Витлеем, Месторо каде што е роден Исус Христос
Освен традиционалната бадникова вечер во пресрет на Божик, многумина си разменуваат и пораки за раѓањето на Христос
Во прилог на тоа издвојуваме неколку убави пораки со кои може да го обележите Денот и да им го честитате празникот на блиските.
-На денешниот ден опрости им на твоите должници, подари им бакнеж на твоите ближни, помогни им на тажните. А на полноќ погледни кон небото и ќе видиш ѕвезда што оди тогаш тивко речи ХРИСТОС СЕ РОДИ!
-Кога последната свеќа на бадник догорува слушај го срцето што ти зборува, нека радост и среќа во животот те води, среќен Божиќ – ХРИСТОС СЕ РОДИ!
-Божјата милост насекаде нека ве прати, нека за доброто со добро ви се врати Христос насекаде да ве води, Среќен Божиќ, Христос се роди.
-Денешниот блажен ден нека ви биде радосен! Божиќ вратата да ви ја злати, секогаш среќа нека ве прати. Ангел срцето кон љубов нека го води, мир божји, Христос се роди.
-Во телото здравје, во душата мир, во мислите радост, во срцето младост,во љубовта среќа. Сето ова го рекол Исус кога се родил и навистина се роди.
-Додека последниов бадников ден догорува, слушни го Господ што ти зборува, следи го патот на срцето што те води, Среќен Божиќ – Христос се роди.
-Христовата светлост нека ви го осветли домот, среќата нека ја победи тагата и Бог нека ви подари се што немате и сочува се што имате….Христос се роди!
Македонска нација