Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 155

Martin Trenevski 1

1martin1

МАКЕДОНСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ:  ГЛАДНА КОКОШКА – ПРОСО СОНУВА

1. После цели пет месеци (каква експедитивност и ефикасност) германските форензичари ни ги доставија нивните заклучоци за причините за пожарот во модуларната болница за болни од ковид 19 што се случи на 8ми септември минатата година во Тетово, кога за само три минути се пеплоса целиот објект, а во пожарот загинаа 14 лица! И, замислете: заклучокот на германските форензичари – кои ни беа претставени како врвни стручњаци специјализирани за истраги за пожари, беше речиси идентичен со заклучокот на нашите форензичари (небаре го препишале од нив), дека причина за избувнување на пожарот бил преоптоварен продолжителен кабел!?

   Но нечувме како и зошто целата модуларна болница со 12 соби и други простории за третман на болни од ковид 19 изгоре за само три (3) минути? Да не се случајно во прашање  м а т е р и ј а л и т е  од коишто беше изградена болницата коишто – како што се покажа, биле брзогоречки, небаре полиени со керозин!?

   Слични модуларни болници се изградени на повеќе места низ Македонија за што Министерството за здравство инвестираше над шест (6) милиони евра, а ги монтираше фирмата Брако на Кочо Анѓушев, но ниту фирмата ниту неговото име никој не ги спомена јавно како можни кривци за трагедиијата.

   Ми се чини дека сепак истрагата за оваа трагедија не е и не смее да заврши и токму тој аспект (за материјалите – дали беа според потребните стандарда и сл.)  од кои беа изградени 12 модуларни болници ширум замјата ќе  м о р а  и поматаму да се истражува!

2. Една народна поговорка гласи:”Гладна кокошка просо сонува”. Токму така се македонските перспективи за членство, или подобро кажано за почеток на разговори за членство во Европската Унија.

   Тоа многу јасно и дирекно ни го даде на знаење нашиот “голем пријател” – новиот премиер на Бугарија Кирил Петков кој изјави дека:”Имаме 15 години да ги решиме прашањата, но да се пушти Македонија на патот кон Европа, не значи дека Македонија се пушта во Европа”.

    E па Македонијо и на сите нас дома и во дијаспората кои се чуствуваат македонци, нека ни е на здравје! Со други зборови, дипломецот од Харвард Кирил Петков смета дека за 15 години ќе успејат да не побугарчат и такви да ни дозволат да почнеме преговори за членство во таа фамозна Европска Унија. Петнаесет години се премогу долг период за нас, кои чекаме цели 17 години за почеток на преговори (втори сме после Турција кои толку долго чекаме) а какви се премрежјата низ кои поминува и Унијата и светот во целина (кризата со Украина, Република Српска, и други потенцијални нови воени и кризни жаришта на планетава) дури и тој рок што така галантно ни го претстави Кирил Петков – прашање е да не ќе да биде и уште подолг.

   Но чинам дека некој во Македонија треба  к о н е ч н о  да се соочи со грдата реалнсост дека членството во ЕУ е многу, многу далечна и прашање е дали воопшто е остварлива перспектива??? Ке речете: зошто така тврдам. Па од едоставна причина бидејки мораме да со соочиоме со реалноста дека Бугарија НЕ Е единствена што го кочи процесот на проширувањето на ЕУ. ЕУ, или поголем дел на нејзините членки се скептици за проширувањето и само ја користат Бугарија и нејзината фанатична заслепеност за бугаризација на Република Македонија, на нејзиното минато, сегашност и иднина. Како инаку да се толкува и изјавата на холандскиот амбасадор во Скопје Дирк Јан Коп дадена пред од прилика половина година дека “Бугарија со ветото за почеток на преговорите за членство на РМ во ЕУ го потврдува владеењето на правото (замислите!?) во Унијата”! Да се крстиш и да не веруваш!!! Ало, амбасадоре, па ова што ни го прави Бугарија нам е само блага форма на истото што Холандија како колонијална сила им го правеше на народите  во нејзините колонии во Африка, Централна Америка и Индо-Кина! Зарем не го сваќате тоа??? А за какво право стнува збор господине амбасадоре? Дали Вие и Владата во Хаг сте запознаени какви се барања и услови поставува Бугарија за да го тргнела ветото кон Македонија? Дали тие барања се нормални и прифатливи за вас холанѓаните??? Па ставете се барем за момент во наша ситуација и употребете ги сите алатки што ви се на располагање да се надмине блокадата, а не само истурате милијарди евра кон Софија која е срам за ЕУ (според нивото на корупција и невладеење на правото)  како најголем мировен проект по Втората светска војна.

   Македонија – но не со оваа – сегашнава влада, ќе мора да разгледа и алтернативни опции што да прави со себе во наредниот 15-годишен период; да ги користи умовите и искуствата сконцентрирани во МАНУ, УКИМ, па и странски експерти и да работи за својот економски и севкупен развој, а не да чека милостиња од една Бугарија и слични на неа. Да ги користиме огромните потенцијали на бизнис заедницата во дијаспораста, да привлекуваме странски инвестиции (како што го правевме тоа порано, со Груевски), но да се посветиме целосно на институциите и на демографијата со активно инволвирање на црквата, бидајки Македонија без народ, којшто масовно се иселува, или со се помалку народ (наталитетот е во страотен пад), ќе биде лесен плен за нашите непријатели од соседството!

3. Во Градското собрание на Скпје покренати се неколку иницијативи за именување на улици на заслужни граѓани и личности.

    Се придружувам кон иницијативата со мој личен предлог: да се даде име на улица што ке се вика Ул. Акедомик Владимир МОШИН. или едноставно: Ул. Владимир Мошин.

    Сметам дека токму тој, академикот Мошин, со неговото откритие дека таканаречените Кипријановски или Новгородски листови (најстари сочувани текстови од златното Евангелие што македонскиот цар Самоил му ги дарувал на царот на Русија Владимир Први при покрстувањето на русите) е меѓу најзаслужните што руските слависти, дури и самиот Претседател Путин, се категорични дека кирилицата и православието во Русија дојдоа токму од Македонија!!!

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешем министер и амбасадор   

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top