Коментари

Свекрва : Парискиот предлог е акт на национално предавство

1svekrva copy copy copy copy

1

Нацизмот и фашизмот сеуште вирее во Европа

Народот рече НЕ за продажбата на нациналните интереси, не за Парискиот предлог!

Велепредавство е кога владин функционер, за време на своето владеење работи или пропагира против својот народ и држава. Тој што Ве предал поради материја, на пример пари или власт, или и едното и другото. Во кривичното законодавство, современите општества изградиле институт велепредавство.

Тој што полагал заклетва дека нешто ќе штити и брани по Устав и закон, а поради интерес, ја погазил заклетвата и прешол на другата страна. Степенот на одговорност го квалификува делото на предавство или велепредавство. Таквите функционери се судат по редовна постапка, а понекогаш им се пресудува смртна казна, во редовна или итна постапка.

По изјавите на премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Педаровски дека изменетиот Париски предлог за спорот со Бугарија која ги блокира преговорите за членство во ЕУ е прифатлив, илјадници македонски граѓани излегоа да демонстрираат пред Владата на Македонија. Со народот застана и опозициската ВМРО ДПМНЕ која го отфрли предлогот.

Народот ја прочита измамата на власта и за разлика од власта го кажа историското НЕ.  НЕ за продажбата на нациналните македонски интереси, не за Парискиот предлог!  Секое негово прифаќање за македонскиот народ е национално предавство за кое еден ден ќе се одговара! 

Парискиот предлог е резултат на низа фактори, како што обид за затворање на македонското прашање, внатрешните и надвотрешните политики на ЕУ, како и настаните по воената агресија на Русија врз Украина. Иако Втората светска војна заврши пред повеќе од седумдесет години, нацизмот и фашизмот сеуште вирее во Европа.    

Не случајно, кон крајот на 2021 г., сега веќе екс полски вицепремиер и лидер на владејачката Партија на правото и правдата, Јарослав Качински, ја обвини Германија дека се обидува да ја претвори Европската Унија во „Четврти рајх“, користејќи ги предностите на ЕУ за да ги лиши другите нации од суверенитетот и да ги „претвори во кметови“. Според него, овој термин не бил навредлив и не се однесувал на Третиот рајх, туку на Првиот, односно на Светото римско царство на германскиот народ, создадено во 9 век, кое во врвот на своето постоење ја опфаќало покрај денешна Германија и големи делови од Западна, Централна и Јужна Европа. Сепак, однесувањето на некои членки на ЕУ не се разликува многу од времето на Третиот рајх.

Сепак, по испровоцираната воената агресија на Русија во Украина, која Москва ја нарекува како специјална операција за денацификација, ЕУ како и „Третиот рајх“, направи погрешна процена и наместо да ја смири состојбата започна пресметка со Москва. Прво започна со политичката компонента, исклучување на Руската федерација од низа меѓународни институции и трговски блокади, а второ започна воено да ја помага Украина со испорака на оружје, како и со процес на ширење на НАТО кон скандинавските земји.  

Меѓутоа пред започнувањето на конечната пресметка со моќниот непријател, како и за време на Втората светска војна, Западот се обидува да го направат Балканот војничка база, со пасивизирање на православните славјани, во Македонија, Косово, Србија и Босна и Херцеговина, т.н. „држави кои се наоѓаат на линијата на огнот“, за да го спречат руското влијание. За таа цел се зајакнуваат воените контигенти во БиХ и Косово, постојат информации за влез на оружје од Украина во БиХ, Албанија и Косово,  а има најави дека ќе се градат и воени инсталации на НАТО во Албанија (воздухопловна и поморска база).  

Во тој контекст, Македонија иако е членка на НАТО, но не и на ЕУ, поради ветата на Грција и Бугарија. е изложена на невиден притисок, закани и уцени, како од надвор, така и од внатре. Земјата едноставно треба да „се откаже од својот суверенитет и да стане роб“,за да стане членка на ЕУ или според Качински членка на „Четвртиот рајх“. 

Оттука и предлозите на Брисел (Португалски, Берлински, Париски) за решавање на спорот меѓу Бугарија и Македонија се спротивни на интересите на македонската нација. Тој го доведува во прашање опстанокот на македонскиот народ и многу потсетува на предигра за поделба на Македонија, како од времето на Втората светска војна.

Имено, на почетокот на 1941 година, Хитлер за да го оствари својот план ги имал во предвид претензиите на сојузниците, нерешените национални прашања во Кралството Југославија и сепаратистичките стремежи на разни реакционерни групи. Сите тие довеле до нова поделба на Македонија помеѓу бугарските и италијанските окупациони сили, кои потоа формално и ја доделија на Албанија. 

Ако во април 1941 година, за поделбата на Македонија преговараа во Виена грофот Ќано, министерот за надворешни работи на фашистичката влада на Италија и фон Рибентроп, министерот за надворешни работи на Третиот рајх, денес во преговорите помеѓу Македонија и Бугарија од македонска страна преговараше министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, кој е етнички Албанец. Ако тој претходно повеќе се интересираше за Косово и дали на таблите на институциите постои наслов на албански јазик, исто како што правеше албанската власт во времето на Втората светска војна во италијанската окупацијона зона, како тогаш може да му се верува дека ги застапувал македонските интереси. Дури и самите разултати од преговорите покажуваат дека тој не ги застапувал интересите на мнозинскиот македонски народ, туку повеќе се интересирал што ќе добие неговата етничка заедница. 

За да помине Парискиот предлог кај народот имаше многу владина глума.

Прво овој предлог беше одбиен за да се покаже некаков патриотизам на власта. Но во последен момент од францускотпо претседателство наводно по извршените промени на Парискиот предлог, кои наликуваат на козметичка шминка и суштински ништо не е изменето, премиерот и претседателот рекоа дека е прифатлив. Со овој чин се потврди дека во земјата има инсталирана квинслишка власт контролирана од Ахмети и дека наводното историско НЕ на премиерот кажано во првиот момент беше само акт на глума. 

Народот тоа го прочита и масовно излезе на улица и за разлика од власта тој го кажа историското НЕ. НЕ за продажбата на нациналните македонски интереси, не за Парискиот предлог!

Ваквото одбивање не само на народот туку и на опозициските партии, го испровоцира министерот Османи да се закани со можни етнички тензии. Сосема е јасно дека на Албанците во власта, со чест на исклучоци, им е поважна Косовската и Тиранската агенда отколку македонските национални интереси. Тоа го потврдува и министерот Артан Груби, кој го смета Кичево за воен плен од 2001 година, а кој рече дека: „Али Ахмети направи повеќе за Косово, отколку за Македонија“.

Меѓутоа, без ралика на уцените од ДУИ, прифаќањето на Парискиот предлог, е акт на национално предавство за кое еден ден некој ќе одговара. Никој нема да може да го избегне револтот на народот! 

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top