Коментари

Ламбе Арнаудов: ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ДУХОВЕН ПАСТИР НА МАКЕДОНСКАТА ПАСТВА

lambe-arnaudov

1 Lambe

Патриотизмот не е патриотизам ако се менува или прилагодува на околностите, и е трајна и неменлива константа на координатниот систем на вредности на човечкиот род.

 Многу одамна еден брилијантен студент, првенец во генерацијата го полагал завршниот испит и притоа со врвна интелигентна надмоќност суверено одговорил на сите прашања со што ги воодушевил членовите на испитната комисија, професорите и студентите.

И, кога мислел дека сé е готово, најстариот професор рекол: Имам само уште едно единствено прашање за крај.

Што ќе направиш ако одиш по пат во некоја рурална средина и те нападне куче? – го прашал професорот мудрец.

Ќе почнам да викам, да го исплашам и избркам кучето.

Што ќе направиш ако не бега и понатаму? – било следното прашање.

Ќе земам камен, дрво и ќе фрлам за да избега.

Ако и тогаш не куртулиш, а во меѓувреме на кучето му се придружиле десетина бесни, гладни кучиња – Што ќе прави?

Тогаш идниот професор, потенцијален колега, го победил своето его, и го запрашал професорот да му го каже одговорот признавајќи дека тој не го знае.

Ќе го повикаш ПАСТИРОТ – бил одговорот на мудрецот. Наизглед премногу едноставен но со длабоко, длабоко содржинска порака за неговото но и сеопштото однесување на луѓето на патот на едноставноста, правдата, праведноста и силната вера.

Еве зошто:

Прво: ПАСТИРОТ е тој единствен кој може да ја заштити жртвата и да ги смири и нахрани насилниците.

Второ: ПАСТИРОТ е тој кој од крволочноста на бесните кучиња и од беспомошната жртва, наместо кучешка гозба и изглодана жртва, да направи пријателство.

Трето: ПАСТИРОТ со својата чиста духовна мисла и смиреност ги спречува кучињата затоа што му веруваат и ќе бидат нахранети од него, а од жртвата која ја спасил прави благодарен човек и негов следбеник.

Четврто: ПАСТИРОТ докажува со силна верба може да се контролира истовремено и бес и страв, да се победат и место нив да зацарува мир, пријателство, љубов и милосрдие.

Петто: ПАСТИРОТ, што е најважно, не останува на празни ветувања и досадни говори, туку тоа и го спроведува на дело со конкретни резултати.

Но, ПАСТИРОТ на ПАСТВАТА не би бил ПАСТИР ако не знае дека и колку да ги храниш и се грижиш за кучињата, секогаш ќе се најдат песови чија крволочност и глад никогаш нема да ја задоволиш. ПАСТИРОТ исто така знае дека тие не признаваат ни цар ни господар ниту пак добродетел и ќе почнат да јадат, да кинат месо, да глодаат коски и од своите најблиски, па дури и од својот ПАСТИР.

Не се многу на број но нивната крволочност моќта им ја прави обратно пропорционална во споредба со бројноста, а постојаната навика да менуваат ПАСТИРИ ги прави многу опасни, итри и бескрупулозни.

Од такви најмногу се страда и од ними ПАСТИРИТЕ нé учат како да се чуваме.

Безвремен ПАСТИР духовен, на МАКЕДОНСКАТА ПАСТВА, верен и почитуван наш УЧИТЕЛУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ: Пред некој ден ТИ дојдов на роденден и бев малку зачуден што први ги пушти да ти честитаат бесните и крволочни кучиња кои најубаво се насладуваат на гозбата полна со откинати живи специјалитети од македонски месо и коски, залудно мислејќи дека со тоа ќе го уништат и македонскиот дух .

Долго размислував зошто постапи така. Сфатив дека уште еднаш се обиде да ги вратиш и вразумиш блудните синови на твојата и нашата бесмртна мајка Македонија во нејзините прегратки и да ги надоиш со хранливото и јуначко млеко од нејзините гради.

Прости ми УЧИТЕЛУ, ама морам да те разочарам. И ги отсекоа благородните гради поилки на патриотизам на својата единствена МАЈКА МАКЕДОНИЈА, а тебе УЧИТЕЛУ ни името не ти го знаат.

Мајката е заменија со маштеа, а место ТЕБЕ ДРАГ УЧИТЕЛУ, вистински најголем син на Македонија да те чествуваат, почитуваат, благодарат и возвишуваат, безобзирно сакаат да те одвојат од твојта родна мајка Македонија и да те дадат на посвојување.

На крај поврзано со воведот, сепак роденденската слава, убеден сум дека ТЕ развесели и те охрабри гледајќи го пред себе горд исправен, доминантен, ист како ТЕБЕ, исткаен од истата челична духовна градба и љубов кон Македонија и својот народ, УЧИТЕЛОТ И ПАСТИР кој ќе го продолжи твоето дело лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со својата одбрана дружина вистински патриоти задоени со патриотизам што по никоја цена не го менуваат, ниту пак прилагодуваат и никогаш нема да ја трампаат својата мајка МАКЕДОНИЈА за маштеа колку и да е таа богата и дарежлива со данајски дарови.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top