Коментари

Ламбе Арнаудов: СОНЦЕТО ЗАОЃА, НЕМА ДА НÉ ЧЕКА!

lambe-arnaudov

1 Lambe Ламбе Арнаудов

Утрово, првпат во последниве 5 години слушнав песна изведена на национален медиум што го содржи името славно, милозвучно, вечно прираснато во нашите срца и души, името гордо МАКЕДОНИЈА.

За МАКЕДОНЦИТЕ радост, среќа, озареност но и мирно пристаниште во кое живееме со полна плуќа, отворени хоризонти и светол и јасен поглед кон иднината, но истовремено нашето славно име МАКЕДОНИЈА е и страв, немир и одвраќање на нашите непријатели.
Уште повеќе сум среќен што песната беше симболот на македонските навивачи “МАКЕДОНИЈА НАВИВА ЗА ВАС“ во брилијантна изведба со повикувачка порака на покојната легенда Тоше Проески.

Посветена на нашата гордост, милениците на МАКЕДОНИЈА наши, а светски фудбалски асови и благодарност огромна за сé што прават за татковината им МАКЕДОНИЈА, но и за потсетување на неразбраните би додал и глупави политичари кои дозволуваат нивната работна задача која ја грешиле од мајка, да мораат да ја исправуваат овие прекрасни млади момчиња и да им ги поплочуваат патиштата кои шутраци ги раскопале.

Што сој ќе бевте вие комунистите и од каква лесно расиплива роба сте создадени? Генерално го употребувам ова име затоа што само ја менувате рубата а суштината не и затоа колку и убава, нова, брендирана облека да купувате и носите, не ви СТОИ, не ве прави вистински луѓе.

МАКЕДОНИЈА, вистинска убавица, посакувана невеста од секој принц, ја осакативте и од неа направивте намерно тежок инвалид за да ја поседувате и распродавате како посед што никогаш не сте го имале во сопственост. Затоа и толку евтино ја давате а најчесто бадијала.

Прво и ги отсековте долгите убави нозе до торзото што во топлите денови си ги ладеше во Беломорието.

Бевме близу не до Солун, дојдовме на 20 км од Атина, имавме милионско население во нашите убави градови. Кога се кренавте и почнавте да заминувате, по наредба на болшевиците им ветивте на оставениот ваш род и народ на брутална одмазда, дека ќе се вратите. Не ви веруваа, со право и ви одговорија: “НИКОГАШ НЕМА ДА СЕ ВРАТИТЕ“. Знаеше сиромашкиот но умен мој народ дека вам комунистите интернационализмот ви е помил од ТАТКОВИНАТА.

Потоа и ја отсековте и левата рака до рамето. Оставивте мирно наш народ на посвојување кон туѓо семејство, и од наша територија направивте база од која се упатуваат отровни уништувачки стрели насочени да го дотепаат нашиот јазик, идентитет, историја, културно наследство и име.

Не запирате. Продолжувате со несмалена жестокост да тргувате нудејќи бесценето богатство што останало кај народот, незаконски го грабате и присвојувате за потоа евтино и без грам грижа на совест да го распродавате. Обичните шверцери за вас се благородна класа.

За да ја “разубавите“ МАКЕДОНИЈА поточно она што остана од НЕА разграбено и разорано од вашите дедовци и татковци, неразбрани трговци, природните убавини од ГОСПОД подарени и ги заменувате со силиконски импланти, вие приучени, неспособни естетски хирурзи.
Името што зрачи љубов, топлина, енергија, вечност го оладивте со студенило од најсеверните делови на планетата Земја.

Убавата извезена со срма и монизда шамија ја заменивте со имплант што го грди убавото лице на нашата природна убавица до непрепознатливост и оригинална природна убавина.
На најубавата и најсвечена наша песна и ги извадивте најубавите стихови од народ подарени за да направите простор за нови импланти силиконски, за нас туѓи и непознати.

Мажи, четворни колосални јунаци, мудри народни трибуни, нивните потомци и сите ваши сограѓани со име и презиме ги избришавте и со најевтиниот силиконски зафат ги направивте ЧЕТИРИ ЦРТИ.

Вие сте единствени естетичари способни да направите интервенција и да го “разубавите“ некој внатрешен орган. Се докажавте. Ни го наполнивте јазикот со силикони да не знаеме кој зборува, а кој слуша и на кој народ припаѓа.

Илјадници години поминале низ нашиот ум, а сега не направивте на ништо да не се сеќаваме. Ни закачивте чип во мозокот со кој забораваме сé и да ве паметиме само вас.

Сонцето заоѓа, не нé чека. Разбудете се рано на изгрејсонце. Да ја завршиме работата додека сјае Господовата светлина. Ако чекаме да му кажеме догледање сонце, утредента нема да се разбудиме исти.

Ноќе работат само ѓаволи, натемаго, зли самовили и вештерки.

Ако останеме само на догледање сонце, не ни се пишува добро. Затоа избери: Догледање Сонце. Добредојде Сонце.
На крај: деновиве славевме 2 години рамноправна членка на НАТО Алијансата.
Апсолутен заговорник сум за НАТО и ЕУ интеграциите, Македонија во нив.

Придобивките за кои зборуваа тројцата премиери (Македонија има тројца премиери, еден поранешен и сега активен и двајца актуелни и сите заедно не прават четвртина премиер) се интересни и разбирливи. НАТО нé брани..
Господа премиери, никој не те брани ниту пак ќе те одбрани ако сам не се браниш.
Логиката, која за мене е најдобрата општествена наука, друго ми зборува.
Со кого ги имаме најголемите идентитетски проблеми, разграничувања, а според некои нивни политичари, и територијални претензии на Македонија? Одговорот е јасен.

Со две потполно рамноправни и постојани членки на НАТО и ЕУ и кои заради здобиениот статус треба да ги почитуваат до максимум основните критериуми, правила и начела за меѓусебно почитување, добрососедски односи, неповредување на територијалниот интегритет, признавање на суверенитетот, негување и развивање на човековите права и слободи, согласност со
различностите што произлегуваат од идентитетот, јазикот, културата, историјата и нивно почитување.
Што од ова ние видовме во сиве овие години од Грција и Бугарија? 

Ништо. Комплетно обратно однесување од основните принципи што се негуваат во НАТО и ЕУ и треба да важат за сите народи.
Што знам, пак можда и не важат баш за сите.
Разбуди се Народе Македонски, Сонцето само што не зашло.
Мракот ќе нé изеде.
Како што многупати досега сум кажал, сепак за народ секогаш има УТРЕ, дури и тогаш кога за сé
останатото тековниот ден е последен.

Со ВМРО-ДПМНЕ и со Лидерот ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ храбро и гордо КОН НОВОТО СОНЦЕ НА СЛОБОДАТА.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top