Фељтон

ИНФОРМАТИВНИТЕ ГЛАСИЛА НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (24)

2n113

2n113

ДЕЛ ОД ПУБЛИКАЦИЈАТА „МАКЕДОНЦИТЕ ВО СВЕТОТ“ (ТРЕТ ДЕЛ) НА СЛАВЕ КАТИН 

Македонците кои работат во поголемите центри ширум Европската Унија, уште со доаѓањето имаат организиран живот преку организациите, клубовите, друштвата, црковните општини, печатот и другите асоцијации.

Со различен успех се организираат информативни гласила (печат, радио), културно-забавни, воспитно-образовни, црковно-просветни, спортски и многу други активности, кои придонесуваат за зближување во новите средини во Европската Унија.

Уште со доаѓањето во новите средини во повоениот периот, Македонците во западно-европските земји правеа обиди да печатат гласила на македонски јазик. Во почетокот иницијатори беа поединци-емигранти декларирани како антикомунисти во логорите за емигрантите.

Тоа зборува за организираното живеење на Македонците во демократската Европска Унија и нивниот придонес на сите полиња во општественото живеење. Тие се вистински амбасадори на македонската култура, јазик, обичаите, религијата и други македонски обележја, особено со македонските информативни гласила, со што претставуваат мост меѓу Европската унија и Република Македонија.

            3. “Агонистис” (“Борец”) 1950 – 1971) – Букурешт.  По граѓанската војна во Грција бројот на политичките емигранти во Чехословачка беше околу 12.000, од кои над 2000 Македонци, претежно од Леринско-костурскиот регион.

            Информирањето за Македонците и Грците се вршеше преку заеднички весник со име “Агонистис” (“Борец”). Ова гласило започна да излегува во почетокот на 1950 година во четири страници, од кои една, а понекогаш и две беа на македонски јазик.

          4. “Прос ти ники” (“Кон победата”) “Неос дромос” (“Нов пат”) (1951-1968) – Ташкент. Улогата на информатор меѓу политичката емиграција од Грција во Ташкент ја вршеше весникот “Про ти ники” (“Кон победата”), кој под ова име излегуваше во Грција како орган на Главниот штаб на ДАГ, а под име се појави и пролетта 1951 година и во Ташкент. Во почетокот излегуваше само на грчки јазик, на 4 страници, среден формат и тоа трипати неделно (вторник, четврток и сабота). Од 1954 година втората страница се печатеше на македонски јазик со кирилица, 1958 година весникот го смени името во “Неос промок” (“Нов пат”), во кој исто така, една страница беше на македонски јазик. Весникот е укинат 1968 година.

          5. “Димитракис” (“Демократ”) ( 1951 – 1974) – Вроцлав.  Први меѓу емигрантите од Грција во Полска беа децата бегалци, а со нив по некоја жена или мома кои имаа улога на воспитувачки. И на тие нови простори Македонците се бореа да го афирмираат својот јазик, култура, литература, традиции и да го зајакнат националниот дух. Така, уште во 1949/50 година во Згожалец се издаде билтен и на грчки и на македонски јазик.          

Со зголемувањето на политичките емигранти, во август 1951 година започна да се печатат македонски страници на весникот “Демократис” (“Демократ”). Истата година кога раководството на Грците и на Македонците се пресели од Згожлец во Вроцлав се пресели и Редакцијата на весникот.           

Од друга страна, на просторите на Полска во периодот од 1953 до 1957 година во селото Кросченко, околија Устшики Дољне, близу сегашната граница со Украина, во Земјоделската задруга “Нов живот” се печатеше билтен на македонски јазик.

           6.”Лаикос агонас” (“Народна борба”) (1951-1975) – Будимпешта.  Во 1950 година започна да се печати весникот “Лаикос агонас” (“народна борба”) во кој покрај трите страници на грчки јазик, една страница се печатеше на македонски. Тој излегуваше на различен формат, но обично беше на формат 42 х 58 см. Весникот престана да излегува во 1975 година, кога и бројот на Македонците рапидно се намали.

            2n11

7. “Илинден” ) (1952 – 1956) – Букурешт.  Ова е второ списание на македонски јазик што се печатеше во источно-европските земји. Тоа беше орган на Централниот совет на организацијата “Илинден”. Се печатеше на македонски јазик со кирилица, употребувајќи и руски букви, на формат 16,5 х 12,5 см. Списанието од август 1952 година излегуваше на четиринаесетина страници и тоа како периодично гласило. Последниот број на ова списание датира од 1955 година како двоброј за периодот ноември – декември.    

