Коментари

Мала искра и можни нови крвопролевања!

1svekrva copy copy copy copy

1 Свекрва  

Состојбара во Украина се заострува. Од двете страни на границата се трупаат војници и наооружување. САД и Британија испраќаат оружје на украинската армија и наложија повлекување на непотребниот персонал и членовите на семејствата на вработените во амбасадата во Украина, наводно поради закана од руска воена интервенција. Присуството на голем број војници од двете страни на границата може и мала искра да предизвика војна во која ќе гинат Украинци и Руси, додека останатите ќе им продаваат оружје.

За разлика од Вашингтон и Лондон, Брисел во моментов не размислува за повлекување на дипломатскиот персонал од Украина. Но, некои членки на ЕУ и НАТО, соседи на Киев, размислуваат за територии, под изговор за заштита на своето малцинство, доколку Русите интервенираат во Украина и го признаат и анектираат Донбас.

Целата ситуација наликува како во времето пред почетокот на Првата светска војна. Имено уште на почетокот на 1914 година се најави војната која ќе однесе повеќе милиони жртви. Тогаш печатот говореше за подготовките на армиите на големите сили и ги броеше корпусите на руската и француската армија анализирајќи дали тие можат да се справат со бројот на корпуси на австроунгарската и германската војска, која мора да остави резерви и на Балканот.

Додека на почетокот на 1914 година се мобилизираа и се трупаа војски на границите, на десетти март истата година беше објавена информација дека „после прославата на стогодишнината на песникот Шевченко, виенскиот печат радосно ја пренесува информацијата дека на таа прослава дошло до големи демонстрации во Киев на кои се извикувало Долу Русија! Да живее Австрија! Според печатот во Виена, притив Русија се бунеле прави Руси и поробени Малоруси.“

Меѓутоа, како што пишува тогашниот печат, за време на демонстрациите во Киев, морала да се вмеша и полицијата. „Имало уапсени и при сослушувањето се видело дека немало Руси и Малоруси, туку тоа биле Евреи, Пољаци, Ермени и Грузијци.

Нема потреба човек да се праша зошто и на кого му биле потребни тие протести во Киев, но мора да се праша дали извлековме поуки од Првата светска војна, која започна неколку месеци подоцна, и резултираше со над 31 милион жртви (убиени и ранети). Исто така изгледа светот не извлече поуки ни од Втората светска војна кога имаше уште повеќе мртви и ранети војници и цивили.

Денес кога во светот владее енергетска криза, пандемија која исто така однесе милиони животи и т.н. веќе никој не мисли за почитување на човековите права. Едноставно човечкиот живот не вреди ни пет пари. Единствено за светските елити се важни личнии интереси, кои ги остваруваат во името на демократијата и заштита на човековите права преку своите држави.Тие профитираат од малите и можни нови крвопролевања!

Оттука додека некои членки на ЕУ и НАТО говорат за своето малцинство во Украина, Бугарија го насочува своето внимание кон Македонија. И покрај пресудите на ЕУ, таа продолжува да ги негира Македонците во Бугарија и Македонија, македонскиот идентитет и јазик. Иако постојат пописи на кои граѓаните во Бугарија по Втората светска војна се изјаснувале како Македонци, денес сето тоа Софија го негира и бара од Македонците да ги признаат бугарските корени – што е пак знак за територијални аспирации кон земјата.

Очигледно Софија сака да ја искористи ситуацијата со Украина и сака да си ги оствари Санстефанските соништа. Таа дури е способна веднаш да ја смени страната и да работи за интересите на Москва само да ја добие Македонија. Во нивните напори на рака им оди и однесувањето на власта во Македонија на чело со СДСМ и ДУИ, чии челници ги гледаат само личните интереси. Тие наводно за повисоки интереси не сакаат да застанат во одбрана на националните интереси и на правата на Македонците во Бугарија.

Дури и претседателот на државата не најде храброст да се сретне со Македонците од Бугарија на средбата закажана за средината на месецот. Наводно поради пандемијата го одложи состанокот со Македонците од Бугарија, од кои некои имаат македонско државјанство, притоа најавувајќи дека ќе го одржи во иднина – можеби тогаш кога веќе нема да постоиме!?  

Во меѓувреме двете влади ќе седнат на заедничка седница во Софија, на која меѓудругото, ќе се говори за поврзувањето на двете земји, би можело да се говори и за влегување на Бугарите во Уставот во Македонија, само да се тргне ветото за членство во ЕУ, но сигурно нема ниту збор да кажат за признавањето на Македонците во Бугарија,

За жал без нивно признавање, без реципроцитет нема успех ни за Македонија ни за Бугарија. И двете земји ќе бидат на мета на силите кои не им мислат добро и тие ќе станат повторно невралгична точка на Балканот каде би можело да предизвика искра кои ќе го запалат регионот.

Во овој момент Санстефанските соништата инспирирани за други интереси Бугарија треба да ги отфрли, а двете држави треба да соработуваат меѓудругото како да им помогнат на Македонците и Бугарите затекнати во Украина доколку продолжат тензиите во оваа земја.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top