Коментари

Бугарска правокација во Битола

1svekrva copy copy copy copy

1 Свекрва

На 18 април 1941 година со одобрение на нацистичка Германија, Бугарија ја започна воената окупација на Македонија. Осумдесет и една година потоа, два дена пред годишнината од овој настан, поточно на 16 април оваа година, бугарскиот премиер Кирил Петков, вицепретседателката на Бугарија Илијана Јотова и членот на парламентот Захариева беа на отварање на бугарски Културен центар кој го носи името „Иван Ванчо Михајлов“, котраверзна личност од штипско Ново Село, кој се бореше за бугарската кауза, не признаваше постоење на македонски народ, човек кој е виновен за погибијата на многу македонски дејци меѓу двете светски војни и беше соработник со нацистичкиот режим за време на Втората светска војна, .

Присуството на бугарската делегација на отварањето на т.н. Културен центар во Битола, а потоа и во Охрид, наместо културен настан, беше чин на правокација, чин на негирање на македонскиот народ, но никако и чин на добрососедство на два народа.

Всушност под маската на демократија, присуството на бугарската делегација на отварањето на КЦ „Ванчо Михајлов“ беше чествување на фашизмот и 81 година од почетокот на окупацијата на Македонија за време на Втората светска војна.

Ако некој добие погрешна перцепција и смета дека тоа не беше чествување на фашизмот, тогаш треба да запраша зошто бугарската делегација не положи цвеќе и не се извини пред споменикот на Евреите од Битола, на жртвите од холокаустот кои т.н. „бугарска администрација“ во март 1943 година ги депортира во логорите на смртта!!!? Нешто повеќе од  3000 Евреи од Битола беа однесени и истребени во логорот на смртта во Треблинка.

Присуството на оваа делегација отвори многу прашања, меѓу кои:

Дали има пилот во земјата?

Кој дозволи да се отвора Културен центар под име „Ванчо Михајлов“?

Кој дозволува внесување на бугарски книги во кои се негира постоењето на Македонци?

Зошто нема ниту еден демарш од власта кога не навредуваат – дека не постои македонски народ?

Зошто се дозволува да не уценуваат за влез во ЕУ ако не признаеме дека Македонците имаат бугарски корени и дека македонскиот јазик е западнобугарски дијалект?

Вреди ли да се преговара со некој кој не ве почитува, кој ги велича фашистичките соработници?

Дали е ова враќање на нацизмот и фашизмот? Зошто молчи Еврејската заедница? и т.н.

Сепак Бугарите уво не ги боли ни за Македонците, ни за Евреите.

Тие дојдоа во Битола и Охрид да си ја обележат територијата, крајните граници, кои според Санстефанска Бугарија и окупационите зони од Втората светска војна е од Охрид до Црно Море.

Единствено кој бугарската делегација ја пречека во Битола, што добива и официјален карактер е министерот за надворешни работи Бујар Османи. Меѓутоа, на прв поглед изгледа дека тој единствено се интересира само како да ја снабди Албанија со бугарска струја. Но што се крие во позадина од преговорите со Бугарија не знаат ни пратиниците, а можеби ни македонскиот дел од власта предводен од СДС. Се е во рацете на ДУИ.       

Сето ова се случува кога од полициски магацин во Охрид е украдено оружје. Ако се сетиме каде заврши оружјето по масовните грабежи од воените магацини во Албанија во 1998 година, може само да се претпостави каде можат да завршат украдените бомби, гранати, муниција и др.

Имено, на северната граница на Косово повторно врие. Наводно секојдневно се пука врз косовската полиција од дрвокрадци. Од друга страна Британија им испорачува противоклопно оружје на Косово и се противи Србија да има главна улога во Отворен Балкан. Таа сака Бугарија да ја превземе таа улога, делувајќи преку Македонија, како најслаба алка.

Во контекст на настаните во Украина, кога во Европа и кај соседите се повампирува наци-фашизмот, земјата треба да биде многу внимателна. Нема потреба од истрчување во рамките на НАТО и ЕУ, чија иднина набрзо може да биде доведена во прашање, поради внатрешните несогласувања. Но Македонија прво мора да се престрои внатре и власта да се прочисти.

Македонија не смее да дозволи да ја водат лица чиј поглед е свртен кон соседите (Бугарија, Албанија, Косово, Србија, Грција) и не смее да дозволи правокации кои водат до распаѓање на земјата. Таа мора да остане држава на македонскиот народ и сите други заедници.  

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top