           8. “Македонски живот” (1963-1966) – Букурешт.  Првиот број на списанието “Македонски живот” се појави во јануари 1963 година како периодично издание. Него го уредуваше Редакциски одбор составен од политички бегалци од Егејска Македонија, кои по Граѓанската војна во Грција беа протерани од своите родни огништа и преселени во европските социјалистички земји. Тоа се печатеше на македонски јазик и кирилица, на формат 14 х 24 см., во тираж од 2.000 примероци.

Бројот 4 е последен на “Македонски живот”. Тој е отпечатен на 144 страници во февруари 1966 година, со текстови за слични историски настани, како и литературни творби од Македонци во европските земји, што пртставува убав прилог кон литературното творештво на Македонците надвор од татковината.

Прололжува

1SlaveK2Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Најново од: Фељтон

МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ И ИЗБОРОТ НА ЈОВАН ДЕБАРСКИ

Во продолжение на својата „Книга за Мијаците“, Георги Трајчев се обидува да ја утврди местоположбата на манастирот „Света Богородица“, во кој Јован Дебарски бил игумен пред да биде избран за поглавар на Охридската архиепископија. Поради недостигот од непосредни пишани извори, Трајчев се потпира врз старите преданија зачувани меѓу населението од Реканскиот крај. Според нив, манастирот […]

Јован Дебарски – првиот охридски архиепископ по падот на Самуиловото царство

Историски белешки за Мијаците Многу малку се знае за животот на Јован Дебарски, кој управувал со Охридската архиепископија од 1018 до 1037 година. Тој бил поставен на нејзиното чело по падот на Самуиловото царство и воспоставувањето на византиската власт во Македонија. Во тоа време, со одлука на византискиот император Василиј Втори, Охридската патријаршија била сведена […]

Историски белешки за Мијаците

Мијаците – древно словенско племе од Солунското Поле Во третиот дел од фелтонот посветен на „Книга за Мијаците“ од Георги Трајчев се разгледуваат преданијата за древното потекло на Мијаците, нивната можна поврзаност со Самуиловата аристократија, белезите на благородничкото наследство и значењето на мијачкиот крстат бајрак. Како прилог кон тезата за древноста на Мијаците, Трајчев се […]

Мијаците – древно македонско племе со корени од Солунско до Реканскиот Крај

Истражувајќи го минатото на Мијаците, прилепчанецот Георги Трајчев (1869–1945) во својата „Книга за Мијаците“, објавена во Софија во 1941 година, забележува интересни податоци за нивното древно потекло. Трајчев го пренесува тврдењето на Благоја Димитров, публицист, општественик и добар познавач на старогрчкиот јазик, според кое во Битола бил откриен гроб од римско време со натпис што […]

Мијаците меѓу традицијата, исламизацијата и преселбите: сведоштвото на Георги Трајчев

Напомена: Оваа книгата за Мијаците првично била напишана така што Трајчев доследно ги употребувал поимите „Македонија“ и „Македонци“. Меѓутоа, тогашната бугарска влада не му дозволила да ја отпечати, поставувајќи му услов: секаде каде што пишувало „Македонци“, зборот да биде заменет со „Бугари“.  Принуден од околностите, а решен по секоја цена да го објави своето долгогодишни […]

НАЈАВА: Од наредна среда Порталот „Македонска нација ќе објавува продолженија од: „Книга за Мијаците“ според делото на Георги Трајчев

Порталот „Македонска нација“ од наредна среда ќе започне со објавување фелтон подготвен според „Книга за Мијаците“ од македонскиот просветен деец, публицист и револуционер Георги Трајчев. Книгата, објавена во Софија во 1941 година, содржи вредни записи за потеклото, животот, населбите, говорот, носијата, обичаите и преселбите на Мијаците. Трајчев го создавал делото врз основа на личното познавање […]

Автобиографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче (27)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ Паскал Гилевски, познам македонски писател, публицист, новинар, културолог и бранител на вистината за Егејска Македонија, во Воведот на  Автобиографијата на Лефтер Манче под наслов „Незгаслив порив за Македонија дбележува“ ќе го напише следното: Доктор Лефтер Манче, еден од најпознатите и најдвигателни личности на македонската дијаспора, […]

Д-р Лефтер Манче стана медицинско лице во Дебрецен (26)

Дел од монографијата „Патот до врвот“ од д-р Лефтер Манче На 1 септември 1964 година ја почнав последната година на студии и почнав и јас да им држам предавања на студентите по практика на анатомија од прва година, по поканата што пред четири години ми ја упати професорот Кромпехер. Им предавав двапати неделно на студентите […]

To top