Коментари

МАКЕДОНИЈА – ЕУ: НАДЕЖ ИМА, ПОКАНА ЗА ПРЕГОВОРИ НЕ!

Martin Trenevski 1

1martin1 (ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ 161)

1. АПЕЛ: И се обраќам на македонската опозиција и нејзините пратеници во македонскиот парламент  н а ј и т н о – не само со “европското знаменце”, туку со сите можни правни алатки што и се на располагање, да поднесе закон со којшто се укинува Законот за обезбедување на поранешен премиер со шест професионални полицајци, плус службен возач и возило, по завршувањето на неговиот мандат!!!

   Привилегиите од тој закон денес ги ужива и лицето Зоран Заев (ЗЗ), а што е најапсурдно: тој е два пати аболициран за тешки криминали и злоупотреби!  Седум професионалци ангажирани да му бидат сервис на ЗЗ според постоечкиот закон треба да ги плаќаме сите ние – граѓаните и даночните обврзници на Република Македонија!

   Неспорно е дека лицето ЗЗ  го наследи тој закон и привилегиите што ги гарантира истиот од неговиот претходник  – премиер, но тоа не е и не смее да (п)остане правило, особено не во ситуација кога земјата се соочува со најдлабоката економска и  политичка криза од својата независност.

   Според светската пракса, службено обезбедување му следи на екс шефот на државата, кај има и други привилегии: канцеларија со секретарка, еден асистент, службено ауто со возач и едно лице за обезбедување (ова е американскиот модел што и ние го следиме), но НЕ и за поранешни премиери.

   Доколку лицето ЗЗ не се чувствува безбеден во својата земја, што ја тормозеше како премиер наметнат од длабоката држава цели пет години, во кој период ја разобличи по сите основи, тој може да си дозволи самиот да си ангажира на своја сметка, приватно обезбедување. Неговата бизнис империја е импресивна: бројни фирми во Струмица, ширум Македонија и во странство, фарми за марихуана, тендери и кој знае што уште не, а според изјавата на Боки 13 дадена во судот и еден и пол милиони евра во готово од уцената на познат македонски бизнисмен!?

   И додека го пишувам овој прилог. лицето ЗЗ, заедно со неговиот верен пајташ од Заевата влада, екс-министерот за здравство Филипче, според провладините медиумски ботови наводно заминале за Дубаи (на скопскиот аеродром ги испратија неколкумина од шесте специјално за нив одбрани полицајци, но не знам дали тие ги придружуваат на патувањето) . Меѓутоа, ЗЗ сепак заминал во Турција, каде во Анталија се одржуваше традиционалниот интернационален дипломатски форум (не ми е јасно зошто воопшто ЗЗ бил поканет на тој форум и што имал таму да каже, кога зад себе – во сопствената земја, по заминувањето од функцијата, остави вистинска пустош).

2. Деновиве на гости ни дојде високиот претставник за надворешна политика и безбедност и потпретседател на ЕУ Жозеп Борел. И наместо да не орабри со некоја добра вест од Брисел за евентуален почеток на преговори за членство во ЕУ, тој ни приреди среде Скопје уште еден ладен туш. Борел ни порача дека во Унијата “имало волја, но не и датум за почеток на преговорите”. Според него, билатералните прашања не смеат повеќе да загрозуваат никаков процес на пристапување, дури ни ако се засновани на етничко-лингвистички согледувања. А за  утеха, гостинот ни порача и дека, наводно, “го разбирал разочарувањето што многумина го чувствуваат, а стартот на преговорите за пристапување на нашата држава и Албанија е висок приоритет за ЕУ”.

   Посетата на еврокомесарот Борел ја доживувам како континуитет на изживувањето и малтретирањето на ЕУ кон нашата земја поради злоупотребата на членството на Бугарија (но не само таа!), а не како некаков принципиелен став. Ако на ова се додаде и  “провнозата” на бугарскиот премиер Кирил Петков дека за 15 години ќе се надминат проблемите меѓу двете земји, кристално јасно е и крајно време е да се запрашаме: што и како понатаму!?

