Коментари

ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ – 157

Martin Trenevski 1

1martin1

АНТИМАКЕДОНСКАТА ХИСТЕРИЈА НА САРЦЕТАКИС СРЕД АВСТРАЛИЈА

1. Деновиве светските агенции соопштија дека нa 3 фебруари на 92годишна возраст починал поранешниот грчки претседател Христос Сарцетакис. Навидум рутинска вест бидејки и претседатели, кралеви па и фараони во антиката – починувале, и од тоа нема бегање.

   Но, Сарцетакис ќе остане запаметен во меморијата на македонците зад Екваторот, особено оние кои тамо беа во осумдесетите години од минатиот век, но по неговите фанатични и мизантропски јавни изливи на антимакедонизам и тоа искажани на австралиско тло!

Австралија 1988 година ја одбележуваше на 200 годишнината од доселувањето на првите европјани (се работи за криминалци и убијци од Велика Британија, бидејки тамошните затвори биле преполни, а петтиот континент беше одлична прилика тој проблем да се надмине). Секоја земја со којашто Австралија има дипломатски односи даруваше на земјата понешто по повод јубилејот. Грција тоа го стори со изложбата од наодите од кралската гробница во Кутлеш претставена во музејот во Мелбурн.

И како што е вобичаено, по повод свеченото отворање на изложба во Австралија допатува претседателот на Грција Христос Сарцетакис. Но Грк не би бил Грк, па дури и ако е претседател на државата, доколку не предизвика проблем заради нивната опседнатост дека се грци, демек наследници на “нивните” славни претци од антиката. А еве што се случи:  Сарцетакис допатува дирекно во главниот град Канбера и во негова чест премиерот Боб Хок приреди свечена вечера. Но, во поздравното обраќање на грчкиот претседател, тој изрече големи критики за австралиската политика на мултикултурата бидејки, според него, “признавала посебност на етничка заедница (станува збор за македонците) кои (за Сарцетакис) како нација не постојат”!? Ваквата изјава на гостинот ги разбесни австралијанските политичари кои ја доживеаја како мешање во внатрешните работи на земјата и скрнавување на политиката на мултикултурата што, за австралијанците е нешто свето! Особено остри беа реакциите на премиерот Боб Хок.

Од Канбера, Сарцетакис замина за Мелбурн за да ја отвори изложбата на античките наоди од Кутлеш. Но провокацијата што ја изрече претходниот ден во Канбера беше доволен повод македониците од државата Викторија масовно да излезат и да протестираат. Нашинците беа приморани од полицијата да се соберат позади музејот, а обезбедувањето беше организирано со дури три кордони полиција, меѓу кои специјалци за боречки вештини (marshal arts), коњаници и урбана полиција. Се беше под контрола до моментот кога Сарцетакис – наместо да замине од главниот влез на музејот, каде го чекаше колоната со автомобили, излезе од задниот влез каде беа наспобрани македонците и тоа рапетлан како кафански пејач, и почне да ги провоцира насобраните илјадници македонски протестанти, извикувајки: “Македонико…….”. Тоа беше иницијална каписла и насобраниот народ побесна. настана невидена мешаница и обезбедувањето едвај успеа безбедно да го извлече грчкиот претседател.

Но колуминацијата на незадоволството на македонците сепак настана утредента, кога Сарцетакис дојде во Сиднеј. Без никаква најава или организација, околу хотелот каде беше предвиден ручек во чест на високиот гостин, самоиницијативно се собрааа (според проценките на локалните медиуми) помеѓу 25 и 30 илјади македонски иселеници. Испровоцирани од изјавите во Канбера и однесувањето во Мелбурн, револтот на насобраните македонци беше уште пожесток! Ни трите кордини полиција не успеаја да ги контролираат разбеснетите македонски демонстранти кои го искршија службениот блинридан Ролс-Ројс, што авсралискиот протокол го користи исклучиво при посетите на Кралицата Елизабета Втора која е номинален шеф на државата Австралија. Некои од гостите на ручекот беа приморани да влезат од задната врата на хотелот за послуга и доставувачи на намирници, за да ги избегнат протестантите. Таму наиде еден бел јагуар во којшто грчки владика направи гест со двете раце сличен на гестовите што лицето Зоран Заев ги направи на настан во Прилеп и Скопје, на што еден снажен Македонец – протестант, со гола тупаница го скрши стаклото од сувозачот и почна да го дави грчкиот владика. Само брзата интервенција на полицијата го спаси владиката отргнувајки го од побеснетиот Македонец.

Во сета мешаница имаше дури и помалку анегдотски случувања. Бројни беа апсењата на демонстранти кои ги трпаа во специјални големи полициски комбиња, но на помош на нашинците им излегоа полицајци од хрватско потекло кои: чим некој демонстрант ќе го пикнеа во комбето од задната врата, полицајците го пуштаа на слобода од предната врата.

