Коментари

КОРОНИЗАЦИЈА. И птиците сепак не биле слободни. Морало да заВисат од ЕкоЛогистиКата дневна?

1Marija Kukubajska

1Marija Kukubajska 

Марија Емилија КУКУБАЈСКА 

Земја, прашина, пат – низ ниви родителски. Небо, сечие, а сепак мое, над моја земја, од раѓање разгрането. Пат, но за птици преселници од своја во друга, од природна во одродена средина?? 

Птици, птици!! Нели целта ви е предел определен од био-географија?! Природна ли ви е сега туѓината, хРаната поднослива ли е за гените изнасилени во туѓи садови? Од глад или гад бегате?

Овде и децата наши – мили, милозливи, дарежливи, машко, женско, богато, сиромашно- и влекачи и гулаби хранат меѓу грабливите дивотии, и не знаат од зло да се бранат? А гаврани, чавки, стаорци и мравки демнеат, од завист темнеат, плетови туѓи газат, мразат, семиња колват, стебла крадат од миразот на мирот – од деца, од старци, од вековен п(л)од.        

Вековна вистина е: секогаш има искинати, оголени, нечисти, разболени, бедни, безвредни и материјали и мисли, по улици, по скали, и по гламурозни сали – анти-луѓе меѓу луѓето вријат. И еден страден Мики, со право од грабливи птици леб си брани, против глад по улици се храни, но,  туѓи полиња не гази со гнев. Може ли со лесно, свесно да се разДава она што чесно не се создава?

Се тргува ли со маката на работливите… нивите јаболки, ориз, тутун да ги оставаат непродадени? 

Колку можат да знаат преселниците агресори што е фер-пазарење, што е твое/мое? Заедничко било се` – демон-стрираат номадите граѓани на светот, ограбуваат дарежливи, невини домаќини кои и за свои деца немаат. Од ред и мир, од родна земја ги падат, од нив јадат. Со стрв им цицаат крв!

Птици, или пци, убаво време ли, или зли, лажни вести носите? Микрософт клаудс против органска меморија, психотронски кодоши и шпиуни против вљубените во вистината – врнат над Нотр Дам, криптичен идеограм за нов храм, за закон против срам и жал? Нови анти-вести истураат, бришат нормала! А градевме, народи просветлувавме. Од психобомби сега ќе можеме ли да се чуваме?!

Вода, о, да – ни капка чиста за пиење, за миење светски отрови и домашен јад, та ниедна вода  да не знае да испере наРации на СлобоДните радикали. Тиранизираат тие со правила против сите правила, радикалите со инстант беснило каснуваат несвесни генерации, пластифицирани, три-ди копирани идентитети, хибриди алчни за промени: птици со риби, рептили со луѓе… хуманоидни лешинари и глодари морфирани во луѓе. Свиени, во хуманитарни ќулавки скриени, стрвно демнат, да се нафрлат, да маѓепсаат жртва – и жива и мртва, само за сопствен кукаст клун, клон немилосрден, уста-канџа, само за бодеж и грабеж монтирана, привлечна само со измамничко лого, најмоќна кога збркува и заведува неискусно избезумени, или криво-умни, или безумни, изгубени.

Во акаСфери и во хејтерски медиуми – пандемски се шират бездомните птици. Пад подготвуваат во Г-Ад. Со мотори од метално перје, и енергија од гасовити и течни пари, ака тој ѕвер во сите сфЕри, не признава прастаро, чисто домородно плодно семе, ако не е ѕверски заколнат против висини на вистините и слободите вселенски закон што ги грее низ чоВечни текови. Клука, плука на влезот и кровот на светот. Со презир, провокации – пали, руши, двои, туѓо да освои, опустоши?

Ние мирот желеевме заедно да го чуваме, не да ограбуваме, не да снемуваме еко-системи што не’ бранат од горештини и студ, гола пустош да не настане, без траги од култури, без писма од саканите, песни од вековите, Карпош востанија, без име со кое се водиме низ времето. Љубовта ни` осветлува град(б)и и во нив не’ чува од курвинска трговија со оружја, органи и со бело робје.

Каква гротеска: романтичари-јаничари! Од инстинкти и илузии не се храни нормално реалното.

Но, тие, неприродни натуралисти, лажни нематеријалисти, подземни елити во змиска ложа: Нам ни’ голтаат и пилиња и гнезда. Ѕвезди симнуваат, а овошни срца сурово ни’ сушат, тонат, ронат во утописки Аркадии. Револуции садат садистите, душа вадат. Најранливите ги рануваат…

Од заседи, од небо, од земја, од вода… Ново-левите продаваат на десните, следбеници купуваат, слободно да задават гулаби на мирот, и елените во хиени да ги престорат. Крадци му судат на ограбениот – да не изусти дека со клет геноцид му раскинуваат ѕидови на клетките – да навлезат радци новодобски. Тие грев не признаваат, тие народот за народност на гиљотињи го сечат. 

Во леви темнини левите птици со пустински ветер печат десни делови од човековото цело.

Со шеќерно-отровен клун – песок во уста на вистината и’ набиваат, и колец во срж на надежта,за да не не’ биде. НО, и по крвни делби и по трајни преселби – чуваме и наследници и претци ние, заедно да сме: Моќ на љубовта за правда. Не се одродуваме, за правдини робуваме, народе наш!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top