3.  Претседателот на РМ Стево Пендаровски одбива да се сретне со амбасадорот на Руската федерација во Македонија Сергеј Бездникин. Таквиот став Стево го објасни бидејки во четвртиот пакет санкции на ЕУ и САД  “имало формулација дека тие што ги подржуваат санкциите треба и дипломатски да ја изолираат Русија”.

   Кутриот Стево, па кои сме ние дипломатски да ја изолираме Русија бре човече? Наместо да се сретне со амбасадорот и да му го каже в’лице нашиот став за кризата во Украина предизвикана од руската воена интервенција; дека го подржуваме територијалниот интегритет на Украина и сме против решавање на билатерални проблеми со употреба на воена сила, туку низ дијалог и пореговори. Ќе беше добро доколку Стево ја поканеше и амбасадорката на Украина за лично да и го презентира и нејзе нашиот став, тој очигледно слепо ги следи наметнатите ставови  кон најгорливиот воен конфликт во ова столетие.

   Но  би го запрашал Стевота: кому бре човече струмичките земјоиделци ќе ги продаваат раноградинарските производи, праските и лубениците? На ЕУ и на САД, или на огромниот пазар што веќе е затворен за нас?

4. Во Македонија на 11ти март се одржаа повеќе активности со коишто се одбележаа 79 години од депортацијата на македонските евреи во Втората светска војна. На тој ден бугарскиот фашистички окупатор со однапред подготвени списоци, започнаа да ги апсат евреите од Штип, Битола и Скопје и да ги собираат во импровизираниот конц-логор во скопскиот Монопол, за по десетина дена да ги спроведат до старата скопска железничка станица каде беа натоварени во сточни вагони и упатени кон логорот на смртта Треблинка, во Полска.

   И наместо да го признаат злосторот (оригиналната документација на уништувањето на македонските евреи од бугарските окупоатори ја поседуваме ние, во Државниот архив на Македонија во Скопје) и покрај бројните апели барем да се извинат за злосторот – од бугарска страна молк.

   Се огласи само бугарскиот претседател, генералот Румен Радев со изјава дека. според него: “спасувањето на бугарските евреи во Втората светска војна е резултат на моралниот капитал на цели генерации”!? А да го прашаме Радев дали, освем егзекуцијата на 7.144 македонски евреи, дали и стрелањето во Ваташа и злосторствата во с. Дупница се составен дел од тој морален бугарски капитал?

   Колку за појаснување: нацистичка Германија и се заканувала на фашистичка Бугарија дека ќе ја бомбардира Софија и други градови доколку не ги предадат евреите, а исти закани упатувале и САД доколку пак Бугарија одлучи да ги предаде нејзините и евреите од окупираните територии. Фашистичката влада во Софија постапува во типично бугарско-византиски манир и за да ги задоволи двете страни одлучува да ги жртвува евреите од Македонија, но не и евреите во  Бугарија.

   Да видиме следната година, кога се навршуваат 80 години од овој злочин, дали Бугарија ќе се одважи да се извини за 7.144 македонски евреи што ги испрати во логорот на смртта Треблинка!?

5. И додека на тлото на Европа беснее војната, американската вселенска агенција НАСА гледа далекурочно како да се справи со  “проблем што ги загрижувал астронаутите” – сексот во  вселената.  За таа цел е основан “Клуб 62 миљи” што треба да истражи дали луѓето можат безбедно да се размножуваат во вселената со што би се обезбедило долгорочно човечко рисуство на други небески тела или вештачки објекти бидејки никој досега не се занимавал со интимни односи или човечкото искуство во сексуалните функции и состојба во Вселената или во вселенските вештаччки објекти, или како сето тоа може да влијае на работата на екипажот.

Звучи секси-футуристички, зарем не!?

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен миистер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top