Коментари

Тодор ПЕТРОВ : НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА “СЕВЕРНА“ ЗА СИТЕ

1odor

1odor

Тодор ПЕТРОВ : НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА “СЕВЕРНА“ ЗА СИТЕ, ТУКУ ЗА СИТЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНА Е ОДЛУКАТА НА РЕФЕРЕНДУМОТ ОД 8 СЕПТЕМВРИ 1991 – ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА БЕЗ ДОДАВКИ И БЕЗ ПРИДАВКИ!

Не постои забрана за употреба на името Македонија и придавката македонски/а/о ниту во Уставот, ниту во ништовната Спогодба Димитров-Коѕиас. 

Во членот 48 (1) од Законот за трговски друштва се вели “Зборот ‘Македонија’ и зборовите изведени од него како и неговите кратенки, знамето и грбот можат да се содржани во фирмата само со дозвола на Министерството за правда.“

И во членот 9 став (1) од Законот за здруженија и фондации се вели истото “Зборот ‘Македонија’ и зборовите изведени од него како и неговите кратенки, може да се содржани во името на организацијата само со одобрение на Министерството за правда.“

Оттука, сите трговски друштва, здруженија и фондации кои сакаат да го користат зборот Македонија и зборовите изведени од него, како и неговите кратенки, должни се, пред регистрацијата во Централниот регистар на Македонија, да побараат одобрение од Министерството за правда. Актуелен министер за правда е Бојан Маричиќ. Во антимакедонската еуфорија на власта, сервилноста на определени експоненти станува алармантна затоа што ги суспендира универзалните права и слободи, за уставните е очигледно. Ама, децата сервилни на Атина и Софија, “различно читаат“ и скандалозно “толкуваат“ на штета на Македонскиот народ!

На 11 февруари 2021 година порталот офф.нет.мк пренесе вест со наслов “Маричиќ го оствари влажниот сон на секој окупатор“ во која се вели: “Министерот за правда Бојан Маричиќ го оствари сонот на секој окупатор, Македонија самата да го забрани за секаква употреба терминот Македонија!“ За ваквата констатација, порталот офф.нет.мк во прилог презентира факсимил од дописот на Маричиќ со кој се забранува терминот Македонија.

Потписот на министерот Бојан Маричиќ стоеше под образложението на инкриминарното решение: “Терминот ‘Македонија’, ‘Република Македонија’, ‘ПЈР Македонија’, кратенката ‘ПЈРМ’ во преведена или непреведена форма, не смеат да се употребуваат во целокупната внатрешна и надворешна официјална кореспонденција од СИТЕ!“

Јавноста беше згрозена, реакциите беа бројни, но агонијата продолжи.

Во врска со овој допис, на 12 февруари 2021 година експресно следеше одговор од Министерството за правда во кое се вели: “Министерството за правда не забранува! Министерството за правда има обврска да реагира и да обезбеди мислење со кое правното лице ќе биде запознаено дека треба своите дејства да ги усогласи според Уставот на Република Северна Македонија. Напоменуваме дека согласно Уставот не постои можност за употреба на термините ‘Македонија’, ‘Република Македонија’, ‘ПЈР Македонија’, како и привремената референца ‘Поранешна Југословенска Република Македонија’ и досега нелегално користената кратенка ‘ПЈРМ’ во преведена или непреведена форма кога станува збор за официјална и службена комуникација што вклучува и називи на здруженија кои имаат намера да ги користат меѓународните кодови МК и МКД и кои се декларираат себеси за здруженија кои реализираат активности на територијата на целата држава. Во случај кога во статутот на едно здружение се наведува дека тоа се организира и делува на територијата на ЦЕЛАТА ДРЖАВА и во странство, одобрувањето на таквото именување е можно исклучиво доколку се користи уставното име на државата. Министерството за правда и сега и сите изминати години постапува по овој принцип и согласно Уставот кога станува збор за барања од овој тип. Што се однесува до придавката ‘македонски/а/о’ може да се користи покрај придавната форма (од ‘Република Северна Македонија’ или од ‘Северна Македонија’) во однос на приватни ентитети и актери кои не се поврзани со државата и јавните институции, кои не се основани со Закон и не добиваат државна финансиска помош за активности надвор од државата.“

Меѓутоа, во медиумите се појавија и други решенија со потпис на министерот за правда Бојан Маричиќ, дека барањето за регистрација се одбива како неосновано, бидејќи во називот го содржи зборот “Македонија“! Во образложението на диспозитивот на едно од решенијата со потпис на Бојан Маричиќ се вели: “Согласно уставните амандмани XXXIII, XXXIV, XXXV и Уставниот закон од 12 февруари 2019 година, со нивното влегување во сила, уставното име на нашата држава е Република Северна Македонија, а краткото име Северна Македонија. Согласно насоките на Владата на Република Северна Македонија за извршуавње на обврските на Република Северна Македонија кои произлегуваат од Конечната спогодба, уставните амандмани и Уставниот закон од 12 февруари 2019 година укажуваме, дека сите органи на државната управа и останатите институции кои немаат статус на органи на државна управа треба во целокупната внатрешна и меѓународна официјална комуникација да го користат уставното име или краткото име.“

