Коментари

Македонската влада предводени од СДСМ и ДУИ не смее да се оглуши од барањето на својот нар

1svekrva copy copy copy copy

1 Свекрва

Македонскиот народ рече НЕ за бугаризација и асимилација!

Патот на Македонија и Албанија кон ЕУ е блокиран од Софија заради негирање на македонскиот идентитет, јазик и култура. Парискиот предлог кој треба да го крене ветото на Софија со право ги крена Македонците на нозе, кои со денови протестираат поради поддршката на Париз на националистичките барања на Софија. Пораката која ја испраќа овие денови македонскиот народ е НЕ за бугаризација и асимилација на земјата!

Речиси две децении Македонија го чека моментот кога ќе започне преговори за членство со ЕУ. Меѓутоа, прво Грција постави вето заради името и откако Македонија го смени за кратко време рампата беше крената. Но набрзо, Бугарија ни постави вето и ја спушта рампата, уценувајќи го македонскиот народ да прифати дека има бугарски корени, дека јазикот му бил западнобугарски дијалект и да влезе бугарското малцинство во земјата во Уставот.

Македонскиот народ кој гледа опасност од ваквиот предлог од бугаризација и асимилација на земјата, масовно излезе на улица и кажа НЕ за Парискиот предлог за условите за почнување на преговори за членство во ЕУ.

Едноставно, во земјата сеуште постојат живи сведоци од времето на Втората светска војна кои ја почуствуваа т.н. бугарска администрација на својата кожа. Тогаш наши дедовци и баби, наши родители беа тепани и нарекувани „македонски парцали“ (македонски партали) од бугарските учители само затоа што не знаеа да го говорат бугарскиот јазик. Исто така беа тепани по затворите зошто учествуваа или ја поддржуваа народноослободителната борба на македонските партизани против бугарската фашистичка окупатори и за создавање на слободна македонска држава. А исто така свежи се спомените и за злосторства на бугарската воено-полициска администрација  извршени во земјава врз македонско, еврејско и др. население.

Повторното антифашистичкото НЕ на Македонците, го збуни Брисел, кои очекуваше дека со своите инсталации, квинслишки власти во Софија и Скопје, лесно ќе го поминат фашистичкиот предлог и ќе започнат процес за истребување на Македонците, Едноставно без испукан куршум и без отровен гас, да се натера македонскиот народ сам да се избрише од картата на Европа и еднаш за секогаш ЕУ да го затвори македонското прашање.

Меѓутоа, ваквиот отпор Брисел не го очекуваше. Тој е збунет зошто со одбивањето на македонскиот народ да го прифати Парискиот предлог се доведува во прашање не само кредибилитетот на ЕУ, туку и кредибилитетот на лидерството во рамките на ЕУ. Не случајно продефилираа во Скопје европски челници „тешкаши“ кои се обидуваа да го убедат македонскиот народ да го прифати Францускиот предлог.

Сепак ваквиот однос кон Македонија, која ги има исполнето одамна речиси сите критериуми и стои пред портите на ЕУ само заради билатерлани прашања и шовинистички барања на соседот, кои пак се спротивни на европските прокламирани принципи, го покажа вистинското лице на Брисел. Со вклучување на идентитетскиот спор во преговарачката рамка за членство во ЕУ, Брисел покажа дека не само што не ги почитува принципите на кои е заснован, туку не е во состојба ни да реши една регионална криза, а камоли Украинската. Едноставно ЕУ повеќе не е оној сојуз (заедница) на европски земји кон кој македонскиот народ тежнееше и веруваше. 

Европа е болна и набргу ќе почнат да паѓаат влади. Иако излезе од ЕУ, падот на владата во Лондон, ќе повлече наскоро и други оставки во ЕУ, но и нови престројувања во ЕУ и НАТО.

Настаните кои следуваат во ЕУ ќе имаат интересни реперкусии на Балканот, а уште поинтересно ќе бидат ако се остварат прогнозите Турција да излезе од НАТО. Сето ова ги зголемува апетитите на Софија, која би сакала да ја подели Македонија. Дека постојат такви цели говори и бугарската аналитичарка за меѓународна политика Зорница Илиева која оценува дека „Македонија нема да избегне федерализација дури и да влезе во Европската унија“, бидејќи, според неа, тоа е единственото преостанато клучно прашање за Албанците во земјата. Како што вели таа Албанците од Македонија и велеле  ‘Доста се расправате со тие Македонци, дајте да си ја поделиме Македонија и прашањето ќе биде завршено’.

Ваквите изјави од соседите не се добронамерни и можат да доведат до меѓуетнички тензии во земјава кои имаат за цел поделба и остварувањето на сонот за Санстефанска Бугарија. Но иако доаѓаат од соседството, ЕУ тоа не се осудува како говор на омраза и теритодијални аспирации кои доаѓаат од Бугарија, туку со парискиот предлог дури и го поддржува, што претставува многу лош однос на ЕУ кон потенцијална членка.

Македонската влада предводени од СДСМ и ДУИ не смее да се оглуши од барањето на својот народ, без разлика на сите ветувања кои тие ги дале или им се изнудени од преставниците на Брисел. Тие мора да кажат НЕ на францускиот предлог како што македонскиот народ кажа НЕ за бугаризација и асимилација. Ако се чекало толку време, Македонецот може да остане уште толку време надвор за да дочека да се вратат старите вредности на ЕУ и истовремено да остане со чист образ.

На крај, Македонија иако е мала земја, таа е доволно голема за да има лек за ветото на Бугарија. Доволно е да каже не за влез на нови членки во НАТО, доколку Македонија без никакви уценувања не биде веднаш примена во ЕУ.

Но ако некој од власта повторно се обиде да го изманипулира народот и ги прифати бугарските барања, треба да знае дека ќе дојде време кога тие ќе одговараат за велепредавство, без разлика каде и да се! 

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top