Коментари

МАКЕДОНИЈА E НА РАСПРОДАЖБА

Martin Trenevski 1
1martin1 
(ЦРТИЧКИ И ОТРОВНИ СТРЕЛИЧКИ 181)
1. Градоначалникот на скопската општина Чаир Висар Ганиу им одржа во саботата (20 август) вистинска лекција за висока политика и дипломатија на сите (особено на опозицијата) што се занимаваат со тие дисциплини во Република Македонија. Ганиу, во придружба на американската амбасадорка на заминување Кејт Мери Брнс ја претставија статуата на 28от претседател на САД Вудро Вилсон во паркот во Чаир што ќе го носи неговото име!
   Се обидов на интернет да најдам податоци за ликот и делото на претседателот Вудро Вилсон и врската со општина Чаир, но – да бидам искрен, долго време не успевав и тоа за мене остана непозната енигма. Но сепак, по упорното настојување да дојдам до вистината открив дека општина Чаир била збратимена со градот Стаунтон, во американската држава Вирџинија, каде бил роден Вудро Вилсон!
   Oна, што според мене, е клучно во сета оваа работа е  п о р а к а т а  што одекна од тој настан, а тоа е дека наш (на Република Македонија) стратегиски партнер е Америка (САД не внесоа во НАТО) и тоа партнерство ние треба да го негуваме во секоја прилика и на секој можен начин! Тоа, мора да се признае, многу вешто го прави коалициониот партнер во власта ДУИ, кои во секоја прилика и на секоја работна маса на нивни високи претставници во власта задолжително имаат истакнато американско знаме. Токму затоа САД ги сметаат албанците за свој стратегиски партнер во целиот регион! Стратегиското партнерство не се покажува и докажува со зборови, туку со дела и конкретни потези како примерот со промоцијата на бистата на Вудро Вилсон во Чаир.
   Оваа порака, па ако сакате и многу важна лекција, како да не ја сваќа македонската опозиција!? Неспорно е дека расположението на народот според сите анкети и испитувања на јавното мнение одат во прилог на опозицијата и затоа се инсистирањата за предвремени парламентарни избори. Но, клучно прашање е: какви гаранции има опозицијата дури и да се изнудат предвремени парламентарни избори, дека ќе освои 61 пратеник? Многу тешко би рекол. Па и со освоени најголем број пратенички мандати во следните парламентарни избори какви се гаранциите дека опозицијата ќе може да состави влада со некој коалиционен партнер!?
   Се чини дека е заборавено искуството од изборите 2016та година кога опозицијата освои најголем број мандати и начелно вече беше договорена коалициона влада, па дури и персонални решенија за министри во таа несудена коалиција, но што се случи!? Колку за потсетување: на пет минути до истекувањето на рокот за известување на Претседателот на државата дека мнозинствио од 61 пратеник е обезбедено, поранешниот американски амбасадор на САД во Македонија Џес Бејли преку телефон му порача на лидерот на несудениот коалиционен партнер (ДУИ) дека  н е м а  да прави влада со победничката  партија (ВМРО-ДПМНЕ), туку со СДСМ. Така и се случи и пет години Македонија со таа антимакедонска коалиција на власт на СДСМ и ДУИ тоне во корупција, се разнебитува македонската нација и држава по сите основи, ни го сменија името на државата и Уставот, го фалсификуваа пописот на населението, а сега е во тек бугаризација на Македонија и распродажба на историјата, јазикот, идентитетот… Со еден збор, распродажба на се она што ни преостана.
   Е па драга опозицијо, па зарем не гледате што ни се случува и не ја научивте лекцијата од пред пет-шест години што ви ја презентирав во претходниот пасус (Не сакам ни да помислам дека ова го правите свесно, намерно и со предумисла)!? Па зарем не ви е јасно дека Македонија е членка во НАТО, а стратегиски партнер на Македонија се САД и никакви комбинаторики и партнерства на домашната политичка сцена нема да поминат без согласност од Калето, односно нивните шефови и стратези од Вашингтон? Што побргу тоа го сватите, подобро ќе биде и за опозицијата, но и за државата која ни е на распаѓање.
1vrer
Амбасадорката на САД во заминување Кејт Мери Брнс со градоначалникот на Чаир Висар Ганиу
