Коментари

Местото на Докторите не е во политиката, туку покрај пациентите

1jovo Burne

1jovo Burne

Порталот Македонска нација напрати интервју со Д-р Јово Бурне, специјализант по Хирургија, новата надеж на македонското здравство

МН:Кажете ни нешто повеќе за вас, кој е Д-р Јово Бурне ?

ЈВ: Јас сум Д-р Јово, роден во Прилеп, потекнувам од почитувано и ценето семејство, по професија сум Доктор-специјализант по Хирургија.

МН:За тие што ве познаваат знаат дека вие сте познат како голем хуманист, човек кој помагал на многу луѓе во животот, помагал во многу хуманитарни цели, човек кој е непосреден и близок со обичните луѓе а кои имаат секојдневни проблеми

ЈБ:Јас сум обичен човек како и сите други, и мојот поттик да се бавам со медицина во животот беа и се хуманоста и желбата да се помага на сите. Никогаш не сум сакал да правам било што во животот за слава и популарност. Едноставно оставам на луѓето да го кажат своето мислење за мене.

МН:Нашето здравство моментално е во катастрофална состојба. Гледаме како ни горат модуларни болници во државата со пациенти, гледаме како лекуваат доктори без лиценца, гледаме случаи како Јилдиз Веапоска, гледаме како пациентите со ретки болести немаат лекарства и уште многу многу други хаоси и проблеми во нашето здравство. Кажете ни што мислите вие за сето тоа како некој кој е вклучен во здравствениот систем долго време?

ЈБ:Па видете, проблемот во нашето здравство не е од денес или од вчера, тоа се провлекува 30 години наназад и никој ништо не превзема. Проблемот е во тоа што ние немаме воопшто здравствен систем во државата, туку имаме само една импровизација на здравствен систем. Едноставно целиот систем на функционирање на нашата држава е погрешен, не само здравството. 30 години се обидуваме да импровизираме здравство со ветувања пред избори, а од тоа ништо нема. Ветувања од типот, покачувања на плати во здравството од 10 % секоја година, ветувања од типот изградба на нов клинички цектар, ветувања од типот дека ќе се воведе бесплатно здравство за сите граѓани и друго.. Јас неможам да разберам како во нашата држава најплатени професии се судиите и обвинителите, а не докторите, медицинските сестри и здравстениот персонало? Едноставно сите видовме кога се случи ковид пандемијата на кого беше целиот товар. Гледаме секој ден се повеќе и повеќе млади лекари и медицински персонал, болничари, сестри како си заминуваат од оваа држава. Гледаме незадоволни пациенти, пациенти кои чекаат со месеци за Комјутерска томографија, пациенти кои се невработени и без осигурување и кои за еден обичен преглед на матичен лекар плаќаат по неколку илјади денари. Проблемот во оваа држава е во тоа што политиката е длабоко навлезена во сите свери на нашето опшество, и се’ се гледа преку политичка призма, се се сведува на делење на наши и ваши, никој не превзема никаква одговорност за ништо и за сето тоа на крај страдаме сите ние, затоа што сите сме дел од здравството и сите сме потенцијални пациенти еден ден.

МН:Убаво кажавте и посочивте дел од проблемите, но што треба да се превземе за да се подобри нашето здравство ?

ЈБ: Па видете, прво и најосновно е да се ослободи здравствениот систем од партиски и политички стеги. Да се донесат луѓе експерти и професионалци во системот. Имаме ние такви луѓе и во државното и во приватното здравство. Да се направи еден конкретен 10 годишен план за развој и ревитализација на македонскиот здравствен ситем. Да се донесе закон за Докторска дејност. Да се покачат платите на младите и општи лекари во оваа држава, да се потруди државата да ги задржи тука кај нас, и не само нив, туку и другиот здравствен персонал. Да се направи нашето здравство бесплатно за сите. Состојбата е моментално очајна, гледаме сите како се затвораат болнички одделенија во Битола, Штип, фалат анестезиологи, хирурзи, ортопеди, рентгенолози насекаде, едноставно ако се продолжи со оваа купи ден помини политика, верувајте еден ден кога ќе отидеме на лекар ќе нема кој да не пречека и да ни каже добар ден, а не пак да најдеме некој да не прегледа и да не лекува.

МН:Вие сте млад, почитуван и успешен Доктор, дали некогаш би влегле во политика и би се занимавале со политика ?

ЈБ:Не, според мене местото на Докторите не е во политика туку покрај своите пациенти. Политиката е проклет бизнис во која човек ја губи својата душа и достоинство. Јас Никогаш не би се занимавал со политика, едноставно за мене најважна политика во животот останува помагањето и хуманоста кон луѓето.

МН:Што мислите за актуелната политичка ситуација во Македонија ?

ЈБ:Па видете, политиката во нашата држава е таква каква што е, ние сме држава што е постојано во криза 30 години, транзиција, немаштија, здравствена криза, ковид криза, енергетска криза, економска криза, ценовна криза, нафтена криза, политичка криза, и на крај никој не ни е крив затоа што самите ние си ги бираме политичарите. Какви политичари, таква држава. Едноставно никој не ни е крив. Единствено ми е жал што многу млади луѓе си заминаа од оваа држава чекајќи подобро утре. Додека политичарите се борат само за гола власт и да стават некој денар плус во своите џебови, обичниот народ неможе да поврзе крај со крај секој месец. Сиромаштијата и безпарицата се секој ден се повеќе присутни. Македонија е држава на несреќни луѓе, гледаме тажни лица, уништени семејства, празни улици, празни села, празни градови. Ги наполнивме градовите во Германија, Малта, Белгија, Шведска, Данска со наши пријатели, роднини, познаници, другари, и секој ден си заминува по некој наш близок, и еден ден ситуацијата ќе биде таква што нема да остане никој тука. Нешто мора да се менува час поскоро, во спротино еден ден ќе останеме и без народ и без доктори.

МН:Д-р Јово Бурне, Ви Благодариме за интервјуто и ни беше чест

ЈБ:Ви благодарам и јас за можноста

Најново од: Коментари

23 Октомври – завет за слобода, повик за единство и одговорност кон Македонија

На 23 октомври 2026 година се навршуваат 133 години од основањето на Македонската револуционерна организација-ВМРО. Нивниот завет нè повикува да ја чуваме Македонија, да го почитуваме жртвуваното и со чесна работа да ја градиме иднината на поколенијата што доаѓаат. На 23 октомври 1893 лето Господово, во Солун, шестмина македонски дејци ги поставија темелите на Организацијата: […]

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

To top