Коментари

Македонските жени во одбрана на Македонија

1svekrva copy copy copy copy

1 Свекрва

Македонските жени во одбрана на Македонија

Македонската жена од антиката до денес активно учествувале во одбрана на земјата и во борбите за општествени промени. Иако денес, благодарение на оваа власт антиката е забрането подрачје, мораме да ги спомнеме  Македонките (мималони) кои биле заслужни за победата на македонскиот крал Аргеј I, синот на Пердика I, којвладее околу 659 – 645 г. пр.н.е. во битката со Галаур, кралот на Тавлантите, кој превзел разбојнички напад врз македонското кралство. Потоа македонската светица Лидија која во I век е и првиот христијанин во Европа, па македонски жени ајдутки, револуцинерки и партизанки, кои со многу жртви и храброст учествувале равноправно со мажите во борбата за слободна и неазвисна Македонија. 

Во ова време, кога благодарение на инсталираната марионетска власт е доведена во прашање сувереноста и иднината на македонската држава, во време кога ретко кој од македонската „машка“ интелегенција има доблест да се спротивстави на обезличувањето на земјата, поради стравот за својот комодитет произлезен од примерот на судбината на македонските патриоти кои заради одбрана на уставниот поредок од оваа ненародна власт беа осудени на повеќегодишни робии, во одбрана на македонската државност застанаа македонските жени. 

И додека мнозинството мажи молчат, на секое поле од општествениот живот, македонската жена , денес води тешки битки против Заевистите, најголемото зло по македонските национални интереси.

Битките со актуелната власт се водат на сите страни: преку медиумите, социјалните мрежи, во Собранието, институциите и т.н.    

Македонските жени се обидуваат на секаков начин да ги попречат штетните инцијативи на власта насочени против македонските национални интереси. По неуспешниот обид да се прифати декларацијата за заштита на Гоце Делчев, што покажува каков е односот на власта кон апостолот на македонската револицинерна борба и можноста власта да ги прифатат барањата на Бугарија која го негира постоењето на македонскиот народ, јазик и историја, македонските жени започнаа тешка битка во Собранието за да го спречат метастазирањето за Заевизмот насекаде по здравото македонско тело.

Имено, во последните неколку денови преставничките на опозицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ во Сообранието водат тешка битка за да се спречи СДС и ДУИ шверцерски да протуркаат закон за продлабочување на партизацијата во образовниот процес. Тоа е уште еден обид на власта да  протнат свои луѓе за сите понатамошни активности во обидот преку образованието да се обезличи македонскиот народ. 

И додека македонските жени водат битка за зачувување на македонскиот идентитет, јазик и култура, поедини преставници на власта без размислување и без некој повод и се закануваат на Руската федерација во контекст на случувањата во Украина. Да и се закануваш на Русија која го  признава македонскиот народ, неговиот јазик, историја и култура, а која патем е членка на Советот на безбедност на ООН е далеку од разумот.

Но од оваа власт се е можно.

Таа е спремна како членка на НАТО да испрати македонски војници во други земји (Летонија, Косово и т.н.), па дури и наводно да ја брани Украина од Русија, но не е способна да ја одбрани сопствената земја од евидентните територијални претензии на соседите. 

Власт која не можеше да ги одбрани македонските национални интереси (нарушени со Договорот со Грција, Договорот со Бугарија и Тиранската платформа), власт која не можеше да се справи подобро со пандемијата, власт која не може да се справува добро со енергетската и економската криза, како власт која не размислува за безбедносните ризици и за создавање на стратешки резерви од храна и енергенси како превентива од можните последици од Украинската криза, не смее повеќе да владее со земјата.

Оттука секоја чест на македонските жени и членовите на Унија на жените на ВМРО ДПМНЕ, кои застанаа во одбрана на Македонија од лошите политики на оваа ненародна власт. Но тоа не е доволно и бидејќи на сите им е јасно кон што води ваквата политика на СДС и ДУИ очигледно е дека траба што побргу тие да се протераат од власта. Тоа значи дека треба да се обединат сите прогресивни сили и освен жените и македонските мажи без страв. како потомци на револуцинерите и партизаните да ги засукаат ракавите, да ги земат условно мотките во раце  и да ги избркаат овие неранимајковци и антимакедонци што побргу од власта.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top