, право во срцето на непријателската територија. Втората колона, под команда на Хефестион, била испратена низводно по реката Ченаб. На третата колона, под команда на Кратер, и било наредено да ја држи територијата во близина на устието на реката Рави.

Александровата копнена колона наишла на голем отпор и отпочнала крвава битка кога тој тргнал во јуриш и освоил неколку градови. Многумина се обиделе да побегнат, но биле пресретнати од Хефестион и Кратер. Во текот на јуришот врз еден од градовите, Александар бил ранет.

Додека се искачувал по ѕидот на еден замок, бил жртва на непријателска стрела која се забила во неговите гради. Мислејќи дека е прободен, неговите војници му дале оддишка на својот бес врз непријателот, но тој возвратил со иста таква суровост.

Александар бил положен врз неговиот свет штит и на носила го однеле на неговиот брод. Веста за неговата наводна смрт секавично се ширела, разжалостувајќи ги војниците. Но, на Александар не му било судено да умре и, откако стрелата била извадена, брзо се освестил. Сепак наспроти сите разуверувања, неговите луѓе не биле убедени се додека тој не застанал на нозе, не излегол од својот шатор и не се качил на коњ за да може од далечина да го види секој.

1m12

Кога виделе дека нивниот крал е жив, на војниците им се вратила радоста и нивните извици одекнувале низ целата земја. Неговите војници, од сите страни, дошле да го видат, да се ракуваат со него и да му ја покажат својата љубов. Но, најизненадувачко од се била реакцијата на неговиот непријател.

Ненадејното “воскреснување” на Александар од мртвите, предизвикало ужас и паника меѓу непријателските војници со висок чин, што довело до масовно предавање. Дури и непријателските племенски кралеви доброволно и понизно и’ се потчиниле на волјата на Александар.

Откако Александар закрепнал од раната, флотата продолжила по својот курс, надолу по реката, додека не стигнала до реката Инд каде Александар основал друг град, што го нарекол Александрија (на устието). Веќе било февруари 325 година пред Христа, а Александар стасал на половина од своето патување по реката. Вториот дел од патувањето, исто така, бил немирен како и првиот дел, дури имало и повеќе војувања додека целиот регион не бил освоен.

За среќа, Александар веќе имал развиено репутација на жесток борец и многу племиња биле против војување со него и биле помирливи. Но, појужно имало други племиња кои биле под влијание на брамините и жестоко возвраќале. Откако постигнал победа, Александар строго ги казнил Брамините така што некои од нив биле обесени за поттикнување немири и нивното влијание врз населението да се крене на востание против него.

Било јули, 325 година пред Христа, кога Александар пристигнал на делтата на реката Инд и се влогорил за да се одмори во градот Патала. Тука Александар размислувал за патувањето што го однело од Кашмир, преку целиот регион на Панџаб, до Индискиот Океан. Индија била голема, богата и плодна земја, а сега таа припаѓала на Македонија.

Додека Александар бил зафатен со освојување нови земји, неговите научници и истражувачи биле зафатени со испитување на егзотичните растенија и животни на земјата, со проучување на индискиот политички и религиозен систем и рудните богатства на оваа пространа територија. Освен учењето за Индија, големо знаење било пренесено и во спротивен правец. Бидејќи биле многу понапредни во металургијата,

Македонците ги научиле Индијците како да го топат своето сребро и злато. Македонците, пак, го споделиле и нивното знаење за медицината и уметностите, особено за вајарството. Бидејќи претходно бил доведен во заблуда од географијата, Александар исто така цврсто решил да ја исправи таа заблуда.

Додека се одморал во Патала, Александар и неговите советници се зафатиле со барање воден премин од Инд во водите на реките Тигар и Еуфрат. Александар испратил експедиции да ги истражат западните и источните притоки на делтата на реката Инд, надевајќи се дека ќе најде сигурен премин.

Било тоа токму во текот на таа експедиција кога Македонците за првпат искусиле ненадејна и застрашувачка осека на океанот. Откако утврдил дека источната притока на  реката Инд била најлесна за пловење, Александар ископал бунари и подигнал складишта за житото за неговата флота по целата должина на брегот пред да се врати во Патала.

Дотогаш, веќе привршувал август во 325 година пред Христа, и Александар бил желен да тргне. Додека на адмиралот Неарк и на флотата им било наредено да чекаат додека не заврши монсунската сезона, Александар заминал од Патала за да изврши подготовки за снабдување на флотата со намирници за по патот.

1m13

На својот пат, Александар повторно наишол на отпор и морал да потчини повеќе племиња пред да тргне на запад. Откако назначил еден Македонец за сатрап за до го чува регионот безбеден, Александар го оставил Хефестион назад со наредба да изгради друг град по име Александрија. На брегот, пред да сврти кон запад, Александар го оставил Леонат (Leonnatus) одзади со наредба да ја чека флотата и да изгради уште еден град со име Александрија.

За дополнително да го обезбеди патот на дотур за неговата флота, Александар и неговата војска свртиле на запад во пустината Гедросија (Gedrosian Desert). Можеби тоа било едно од најтешките патувања кои Александар и неговата војска ги искусиле. Намирниците, особено водата, почнале да се намалуваат и војската многу страдала. Но, сепак, дисциплината не била скршена бидејќи офицерите и самиот Александар страдале заедно со луѓето.

Александар дури одбивал да пие вода ако немало доволно за сите. Неговите војници го почитувале тоа и не сакале да дозволат да го разочараат. Патувале ноќе, бидејќи било премногу жешко преку ден, и многу умреле од исцрпеност, дехидрираност и глад. Прибегнале кон убивање на своите животни, вклучувајќи и коњи, за да преживеат. Пустината била сосема пуста и сува и локалното население опстојувало само од морска храна, што се состоела, главно, од школки.

На Александар му требале шеесет дена да ја премине пустината пред да стигне во Пура, главниот град на Гедросија. Тој марширал пешки заедно со своите војници и со нив ги делел намирниците, храброста, како и истрајноста. Покажал голема почит кон своите луѓе и не се однесувал кон нив како кон обични војници, туку како кон другари.

Таков човек бил Александар. Тој секогаш на своите луѓе им го  давал она што им требало, дури и во најтешки околности, што го демонстрира неговиот вистински карактер како личност и неговите чувства за неговите Македонци. Не е познато колку луѓе изгубил Александар во пустината, но според античките извори (аријски), голем е бројот на оние кои умреле. Дури и во такви времиња, научниците на Александар правеле паузи за да набљудуваат и запишуваат податоци за животот на пустинските растенија. Пура била како рај за преживеаните кои, со изобилна храна и пијалаци, брзо закрепнале од тешкото искушение.

Продолжува 

Пишуваат:

1slave5РИСТО СТЕФОВ И

1slave 1 СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top