САВО КОСТАДИНОВСКИ : ГОЦЕ
– Повод 150-годишнината
од раѓањето на Гоце Делчев –
Гоце е неделиво име
во срцето на секој Македонец
што живее со мислата на непокорот
во денот на будноста
што не може да се размакедончи
Мислата на Гоце е нашиот патоказ
кој во недоодица нè води
заедно со сонцето по македонското небо
кога веќе Гоце
со животот најоплакан е, а со смртта најопеан
песни, со кои народот
ја околчил Македонија со балканските граници
Воину,
доблесни родољуби ти имаш
кои нема да се одродат од твојот сон
и колку да ни е поплочен патот
со напластени судбини
ние
со семакедонска гордост ќе делчевствуваме
македонствуваме
за да опстојуваме.