Коментари

Тихомир Каранфилов : Д.Томчев: „Големобугарските, големосрпските и големогрчките шовинисти никогаш не сакале да ја видат Македонија слободна и обединета“

Tihomir Karanfilov-001

1Tihomir

Тихомир Каранфилов

„А малата, но херојска Македонија, родното место на славјанската култура и просвета, ја даде својата сила и поднесе скапи жртви за градење на славјанското братство и славјанската солидарност. Инспирирана од овие вредни племенски и општествени доблести, од заветите и идеалите на нејзините големи синови, верувајќи во братската поддршка на големиот Советски Сојуз и големите демократии: Англија и Америка, таа со право очекува да види целосна примена на принципот на национално самоопределување на народите.“ – пишува Димитар Томчев („Македонија и Славјанството“,  („Македонска мисъл“ кн.1-2,, 1945 г.)

Во 1945 година, македонскиот емигрант Димитар Томчев, по потекло од Воден, како помошник уредник на списанието на Македонскиот научен институт во Софија  „Македонска мисъл“ (945) ќе објави текст под наслов „Македонија и Славјанството“, Покрај придонесот на македонскиот народ за славјанството, на крај од текстот, авторот се осврнува и за придонесот и херојската борба на македонскиот народ за време на Втората светска војна, за славјанската поделеност, за оспорувањето на соседите, како и за правото за национално самоопределување на народите.  Во текстот кој преставува и денес опомена од последиците поради непризнавање дека Македонија им припаѓа само на Македонците, Томчев меѓудругото  вели: 

„Македонскиот народ не се помири со најцрната реакција – Хитлер-фашизмот – овој дух на уништување, војна и варварство. Се бореше храбро и одлучно. Југословенската комунистичка партија ја сигнализираше оваа борба. Таа го крена спасоносниот слоган – масовна, сенародна, организирана и вооружена борба против окупаторот во име на слободата, братството и еднаквоста меѓу јужнославјанските народи… Во оваа борба активно учество зела и младата, но храбра македонска војска. Во огнот и крвта на решавачката борба и во зората на победата, Македонија го оствари својот вековен идеал. Старата реакционерна Југославија, Југославија на големосрпскиот шовинизам, беше уништена, како и Бугарија на дворската камарила, на финансиската капиталистичка олигархија, која ги загуби виталните интереси на бугарскиот народ. Се создава нова Југославија на демократски и федерални принципи – Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора и Македонија стануваат слободни, еднакви, политички единици во новата демократска и федерална Југославија.

Мора да го нагласиме фактот дека големобугарските, големосрпските и големогрчките шовинисти никогаш не сакале да ја видат Македонија слободна и обединета. Нивните криминални планови се познати. Тие не ја заборавија и не ја забораваат непобедливата вистина дека Македонија им припаѓа само на Македонците...

По вековна борба, по цена на илјадници жртви и нечуени страдања, Македонија (Вардарска) е слободна. Таа има своја држава, свое народно собрание, своја народна влада, своја народна власт. Трескавични економски, политички и културни активности се во полн ек во Македонија. Ова е плод на победата на заедничките обединети тригодишни истрајни борби на братските југословенски народи. Ова е врвна вредност и придобивка за илјадниците жртви, за убиените невини деца, жени и старци, за изгорените села и градови, за нечуените страдања и маки. Оваа борба ги зацврсти единството и братството на овие народи и нивната цврста определба да живеат заедно во федерална и демократска Југославија. Слободата на Македонија несомнено е дел од напорите и жртвите на сите славјански народи и народи на големите демократии: Англија и Америка, кои жестоко се бореа против германскиот милитаризам и фашизам… И покрај нечуените страдања и милионите човечки и материјални жртви, славјанските изроди, на чело со големиот Советски Сојуз, заедно со војските на Англија и Америка, извојуваа победа…

… Историјата на славјанството и денешната светска војна ја подвлекуваат непобедливата вистина дека Славјаните, поделени, растргнати од внатрешни судири, непријателство и општествени противречности, отсекогаш ја губеле својата слобода и независност. Обединети во братска солидарност и братско единство, тие секогаш ги победувале своите непријатели и им го гарантирале мирното постоење и развој.

…. Во оваа страшна и нечуена по својата жестокост, крволочна и погубна војна, славјанските народи ги покажаа најблагородните одлики на големата славјанска душа, семоќниот славјански дух, кој даде милиони човечки и материјални жртви за слобода, правда, братство и еднаквост, за мирен културен развој на целото човештво. Тие ја исмеваат и презираат фашистичката теорија за „повисоките и пониските раси“, предностите на едната раса над другата. Историјата, културата и особено денешната војна ни даваат одлични примери и докази за целосната неликвидност на оваа заблуда и отров, која ја ширеа идеолозите на фашизмот за да ја оправдаат завојувачката германска полотика. Братското единство и борбеното другарство на славјанските народи е величенствен и славен прогресивен факт, кој се реализира во огнот и виорот на одлучувачката битка и по цена на безброј скапи жртви. Тиа нема да биде засрамена од смелите предизвици на блиските и подалечните кугови  отруени од бесниот шовинизам. Славјанскиот гениј, инспириран од високите универзални идеали, ќе ги прошири своите творечки идеали сили и ги турка кон нови хоризонти и идеи, кон нови освојувања и достигнувања на полето на мирниот културен развој и натпревар.

А малата, но херојска Македонија, родното место на славјанската култура и просвета, ја даде својата сила и поднесе скапи жртви за градење на славјанското братство и славјанската солидарност. Инспирирана од овие вредни племенски и општествени доблести, од заветите и идеалите на нејзините големи синови, верувајќи во братската поддршка на големиот Советски Сојуз и големите демократии: Англија и Америка, таа со право очекува да види целосна примена на принципот на национално самоопределување на народите.

Затоа што низ огнот на нечуените страдања и со крвта на безброј народни жртви беше осветен големиот народносен и универзален човечки идеал – борба против ропството и против сите мрачни и реакционерни сили за слобода и правда, за самоопределување, за братство и еднаквост. Овој идеал денес, како и во минатото, го инспирира македонскиот народ, ја зајакнува неговата енергичност и оптимизам, ја зајакнува неговата цврста верба дека слободна и демократска Македонија, обединета во нејзините природни, економски и географски граници, не носи непријателство и војна, туку мир и братство меѓу балканските народи.“

Денес по повеќе од седум децении, Софија ја продолжува великобугарската шовинистичка политика – политика на негирање на посебноста на македонскиот народ и јазик. Со уцени за влез во ЕУ, Софија бара македонскиот народ да се откаже од својот идентитет, да ги признае бугарските корени и дека македонскиот јазик е западнобугарски дијалект. При тоа Софија ги заборава зборовите на Томчев дека „Славјаните, поделени, растргнати од внатрешни судири, непријателство и општествени противречности, отсекогаш ја губеле својата слобода и независност“, а „обединети во братска солидарност и братско единство, тие секогаш ги победувале своите непријатели…“

Исто такам Софија заборава и на старата поговорка во која се вели:  „кој бара рогови, ќе остане и без уши – кој бара повеќе отколку што реално може да добие, ќе остане и без тоа што го има.“

 (крај)

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top