На прво место

Дали зад најгласните обвинувања се крие страв од вистината?

Македонска Нација

Додека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во неполни две години реализира над 2.000 проекти, инвестиции и мерки за подобар животен стандард, граѓаните сѐ уште ги чувствуваат последиците од седумгодишното владеење на СДС и ДУИ – период што наместо по реформи, многумина ќе го паметат по скандали, афери, сомнителни тендери, злоупотреби и разочарувања.

Со доаѓањето на Владата предводена од Христијан Мицкоски, речиси секојдневно на површина излегуваат нови информации, случаи, истраги и сомнежи поврзани со работењето на институциите во периодот кога СДС и ДУИ ја водеа државата. Колку повеќе се отвораат архивите и предметите, толку повеќе јавноста се прашува дали воопшто постоел сектор што останал недопрен од скандали.

Од здравството, јавните набавки, преку енергетиката, лотаријата и дигитализацијата, па сѐ до спортот – Македонија и денес ја плаќа цената на политиките во кои јавниот интерес беше потиснат од партиските интереси, а одговорноста заменета со молк.

Еве само дел од случаите што ја шокираа македонската јавност:

  • Заев – „Едно евро за Вицето, едно за Црквата“.
  • Клиника за онкологија – обвиненија за финансиски злоупотреби, злоупотреба на службена положба, измама и проневера во службата.
  • Модуларната болница во Тетово – трагедија во која животот го загубија 14 луѓе. Четиринаесет семејства останаа без свои најблиски, а јавноста со години бара одговори и целосна одговорност.
  • Случај „Софтвери“ – Драги Рашковски, поранешен генерален секретар на Владата, беше првостепено осуден на осум години затвор, а предметот потоа беше вратен на повторно судење.
  • Мухамед Зеќири – поранешен генерален секретар на Владата осуден на две и пол години затвор и задолжен да врати над еден милион евра во државниот буџет.
  • Државна лотарија – истрага за Артан Груби и Перпарим Бајрами со сомнежи за проневера од околу осум милиони евра.
  • СЈО и „Рекет“ – афера што ја урна приказната за „правдата“ која СДС со години ја претставуваше како свој најголем политички капитал.
  • Еуровиа – тендер со фирма-донатор на ДУИ што отвори сериозни сомнежи и реакции во јавноста.
  • Надзор за „Бехтел и Енка“ – спорен тендер вреден 22,3 милиони евра и фирми под лупа на обвинителството.
  • „Соравија“ и Дрин Ахмети – случај што отвори бројни прашања за начинот на кој беше преземен удел без уплата на денар.
  • Афери поврзани со милионски шверц на марихуана.
  • Континуирани откритија на шверц со нецаринета роба, кои отвораат сериозни сомнежи за функционирањето на институциите во изминатите години.
  • РЕК Битола и набавките на јаглен – истражувања и обвинувања за сомнителни тендери и милионски зделки во енергетиката.
  • ДДМ – Државна дигитална мрежа – проект проследен со сериозни сомнежи за начинот на кој биле водени постапките, договорите и управувањето со јавните средства.
  • ФФМ – Фудбалската федерација на Македонија. Наместо да биде пример за развој на спортот, Федерацијата се најде во центарот на истраги за сомнежи за проневера и злоупотреба на средства. Поранешниот претседател Муамед Сејдини се соочи со истрага и мерка притвор поради сомнежи за злоупотреба на средства наменети за спортска инфраструктура.

Ова се само дел од случаите што досега беа откриени, процесуирани или ставени под истрага. Листата е многу подолга. Речиси и да нема сектор во кој не се отвори прашање за сомнително работење, злоупотреба на функција, спорен тендер или институционален пропуст.

Затоа сосема оправдано се поставува прашањето: дали во Македонија остана институција во која за време на седумгодишното владеење на СДС не се отвори афера, сомнеж за злоупотреба, незаконска постапка или судски предмет?

СДС денес зборува за реформи, транспарентност и отчетност. Но граѓаните не страдаат од колективна амнезија. Тие добро паметат што се случуваше токму во тие седум години. Наместо систем што функционира, гледаа афера по афера. Наместо правда, гледаа селективност. Наместо одговорност, гледаа молк. Наместо институции во служба на граѓаните, гледаа институции ставени во служба на партиски, бизнис и лични интереси.

Уште поболно е што паралелно со овие афери се случуваа и најголемите политички отстапки во поновата македонска историја. Додека граѓаните беа убедувани дека тоа се „историски успеси“, Македонија влегуваше од отстапка во отстапка, а ветувањата за подобар живот и европска иднина остануваа само празни политички пароли.

Затоа денес прашањето не е дали имало поединечни пропусти. Прашањето е дали во тие седум години воопшто постоеше институција што остана недопрена од сомнежи за криминал, корупција, непотизам и злоупотреба на власта.

