Коментари

Свекрва Дали тенковите на Русија ќе останат во Украина!

1svekrva copy copy copy copy

1 Свекрв

Поминаа повеќе од месец дена откако руските вооружени сили извршија воена агресија врз Украина. Како последица на оваа неразумна војна се големиот број човечки жртви, огромните разурнувања и околу 4 милиони бегалци.

Руската армија која напаѓа од север, исток и југ се обидува во вид на клешта да се спои по средината на Украина за да ја подели на два дела: Источна и Западна Украина. Според презентираната карта на полска телевизија Источнниот дел би се припоил кон Руската федерација, а Западниот дел би била само копнена држава на Украинците, од која делови би влегле во Полска, Унгарија и Романија.

Ваквата карта на можна поделба на Украина го потврдува однесувањето на Западот кој прво ветуваше, а потоа под изговор да не се судри со Русија и да се избегне нуклерна трета светска војна го пролонгира воениот конфликт со доставување на оружје на Украинците, но притоа не превзема мерки да сопре војната во Украина и страдањата на украинскиот народ.

Со ваквото однесување на Западот и се овозможува на Русија да ги исполни своите цели, но и да продолжи понатаму во обликувањето на новите граници и сфери на интерес на големите сили.

Никој незнае каде ќе застанат тенковите и другите воени возила на Русија, никој не знае која е нивната крајниа цел, како што никој не знае што означува буквата Z испишана на овие возила. Постојат разни толкувања за нејзиното значење, меѓу кои и  Z–Зоро.  Нема кој не го гледал филмот или не прочитал стрип за популарниот јунак Зоро, осветникот со црна маска и меч, витез кој се појавува кога неправдата ќе се јави и кој во име на добрите се осветува на лошите.

Ако се има во предвид дека Русија ја започна т.н. Специјална воена операција со цел изврши „демилитаризација и денацификација на Украина“, познавајќи ја осетливоста на Русија кон екстремната десница во Украина поради она што нацистите го направија за време на Втората светска војна во Русија, главната цел е уништувањето на повампирениот нацизам. Ако Русија го споредија НАТО со Вермахтот, војската на нацистичка Германија, тоа значи дека Русија може да продолжи со интервенцијата не само во Украина, туку и против други земји членки на НАТО, ако се закана по нејзините интереси и безбедност.

Русија во својата нова стратегија од пред неколку години најави дека нема повеќе да се брани во рамките на своите граници, туку превентивно ќе делува на заканите и надвор од својата граница. Отфрлајќи ги осудите дека таа се однесува како Германија за време на Втората светска војна и дека Путин се однесува како Хитлер, Москва сметта дека Западот кој го прекрши меѓународното право и без одобрение на ОН варварски ги бомбардирал СР Југославија, Ирак, Авганистан, Либија и Сирија, нема право да ја осудува Москва.  

Москва дури и се закани дека секој доколку се вмешаат во Руско-Украинскиот конфликт, ќе се соочи со соодветен одговор, кој не го исклучува ни нуклеарниот. Односно ако воено интервенираат или пак им даваат авиони, можноста руските тенкови со ознаката Z да продолжат кон Европа станува се посериозна,

Меѓутоа, додека Полска и други членки поттикнати од САД, ги игнорираат предупредувањата,  вршат економски блокади и ја потпомагаат воено Украина, а со тоа ја го зголемуваат жртвите и ја продолжуваат агонијата на цивилното население кое е останато во Украина, дотогап Унгарија и Бугарија одбегнуваат да даваат оружје, под изговор дека немаат доволно за себе.

Едноставно стравот од руските тенкови и економски интереси на сопствената земја го дефинираат ставот на Будимпешта и Софија, но истовремено покажуваат дека нема единство во НАТО. Покрај бугарскиот претседател кој нема да дозволи Бугарија да се инволвира во конфликтот, бугарскиот генерал Димитар Шивиков не се сомнева во брзата капитулација на  Украина, со што ги покажува симпатиите на Софија кон Москва, како и односот на Бугарија кон Македонија.

Меѓутоа појавата на картата на поранешен украински пратеник за можна етничка поделба на Украина, може да биде повод за отварање на низа етнички прашања во Европа, Корзика веќе е на пат да добие автономија од Франција, но Шпанија не сака да слушне за барањата на Каталонија за автономен статус. Сепак најсложено е на Балканот, во БиХ, Србија, Косово, Црна Гора и Македонија кои се наоѓаат во фокусот на интересот на САД и Русија.

Однесувањето на премиерот на Косово Албин Курти кој ги провоцира Србите во Северно Косово и бара ревизија на договорот со Црна Гора со кои на Подгорица и било остапено земјиште, како тежнението за спојување на Косово со Албанија може да предизвика нови судири во регионот. Исто така и однесувањето на трите ентитети во БиХ, Србите, Хрватите и Бошњаците дава право за загриженост.

Секоја интервенција на Белград за да се заштитат Србите на Косово и во БиХ, а со помош на руските тенкови ќе биде вовед до барање за излаз на море, на просторот меѓу Црна Гора и Албанија, а пак секоја изгубена територија Албанците ќе бараат компензација во Македонија што ќе зависи многу и пописот  во земјата, иако тој многумина не го признаваат како реален бидејќи голем број Македонци го бојкотираа поради пандемијата. Но, Македонија може да се најде во ситуација како и во 1941 година кога беше поделена во земјата на две тогашни соседни окупаторски земји.

Свој одраз во Македонија може да има и односот на Турција и Грција кон Руско-Украинскиот воен конфликт. Иако двете земји се членки на НАТО, тие засега покажуваат наклонетост кон Москва, но доколку некој ја промени страната, може многу лесно да дојде и до судир меѓу нив.

Македонија без разлика што е членка на НАТО треба да биде и треба да биде многу внимателна бидејќи е опкружена со волци кои не и го мислат доброто. Секој потег, секој збор на преставниците на власта треба да се вага, но и треба да се остранат и министрите кои повеќе се интересираат за една одредено  етничко малцинство, отколку за македонскиот народ и целата македонска нација.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top