2. Македонија ни е на распродажба – по сите основи. Таканаречената Комисија за историски прашања со Бугарија веќе си се договорила Св. Кирил и Методиј, Св. Климент и Наум, цар Самоил, заеднички да сме ги славеле со бугарите, а сега им преостанува да се пазарат и за нашиот Гоце Делчев, Даме, Јане Сандански, Питу, но и Прличев, браќата Миладиновци….. Иако стотина врвни интелектуалци – академици, историчари, професори по македонски јазик и литература и други громогласно се кренаа против ставовите на таканаречената историска комисија оспорувајки ја нејзината стручност и кадарност (во неа нема познавачи за многу области од нашето минато, а толку се стручни што им фали само уште еден оперски пејач па да бидат комплет). Но немам впечаток (можеби е сепак рано да се суди, заради одморите), дека владата има намера да ги отфрли препораките на контроверзната историска комисија.
   Но распродажбата не завршува само тука. Неодамна најавија “странска инвестиција” во Тетово каде ќе се произведувале електрични автомобили!? Инвестицијата ќе чинела 130 милиони евра, а замислете: средства во висина на 130 милиони евра ќе ги дала Владата на РМ од државниот буџет!? Не сум економист, но се прашувам: па каква е таа странска инвестиција ако парите треба да се дадат од Буџетот на РМ? Државата ќе го обезбеди теренот за овој проект, што значи нејзин влог не е само со кеш, туку и по тој основ, но прашање е КОЈ КЕ БИДЕ ГАЗДА, ако и плацот и парите ги дава државата РМ??? Да не ќе да е уште еден подол начин за молзење кеш од државниот буџет за нечии партиски потреби!?
   Друга најава за уште поголема странска (?) инвестиција ни дојде – верувале или не, дури од Холивуд. Светски познатиот актер Џон Малкович ќе градел студија за снимање холивидски филмови среде Скопје, но и музички студија. За проектот биле предвидени за почетокот инвестиции од неколку стотици милиони долари, а вкупната инвестиција би можела да достигне една па дури и две милијарди долари!!? Е арно ама, креаторите на проектот за возврат го бараат како локација за изградба на македонскиот Холивуд огромниот комплекс на касарната Илинден, во поширокото централно градско подрачје на Скопје. Носители на обата проекти  (фабриката за електрични автомобили и македонскиот Холивуд) се албанци од Македонија.
   Кога сме веќе кај распродажбите, да не ги заборавиме “проектите” со уништувањето на Скопскиот саем каде е изграден голем Сити мол (инвеститорот е од Република Албанија), а во тек е изградба на грамадни станбени блокови чии купци на станови се зборува дека се најмногу од Косово; рекреационото езеро Треска кое бившиот градоначалник на Скопје Петре Шилегов го продаде на општина Сарај колку за еден двособен стан, а ние граѓаните одвојувавме плати како самопридонес; комплексот згради Макотекс којшто Kомерцијална банка го имаше под хипотека и го продаде на ресторатерот Буши, чиј газда е исто ѕака Албанец…..
   Се прашувам: има ли крај на ова лудило???
3. Инцидентот во којшто загина ќерката на советникот на Путин, Александар Дугин, ме потсети на една дешавка што се случи пред пет години во Виена, а се однесува токму на релација Дугин-Република Македонија. Еден ден амбасадорот на Украина  во Австрија Олександер Шерба се јави на телефон на македонската амбасадорка Др. Василка Попоска Треневска, ифрит лут, да протестира во стилот: “Па ние ве сметаме за пријатели, а вие вакви работи ни правите…”. Амбасадорката Попоска-Треневска потполно затечена, без да знае што е причината за лутата реакција на украинскиот амбасадор, го запрашала за што се работи, а тој ни пет, ни шест: “Во вашата црква настапил руски пропагатор кој ја критикувал Украина”. Веднаш била контактирана управата на црквата Св. Наум Охридски каде се случил настанот и работата се разјаснила. Имено, некоја фамозна организација од Виена ја изнајмила за пари салата на македонската црква за нечиј настап пред одбрана публика, со кој настап црквата немала ама баш никакаква врска. А говорникот на тој настан бил токму Александар Дугин. Интересно е што според мислењето на австриската полиција Дугин бил оценет како “гостин од висок ризик” и околу црквата имало полициско обезбедување небаре се работи за посета на шеф на држава.
   Нашата амбасадорка повратно ги споделила овие сознанија со амбасадорот на Украина Шерба и проблемот бил надминат во пријателски манир!
М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор

Најново од: Коментари

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

To top