На 13 февруари 2021 година Министертсвото за правда повторно излезе со изјава со која ги демантира и ги оквалификува како лажна вест обвинувањата, дека министерот Бојан Маричиќ ја забранил употребата на придавката “македонски“ и името “Македонија“ во називот на здруженијата.

– Министерството за правда, секогаш кога тоа е во согласност со Уставот и законите, дозволува да се употребува придавката “македонски“ – се вели во изјавата на Министерството за правда.

Меѓутоа и покрај ова, во медиумите се појави и друго скандалозно решение на здружение со името “Асоцијативно собрание на народна обнова на Македонија – АСНОМ“ со образложение “Со оглед дека барателот не ги исполнува условите опфатени со членот 44 став 1, членот 47 став 3 и членот 52 став 2 од Законот за трговските друштва, имено скратениот назив на здружението создава привид со називот на Антифашистичко собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), а во врска со членот 9 став 1 и членот 8 став 4 од Законот за здруженија и фондации, се одлучи како во диспозитивот на решението.“

Првиот демант на министерот Бојан Маричиќ, од неговата партија, го испорача поранешната министерка за правда Рената Тренеска Дескоска, која за порталот “Слободен печат“ изјави: “Нема никаква забрана ниту во Уставот ниту во Преспанскиот договор, приватни лица, невладини организации, синдикати или приватни фирми да го имаат во својот назив името ‘Македонија’, ‘Македонци’, ‘македонски’! Додека јас бев министер, беа одобрувани сите барања со употреба на овие термини! Од позвучните имиња  што во мое време добија дозвола за користење на името Македонија е фирмата ‘А1 Македонија’ која е ребрендиран ‘ВИП’. Нема забрана ниту во јавните изјави на граѓаните да се користи терминот ‘Македонија’, ‘Македонци’, ‘македонско’. Името ‘Северна Македонија’ е обврска при официјална комуникација!“

И така од оваа какофонија, напад, па обид за одбрана по бугарското “тази дупка не е дупка“… Реакциите на јавноста, да веруваме, вродија плод, министерот Бојан Маричиќ ретерира. Да се надеваме повеќе нема да има злоупотреба на службената положба и овастување од министерот за правда, кој за хаосот што го создава во правниот промет заслужува разрешување и кривична одговорност!

Инаку, сите трговски друштва, здруженија, фондации и политички партии кои ќе се соочат со ваква и слична забрана од министерот за правда, за употреба на именката Македонија или придавката македонски/а/о во своето име, слободно нека поведат управен спор пред Управниот суд и да поднесат кривична пријава против Бојан Маричиќ до Основниот суд во Скопје за злоупотреба на службената положба и овластување и за самовластие!

Колку за потсетување: НЕ Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА “СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“ ЗА СИТЕ, туку ЗА СИТЕ, па и за Владата и Бојан Маричиќ, ЗАДОЛЖИТЕЛНА Е ОДЛУКАТА НА РЕФЕРЕНДУМОТ ОД 8 СЕПТЕМВРИ 1991 година – ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА, БЕЗ ДОДАВКИ И БЕЗ ПРИДАВКИ!

На референдумот одржан на 8 септември 1991 година речиси 80% од вкупниот број запишани избирачи, Македонци по род и државјанство, гласаа “ЗА СУВЕРЕНА И САМОСТОЈНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА“ без додавки и без придавки, одлуката на референдумот е задолжителна за СИТЕ!

На референдумот одржан на 30 септември 2018 година речиси две третини од вкупниот број запишани избирачи, Македонци по род и државјанство, не гласаа “за членство во ЕУ и НАТО“ и не го прифатија Договорот Димитров-Коѕиас за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!

Конечно, тоа што Бојан Маричиќ не умееше да го прочита и погрешно го “протоклкува“: НИТУ ВО УСТАВОТ НА ДРЖАВАТА МАКЕДОНИЈА, НИТУ ВО СПОГОДБАТА ДИМИТРОВ-КОЅИАС НЕ ПОСТОИ ЗАБРАНА ЗА УПОТРЕБА НА ИМЕТО МАКЕДОНИЈА И ПРИДАВКАТА МАКЕДОНСКИ/А/О!

НИКОГАШ СЕВЕРНА, САМО МАКЕДОНИЈА! АМИН!

Најново од: Коментари

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

To top