Коментари

Мартин ТРЕНЕВСКИ : КИРИЛ ПЕТКОВ НА ПЕЕЊЕ ВО ВАШИНГТОН

Martin Trenevski 1

1martin1 (ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ 169):

1. Вистинска бура се случува деновиве ЗА и ОКОЛУ Македонија! Како никогаш до сега толку многу значајни настани се поврзани so нашата земја! На арно ќе да е – се надевам!!!

  –  Првата радосна и за нас долго очекувана вест стигна од Стамбол град и гласи дека Синодот на Вселенската Патријаршоја ја призна МПЦ-ОА за канонска црква која не е веќе во раскол со православниот свет! Втората, се разбира не помалку политички важна стигна од Вашингтон од каде е најавен “стратегиски дијалог” помеѓу владите на САД и Република Македонија. А во нашата земја, на полигонот Криволак,  деновиве ке се одржи една од најголемите воени вежни на НАТО алијансата во јужното крило со учество на над четири илјади војници од шест членки на Аклијансата и со бројна оклопна и друга техника и авијација. Во контекстот на случувањата ќе ја поместам и посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Вашингтон каде, сигурен сум дека ке биде “пејан” во Стејт Департментонт зарада садистичкото изживување на званична Бугарија со нејзините национал-шовинистички блокади и уцени за почеток на преговорите на нашата земја за членство во Европската Унија.

    Потегот на Св. Синод на Вселенската Патријаршија е од огромно значење за нас православните македонци дома и во дијаспората, бидејки го очекувавме со децении. Каква иронија на судбината, Македонската православна црква која со право може и треба да се смета за апостолска црква, беше незаконски укината од Турски сулктан (муслиман, кој немал такво право и овластување) во 1767 година, за македонските епархии да бидат разграбувани по поделбите на Македонија во Балканските војни (191201913). Со одлука на денешното (9.05.2022) заседание на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија, предводен од вселенскиот патријарх Вартоломеј, Македонската православна црква – Охридска Архиепископија е призната за канонска црква! Оваа одлука за познавачите на црковната проблематика не значи томос (акт) за автокефалност, туку претставува објава дека МПЦ-ОА не е во шизма и раскол со православниот свет!!! Со други зборови, Вселенската Патријаршија ја признава црковната хиерархија предводена од Архиепископот г.г. Стефан за канонска и валидна во сеправославниот свет и воспоставува канонско и литургиско општење со неа.

   Вселенската Патријаршија ја призна МПЦ-ОА под името „Охридска” (имајќи ја на ум како област на нејзината јурисдикција владението во границите на државата Република Македонија).Ваквиот чекор на Патријархот Вартоломеј и на Вселенската Патријаршија претставува историски настан, бидејќи конечно се исправа долгата неправда нанесена врз нашата Црква, велат од МПЦ-ОА. Признавањето на каноничноста од страна на Мајката Црква, првопрестолната Вселенската Патријаршија ѝ стави крај на речиси седумдесетгодишната изолација на возобновената Охридска Архиепископија, додаваат оттаму.

   – Воените стратези и аналитичари се сепогласни дека сегашната воена агресија врз Украина може лесно да се прелее и во регионот на западниоит Балкан каде е сеповидливо руското влијание, особено во Бугарија, која е членка на НАТО и ЕУ. Додуша и кај нас, во Македонија, не е мал бројот на оние што се проруски настроени, но главно како резултат од гневот и незадоволството од непринципиениот став на ЕУ која во недоглед го одолговлекува почетокот на преговорите на РМ за членство, на што силна подршка добиваме во континуитет од САД. Токму заради тоа и како одговор од САД, претпоставувам е и американската иицијатива за стратегиски дијалог со РМ што ќе почне на 2ри јуни на којшто, верувам ќе има и цврсти аранжмани со цел да се зајакне американската подршка на Македонија.

   – Воената вежба на НАТО трупите во полигонот Криволак секако е многу значаен настан од неколку причини. Пред се, таа многу ке помогне за обука на нашите професионални војници, но исто така и е значајна за безбедноста на државата. Додуша, македонските војници и досега учествуваа во повеќе операции на НАТО (ИСАФ операцијата во Авганистан на пример), но претстојната вежба секако ке биде одлична прилика за стекнување нови експертизи и искуства.

   –  За посетата на Кирил Петков на Вашингтон не чувме многу но не ја исклучувам можноста врз него да биде извршен голем притисок Бугарија да го промени своето однесување кон Македонија и да престане да го условува нашето членство во ЕУ со невозможни и неприфатливи барања. Впрочем, Вашингто веќе и даде жолт картон на Бугарија со одбивањето на Конгресот на САД да одобри продажба на ескадрила супермодерни авиони Ф35. Белким во Софија ја сватија пораката дека нивното насилие кон Македонија, земја-сојузник во НАТО, НЕ ПОМИНУВА!!!

2.  Невиден скандал се случува во основното училиште Киро Глигоров во Скопје. Замислите, приватен угостител си го зел под наем училишниот двор за да постави кафуле, а за директорката што му го овозможила тоа “се било по закон”!? Со право викендов во дворот се собраа родители кои протестираа заради ваквата бескрупулозност и крајна негрижа за интересите на децата. Да не се лажеме, оваа операција не е направена “за лепе очи”, што би рекле скопјани и најверојатно кафанџијата се испрсил повеќе илјади евра за “разбирањето” и  “противуслугата” од директорката!? А дотичната директорка која и самата најверојатно е мајка и пред се педагог како да не сваќа дека кафулињата се најчесто места каде се продава дрога и слични поганштии.

    Се придружувам на протестот на родителите и следниот пат и саиот ќе појдам на протест бидејки моја внука од ќерка оди во тоа училиште.

    Но сугерирам: министерот за образование најитно да и даде отказ на диреркторката, па дури да побара кривична одговорност од неа бидејки навистина станува збор за скандал без преседан!!! Но бидејки министерот е од народностите, како и кафанџијата-закупец, се сомневам на крајот да не испадне онаа – народната “врана на врана очи не вади”!?

Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top