
САВО КОСТАДИНОВСКИ : ВАПЦАРОВ
И од песните беспоговорно
одекнува твојот глас
со ехо кое вечно се слуша
и живее во нашите будни соништа
Поетите
кога тие не пеат
поречовита им е судбината на животот
тогаш тие брануваат до недобол
со нивниот достиж
восхитено, и повозвишени се
со гордост над татковината
Иднината ја позела
твојата слава Вапцаре
штом со смртта си оставил лузна и на сонцето
кое слободарско блешти
над македонскиот народ
Херојство е тоа
со смелоста среде историјата досеглив да си
и колку да се живеело во мрачно време
не дозволуваме од твојата јаркост
ниту зрак да згасне
во која ја гледаме светлината на непокорот.