Особено навредливо за интелигенцијата на граѓаните е што токму луѓето кои беа дел од тој систем денес најгласно се претставуваат како морални авторитети и борци против криминалот. Наместо одговори за аферите што со години ја потресуваа државата, јавноста повторно слуша прес-конференции, обвинувања и обиди за дефокусирање од сопственото политичко наследство.

Граѓаните не забораваат. Тие добро знаат кој ветуваше правда, а испорача „Рекет“. Кој ветуваше европски вредности, а остави институции разнишани од сомнежи за корупција. Кој ветуваше живот за сите, а зад себе остави длабока недоверба во институциите и сериозни сомнежи за милионски злоупотреби во речиси секој сектор на државата.

Затоа денес, кога Венко Филипче и СДС повторно се обидуваат да држат лекции за чесност, отчетност и борба против криминалот, сосема природно се наметнува прашањето: со каков кредибилитет? Со какво морално право? И врз основа на кои резултати?

Затоа што додека тие денес обвинуваат, јавноста сѐ уште чека одговори за Онкологија, за „Рекет“, за Лотарија, за Рашковски, за Зеќири, за модуларната болница, за спорните тендери, за милионските зделки и за многу други случаи што останаа како тежок белег на едно седумгодишно владеење.

Бог да чува, човек навистина треба да биде слеп пред фактите или целосно да заборавил што се случуваше во изминатите седум години, за денес да поверува дека токму тие што управуваа со системот имаат морално право да држат лекции за чесност, отчетност и владеење на правото.

Во криминалистиката постои една добро позната изрека: „Лоповот најгласно вика – држете го лоповот“. Токму затоа граѓаните денес со право се прашуваат дали зад најгласните обвинувања не се крие обид да се избега од сопствената одговорност за аферите, скандалите и сомнежите што ја одбележаа една од најконтроверзните етапи во поновата политичка историја на Македонија.

Најново од: На прво место

Македонски историски и црковен календар – 16 август

16 август 1872 – Ѓорѓија Пулевски го најавува својот учебник На 16 август 1872 година, додека работел како учител во Кукуш, Ѓорѓија Пулевски објавил известување за подготовка на учебник по граматика на македонското наречје. Пулевски е една од најзначајните личности во развојот на македонската национална, јазична и историска мисла во XIX век. Во своите дела […]

Мицкоски: За помалку од четири недели целосно е прочистен водоводниот систем во Гостивар

Водоводниот систем во Гостивар за помалку од четири недели е целосно прочистен, како никогаш досега, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Главниот штаб за управување со кризи вчера соопшти дека водата од гостиварскиот водовод повторно е безбедна за пиење. Забраната за нејзина употреба беше воведена на 17 јули, откако надлежните институции утврдија дека во текот на […]

Николоски: Автопатот Охрид – Кичево се гради со силна динамика

Министерот за транспорт Александар Николоски, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, одржа работен состанок во кампот кај Извор, посветен на изградбата на автопатот Охрид – Кичево. Николоски информира дека работите на терен се одвиваат со силна динамика, при што надлежните институции и изведувачите работат на решавање на сложените инженерски предизвици. […]

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА за изјавата на српскиот претседател г. Александар Вучиќ

По повод неодамнешната изјава на српскиот претседател г. Александар Вучиќ, дадена во Мркоњиќ Град за тоа дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“. Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), потсетува дека, како легитимен носител на благодатната полнота на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква, а воедно и […]

Додека Филипче и Заев одмораат на Егејот, СДС шири дезинформации и страв

Додека Венко Филипче и Зоран Заев одмораат на Егејот, очигледно решиле политиката да ја водат преку ширење дезинформации и создавање страв и несигурност кај граѓаните. Ширењето непроверени информации за исправноста на водата во Скопје е крајно неодговорно. СДС и Филипче не смеат да си играат со довербата на јавноста и со чувството на сигурност кај […]

Македонски историски календар – 15 август

Петнаесетти август во македонската историја е поврзан со организирањето на македонското револуционерно движење, со Илинденското востание, со истакнати македонски дејци од Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија, но и со трагични страдања на македонското население. 15 август 1865 – Роден е војводата Стефан Ролев Во селото Врбени, Леринско, во Егејскиот дел на Македонија, е роден […]

Водата во Гостивар може да се пие

Водата од гостиварскиот водовод повторно е безбедна за пиење, соопштија надлежните по седницата на Главниот штаб за управување со кризи. Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, информираше дека забраната е укината и дека граѓаните повторно можат да ја користат водата за пиење и за приготвување храна. Сепак, на жителите им се препорачува […]

Злата и Цветко – љубовта што загина во последната одбрана на Крушево

Александар Стеванов Битката кај Слива, 12 август 1903 година Понекогаш историјата не ја пишуваат само големите војводи и судбоносните битки. Ја пишуваат и обичните луѓе — оние чии лични соништа засекогаш останале под урнатините на големите историски пресврти. Таква е приказната за Злата Велева Богеска и Цветко Стојчев Коруновски, двајца млади луѓе од селото Селце, […]

To top