Коментари

Македонска нација Како се создавани Бугари во Македонија

doom
????????????????????????????????????

doom Македонска нација 

Како се создавани Бугари во Македонија

По укинувањето на Трновската патријаршија во 1393 г. и Пеќската патријаршија во 1766 г., Охридската архиепископија беше последниот духовен бастион на славјаните на Балканот. Меѓутоа, во 1787 г. со султанско ираде била укината и Охридската архиепископија, а нејзините епархии биле припоени кон Цариградската епархија. Со нејзиното укинување и бил нанесен тежок удар не само на македонскиот народ, туку и на останатите славјански народи, кои преку Цариградската патријаршија беа изложени на ширење на грчкиот јазик и влијание на Балканот.

Во 19 век започнува борба на славјанските народи против грчките свештеници на Вселенската патријаршија, за враќање на црковнославјанскиот јазик во богослужбите и за возобновување на своите цркви.  Оваа борба резултирала со создавање на Бугарската егзархија во 1870 година, а пак по пат децении од прогласувањето на автономна Белградска митрополија во 1832 година, била добиена од Цариград и автомомија во 1879 година во рамките на кнежеството Србија.

Меѓутоа и покрај барањата на македонските свештеници и народот, Охридската архиепископија не била возобновена. Тоа ќе им овозможи простор на пропагандите на Српската православна црква и Бугарската егзархија да се шират во епархиите на поранешната Охридска архиепископија притоа присвојувајќи го и преставувајќи го македонскиот народ како свој. Поради ширење на Егзархиата надвор од етничките граници на Бугарија, Вселенската патријаршија свикала црковнонароден собор во Цариград и ја прогласила Егзархијата за шизматичка во 1872  година. Под шизма Бугарската црква ќе остане до 1953 година.

Но тоа не ја спречило Егзархијата да се шири во Македонија, истиснувајќи го грчкото влијание врз населението. По подобрување на односите на Бугарите со Османлиите, во 1877 година, на чело на Егзархијата доаѓа егзархот Јосиф(1840 – 1915), еден од главните преставници на бугарската пропаганда во Македонија и во последната деценија на 19 век биле поставени нови владици во Охриската, Скопската, Велешката, Пелагониската, Струмичката, Дебарско-кичевската и Неврокопската епархија.       

Српската пропаганда која ги има истите претензии, особено е активна по Илинденското востание во 1903 година и успева да го придобије населението во  повеќе села во северниот дел на земјата. За оваа Бугарско-српска црковна борба за индоктринација на македонскиот народ, се дадени големи средства од Белград и Софија за што говорат многу документи.  Иако денес тие се користат од соседите за докажување на некакви други корени на Македонците, сепак тие се доказ како истите вршела асимилацијата на македонскиот народ.

Всушност за Вугарската пропаганда Македонците биле Бугари, а пак за Српската тие биле Срби од Стара Србија. Тоа може да се види од презентираната коресподенција на бугарскиот егзарх Јосиф со скопскиот митрополит Неофит, објавена по Балканските војни (1912 – 1913) и поделбата на Македонија. Од ова писмо се добива востинска слика како пропагандите се обидуваат да го менуваат етничкиот карактер на Македонија.

Во контекст на денешните барања на Софија Македонците да ги признаат своите бугарски корени со оглед на документите каде нашите претци биле запишани во книгите на Егзархијата како Бугари, еве што пишува белградска „Политика“. Во овој весник од 28 декември 1913 година е објавен текст, во која е презентирано писмото на ехзархот Јосиф до тогашниот скопски митрополит Неофит, од кое се гледа „како се создавани Бугари во Стара Србија“, односно како Македонците биле запишувани како Бугари. Еве пто пишува белградскиот весник во статијата под наслов „Бугарски искрености“:

„Во неделниот часопис „Новое Звено“, политичко-економски сесловенски преглед, кој од 14 овој месец почна да доаѓа во Петроград, под редакција на А. Н. Брјанчанинов, објави верен превод и едно писмо од 1912 година од бугарскиот егзарх Јосиф до поранешниот скопски митрополит Неофит.