Вакви демонстрации како споменатите – според масовноста и жестокоста, испровоцирани од шефот на државата Грција, речиси не се паметат до сега во Австралија. но, истовремено, мислам дека македонците на петтиот континент немале толку голема афирмација до сега од локалните медиуми! Демонстрациите беа проследени и со хеликоптери со директен пренос на австралиските телевизии: бројни беа интервјуата и изјавите на нашинци зошто протестираат, а имам впечаток дека и самите австралиски власти премолчено ги одоброја реакциите на нашинците бидејки незгодниот гостин длабоко ги навреди со своите изјави и тоа кај нив, дома.

Ете, токму заради овие случувања Христос Сарцетакис ќе остане запаметен длабоко во меморијата на македонците од Австралија од осумдесетите години  од минатиот век.

Но сепак, мислам дека генерално австралиската политика е понаклонета на грчката заедница и на Грција (која својата политика на петтиот континент ја реализира преку организацијата Пан Македоники), одколку на македонците. Грците се трета по големина заедница во Австралија, по италијанците и новозеланѓаните и како гласачка машинерија имаат големо влијание на внатрешната политика во земјата.

2. По прифаќањето на владата за зголемување на минималецот на 18.000 денари (според некои од 1ви март, а според други од 1ви април), уследи вистинска лавина од барања за зголемување на плати во речиси сите области, покачувања на пензиите, субвенции и повисоки износи за откуп на оризот, тутунот, грозјето… што е разбирливо бидејки цените на храната, електричната анергија и парното ги доведоа граѓаните на работ на егзистенција. А владата, иако се правда со проблеми и неможност да излезе во пресрет на сите тие барања, сепак остава впечаток дека е спремна да им излезе во пресрет на овие барања.

Дали навистина владата на Димитар Ковачевски има разбирање за маките на граѓаните и настојува да им го подобри стандардот со покачување на примањата – времето ќе покаже. Но, да не случајно станува збор за  “купување” подршка и симпатии на граѓаните за евентуално изненадување на власта со најава за предвремени избори??? Владиното мнозинство а на стаклени нозе. Дури пет пратеници од помалите коалициони партнери најавуваат дека ќе и ускратат подршка на владата доколку не се прифатат нивните барања за измени во Изборниот законик, на што одлучно се спротивставува владиниот коалиционен партнер ДУИ, што може да значи неминовен пад на владата!.

Од друга страна, провладините медиуми се сепогласни дека, според нив, наводно, опаѓа подршката на ВМРО-ДПМНЕ, дека некои коалициони партнери на опозицијата не се задоволни од нејзините политики и наводно размислуваат да ја подржат актуелната коалиција на власт!?

Извесно е дека ни претстои интересна политичка пролет, или есен, но предвремени избори се     н е м и н о в н о с т  и заради поданичката политика на актуелната влада во преговорите за надминување на блокадите од Бугарија, што може многу скапо да не чини!

3.Цртичката број 3 е за рубриката “Верувале, или не”. Имено, македонските судови го прогласија Израел за непријателска држава, а МОСАД за служба која е подготвена на нелегални дејствија во Македонија. Според пишувањето на македонските медиуми, Кривичниот совет донесол одлука за ново решение за притвор на екс-директорот на УБК Сашо Мијалков, при тоа го прогласил Израел за непријателска држава, а регионалните разузнавачки служби за анти-државни елементи кои се подготвени за извршување на кривично дело!? Во решението потпишано од судијката Васка Николовска Масевска, заедно со судиите Иван Џолев и Ненад Савевски ја прогласија Израелска држава за непријателска држава која наводно била подготвена да организира бегство на екс-директорот на УБК.

Ваквата одлука на судиите е заснована само на претпоставка (без било какви материјални докази), а во  образложението се дообјаснува и дека врските кои ги имал Мијалков во разузнавачките служби во Израел, ќе му помогнеле да побегне од Македонија.

Медиумите во Македонја констатираат дека тврдењето на судиската тројка е во најмала рака  произволно и опасно, особено поради фактот што Израел важи за земја меѓу најголемите пријатели на Македонија, па свесно или не може да се наруши овој однос.

Се почесто се прашувам: има ли нормални луѓе во Македонија што мислат на последиците од нивното однесување и (вои случајов со трите судии) на последиците од одлуките што ги носат!?

Се чини дека е неопходно новата власт – која и да е и кога и да е, да го следи примерот на албанскиот премиер Еди Рама кој во еден ден разреши 150 судии! Предлагам Македонија да го стори истото и да бира нови, некорумпирани и некомпромитирани судии – доколку сакаме да воспоставиме правна држава со објективно судство што ќе суди правично според законот, а не според телефонски јавувања и политички притисоци.

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top