САВО КОСТАДИНОВСКИ : ИСУС ХРИСТОС
Секој ден се молела мајка му Марија,
во нејзината убава младост:
сакана рожба Господ да £ даде,
да £ се исполни куќата со радост.
Молбите ги слушнал, се смилувал Господ,
како во Библијата што стои:
се родило дете, го крстиле Христос.
Го чувала мајката ко очите свои.
Кога пораснал Христос, за себе сознал
дека поседува натприродна моќ.
Го ширел своето благородно учење,
со своите ученици, ден и ноќ.
Но, неговите противници го изложиле
на едно јавно и големо измачување.
Подоцна му признале дека е божји син,
со Христовото свето воскреснување.
Набргу потем светот се сменил.
Народот го осознал до прекумера.
Со спасителот, со божјиот син