Од овој документ може убаво да видат и оние кои до сега не можеа или не сакаа да видат, според зборовите на истиот часопис, „како е ризично да се верува на белешките во егзархиските книги и како длабоко лажат оние кои безапелавионо тврдеа и тврдат (Миљуков и др.) дека сите оние кои се запишани во егзархиските книги се безусловно само Бугари.“

БУГАРСКА ЕГЗАРХИЈА

Бр. 5600

10 мај 1912 (Доверливо)

Цариград  

Њ. Високопреосвештенство скопски митрополит г. Неофит во Скопје

Новата состојба во Козјак, за која ми јавивте во доверливото писмо од 30 април Бр. 2254 заслужува секое внимание, пресретливост и такт од страна на Скопската митрополија. Во таа деликатна задача Егзархијата е готова да и даде на Митрополијата секаква поддржка и ќе и даде, за таа цел, на располагање сите неопходно потребни материјални средства.

Бидејќи настана погоден момент за да во крилото на родното духовно началство се вратат оние 34 села во Козјак, кои во 1903 година преминаа во српската пропаганда, гледајте да ги искористите сите моменти и сите фактори само да ги постигнете посакуваните резултати за нашите црковни цели.

Власта која ја има кол-аси (капетан – н.з.) Адил – ефендија е доволна. Поради тоа превземете ги не само мерките за да селаните на споменатите 34 села изјават дека припаѓаат на бугарската народност туку да ги уверите и за тоа, дека ако се откажат од српската пропаганда и се запишат во егзархиското паство во иднина никој нема да им прави никакви пакости туку дека државните органи ќе им дадат секаква правна заштитат. Не заворавете покрај ова, во  нивните пасоши да направите промена за нивната народност.

Во исто време, погрижете се да покрај Адил-ефендијевата поддржка да обезбедите и помош на другите државни органи, заради подобар успех на преземеното дело како сега така и во иднина.

Егзархијатот засега ви испраќа 100 лири. Ваше Високопреосвештенство – ќе пристапите кон остварување на назначените цели и ќе не известувате како за развој на делото така и за потребите.

28.12.1913-1

Ви се препорачувам на Вашите св. молитви и останувам Ваше В. брат во Христа, егзарх бугарски Јосиф.“

(Политика, 28.12.1913, стр. 1)

Инаку митрополитот Неофит (Наум Паскалев, 1870 – 1936), кој по потекло е од Охрид, рано останал сирак и го школува бугарската егзархија. Задоен како Бугарин, тој во 1907 година, со одлука на Светиот Егзархиски Синод, бил издигнат во чин архимандрит. На 7 декември 1908 година бил ракоположен за епископ со титула Брегалнички и бил поставен за викарен епископ на митрополитот на Скопската епархија Синесиј. На 20 јуни 1910 година, епископот Неофит Брегалнички бил канонски ракоположен за митрополит скопски. Меѓутоа тој не бил одобрен од Македонската револуционерната организација, бидејќи извршувал само наредби на Егзархијата. Поради овој избор, во април Христо Татарчев се сретнал со егзархот Јосиф, од кого добиле објаснување дека тоа бил единствениот соодветен кандидат. Во Скопје митрополитот Неофит бил активен против српската пропаганда, но по Втората балканска војна кога Вардарскиот дел на Македонија и припаднал на Србија и во составот на Белградската митрополија влегле Скопската, Велешко-дебарската и Призренската, тој бил уапсен од Србите и притеран во Бугарија. Со доаѓањето на Србите сега во книгите на Српската црква Македонците биле запишувани како Срби, а нивние имиња менувани. Истото се случувало кога се менувала власта во Македонија, за време на двете светски војни и меѓу нив. Така Македонците добивале различни изводи, во кои биле час Срби, час Бугари и т.н. Но ниту еден обид за асимилација на македонскиот народ не успеал.

Иако македонскиот народ бил изложен на силни притисоци и страдања, сепак никој не успеал во минатото да ги асимилира Македонците. За жал и денес како и во минатото, во земјата постојат внатрешни сили кои продолжуваат со истата пропаганда од 19 и почетокот на 20 век. Но како и тогаш така и денес, овие сили ќе бидат поразени.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top