Коментари

Свекрва : Военото лудило во Украина зема се поголем замав!

1svekrva copy copy copy copy

1

Свекрва : Военото лудило во Украина зема се поголем замав!

Во време кога се прекршуваат сите меѓународни и хуманитарни права, кога во светот владее законот на џунглата, Македонија мора да има проценка на можните закани по безбедноста на земјата, стратегија и подготвеноста на службите да реагираат. Во време кога имаме повеќе прогласени кризи (пандемија, економска, енергетска, бегалска), Македонија мора навреме да ги преземе сите неопходни мерки и активности за да може земјата да се справи со сите безбедносни ризици и опасности по човековото здравје и материјалните добра..

Военото лудило во Украина зема се поголем замав. Во секојдневните бомбардирања на руските сили за време на специјалната акција за демилитаризација и денацификација на Украина, покрај огромното разурнување, гинат или се ранети се поголем број цивили, а повеќе од еден милион бегалци ја преминаа границат на Полска, Словачка, Унгарија и Романија, вклучувајќи ги и оние кои пребегаа во Русија. Се очекува овој број во нередните денови да се покачи до 4-5 милиони. Хуманитарната катастрофа, разрушувањата, можноста од нуклеарни инциденти и проширувањата на војната во Европа како никој да не го загрижува. Напротив, воените јастреби од Западот и Истокот, со своите изјави се повеќе го потпируваат огнот.  

Наместо да ги прифати условите на Москва, неутрален статус и демилитаризација за Украина за да не страда населението на Украина,  поранешниот комичар, а сега претседател на Украина, Володимир Зеленски, побара НАТО да го затворат воздушниот простор или пак да му испратат авиони за сами да го бранат, но, Брисел одговори дека забраната за летови во воздушниот простор би значело директна конфронтација на НАТО со Русија, што тие не ја сакаат, додека за Вашингтон втората опција била изводлива. Американскиот државен секретар Ентони Бликен во интервју за Си – Би – ЕС рекол дека земјите членки на НАТО имаат „зелено светло“ да испраќаат авиони во Украина, односно дека Полска како членка може да испрати авиони.

Меѓутоа секое мешање од страна, за Москва преставува закана на која таа директно ќе одговори. Така, според портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков „секоја земја што ќе одобри користење на нејзините аеродроми за украински авиони за напади врз Русија  може да се смета за земја во конфликт.

Оваа изјава би можела да се толкува дека ако од аеродромите во Полска полетаат украински воени авиони за да го заштитат украинското небо Полска би влегла во конфликт со Русија. Исто значи и за Романија, каде според Москва имаат пребегано украински авиони. Ако истите се вклучат во одбрана на небото над Украина. би влегла во конфликт со Русија,

Ако имаме во предивид, дека НАТО ја снабдува Украина со оружје, а сега сака да испорача и авиони, тоз би значело дека војната во Европа е неизбежна. И двете завојувани страни, кои се два славјански православни народи, како да не сфаќаат дека се изманипулирани и жртви на Западот од кој најголема корист има западната империја која е на залез и го губи приматот во светот..

Не се случајни војните на територијата на Европа и надвор од неа секогаш кога ЕУ се обидува да се обедини и да се консолидира како светска сила. Со цел да се спречи создавањето на Соединети Евроспки Држави, европска валута и европски безбедносни сили, во последните неколку децении на територијата на Европа се случи воен распад на СФР Југославија, потоа напад на СР Југославија, воен конфликт во Македонија, потоа надвор од Европа и сега пак во Европа. Во речиси сите конфликти беа вклучени и членки на НАТО од Европа.  

Денес, како да се повторува заборавената нацистичка реторика, како да се заборавија поразите на Наполеон и Хитлер и милионските жртви за време на Втората светска војна. И покрај сите историски поуки, економската војна која се води против Москва, всушност преставува увод во Третата свестка војна.

Ако Москва и Киев не најдат брзо решение, конфликтот лесно може да се прошири преку Романија на Балканот, а преку Полска во цела Европа.

Свесни за можните рефлексии на конфликтот во Украина, во Балтичките земји, Полска и Романија, НАТО распоредува воени единици, а на Балканот се носат нови единици на НАТО, во рамките на мисијата АЛТЕА (учествува и Македонија), а француските авиони ќе го надгледуваат возушниот простор над БиХ и Западен Балкан.  

И додека многу земји се подготвуваат за секакви можни сценарија, во земјата власта предводена од СДМ и ДУИ дури сега почнаа да размислуваат за стоковните резерви со храна, енергенси, лекови. Меѓутоа поради можните нуклерни инциденти со атомските централи во Украина ни збор не се слушна дали се набавени апчиња за радијација, дали се проверени скривниците и дали имаат филтри (дел од скривниците служат за одгледување печурки, некои се пренаменети за канцеларии, теретани и други активности), дали се проверени сирените за тревожење, дали е зголемена будноста МО и МВР, како и на службите: Дирекцијата за радијациона сигурност, Дирекција за заштита и спасување, ЦУК и т.н.

Во време кога се прекршуваат сите меѓународни и хуманитарни права, кога во светот владее законот на џуглата, Македонија мора да има проценка на можните закани по безбедноста на земјата, стратегија и подготвеноста на службите да реагираат. Во време кога имаме повеќе прогласени кризи (пандемија, економска, енергетска, бегалска), Македонија мора навреме да ги преземе сите напходни мерки и активности за да може земјата да се справи со сите безбедносни ризици и опасности по човековото здравје и материјалните добра.

За жал наместо превентива, многу од власта размислуваат за воено профитерство, зголемување на цени, вештачки недостаток на производи (прехранбени намирници, енергенси, струја). Што беше неодамнешните редови за бензин и ограничено купување? Што е отварањето на фирми за трговија со ел. струја? Прво ќе ги испраниме езерата и покрај строгиот режим на управување со водните ресурси, а потоа во недостаток на вода во хидроцентралите ќе увезуваме струја!?

Во контекст на сето ова, уште едно прашање до власта предводена од СДС и ДУИ. Ако веќе е преземена мерка најниската плата на вработените да биде зголемена од 15.000 на 18.000 денари, дали сметате дека со 3000 денари дадени за три месеци и со просечно зголемување од 900 денари ќе можат пензионерите со најниска пензија од 10.500 да ги преживеат сите овие горенаведени кризи. Каде се ветувањата на поранепниот премиер З. Заев и неговиот наследник за големото зголемување на пензиите, дека најниските нема да биде под 16.000 денари?  Можеби очекувате после јуни дека ќе се намалат цените и нема потреба од поголемо покачување или пак очекувате пандемијата и источните ветришта да го земат својот данок меѓу оваа категорија на пензинери!!! Всушност таа брзо ќе изчезне бидејќи нема да има ни за лекови, ни за да оди на лекар во ова наше наводно бесплатно здравје. Кој не заболел од Ковид 19 не знае колку пари му требаат да се опорави, а со вакви пензии многу тешко до здравје.

Со оглед дека СДС и ДУИ не се способни да ја водат земјата, дека не водат сметка за сите граѓани, освен за елитата, дека се однесуваат насилно и дека мислат само за себе (како да си купат златен прибор за јадење и да си направат профитабилни фирми), за да не ја доведат земјата како украинскиот комичар, најдобро е да се организираат предвремени избори и што побрго тие да заминат од власта! Друго чаре нема!!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top