Коментари

Гласот на дијаспората не смее да биде замолчен

Гордана Димовска

Гордана Димовска

Македонците сплотени од сите страни на светот

Македонија е наша заедничка мајка – иселениците имаат право на глас

Македонците во иселеништво, и покрај огромните тешкотии и културните шокови во новото место на живеење, сепак мислат, живеат, творат и лобираат за Македонија. Зборуваат македонски секој ден, секоја минута. Нели е тоа доволен доказ за тоа колку се сака и колку се грижи македонскиот човек за Македонија?

Излишно е да се зборува за тоа дека на иселениците не треба да им се даде право на глас. Излишно и дискриминаторски е во овие времиња, кога се одлучува за судбината и за самото постоење на Република Македонија, да се полемизира и од некои политички партии во Македонија да се забранува демократското право на иселениците да гласаат за доброто утре на својата мајка.

Тој однос спрема иселениците треба да се смени. Зарем на иселениците треба да се гледа како на луѓе кои си заминале и толку? Не е важно колку тие придонеле со испраќање финансиски средства до своите најблиски. Значи, грижата за своите никогаш не престанала. И натаму треба да се почитуваме и да си помагаме едни на други на начините на кои можеме.

Македонските иселеници во Австралија често пати се навредувани и добиваат етикети „патриоти“ или коментари во стилот: „Лесно е да се брани татковината од далеку“, „Сте се размавтале со шеснаесеткракото сонце од Кутлеш, а никаде ве нема“.

Дијаспората е нераскинлив дел од својата земја, затоа што постојано вложува и инвестира во македонската економија, туризмот и бизнисот. Ако си надвор од Македонија, не значи дека не си Македонец и дека треба да бидеш заборавен од својата мајка. Која мајка ќе си го заборави и отфрли своето чедо само затоа што живее во друга земја?

Самите податоци за прилив од една милијарда евра во државната каса на Македонија доаѓаат од иселениците. Без овие пари, Македонија би била во уште потешка ситуација. Наместо да се дистанцираме едни од други и да се расправаме дали и колку е важна дијаспората, нели е подобро да започнеме со градење вистински мостови на соработка? Само на тој начин навистина би придонеле за напредокот на Македонија, но и за духовната и личната среќа на секој Македонец, без разлика каде се наоѓа во светот. Без разлика на политичката определеност или етничката припадност, живеј и твори за земјата на твоето потекло, но и за земјата во која живееш.

Дијаспората е и треба да се гледа како важен политички субјект кој придонесува за зачувување на македонскиот идентитет, јазикот, културата, обичаите и традициите надвор од своите огништа.

Од голема важност за сите нас е да се спроведе електронско гласање, на кој начин на дијаспората ќе ѝ се овозможи да го даде својот глас.

Македонското иселеништво сите овие години се чувствува отфрлено и изолирано поради неможноста да учествува со својот глас во изградбата на подобра Македонија. Исто така, изразува незадоволство од недоволно развиената мрежа на стабилни врски преку агенциите за иселеништво или други форми на здружување.

Од голема важност е да се вброи македонската дијаспора во гласачкиот список во својата родна земја и на тој начин да се претстави пореална етнографска слика на Македонија како важно географско подрачје во светот.

Со почит кон нашето минато, тоа непроценливо богатство што го наследивме од нашите претци, должни сме да го сочуваме, а и самите да направиме нешто повеќе за Македонија и за македонските интереси.

Да се дозволи право на глас на иселениците е неминовна потреба и придобивка за секој што ѝ мисли добро на Македонија, за секој што се грижи за напредокот и зачувувањето на ова парче земја, која не смееме да дозволиме да ни ја уништат, да ја продадат, односно да ја обезличат алчните за власт или материјално богатство.

Со Македонија никој не смее повеќе да тргува.

Да се ускрати правото на глас, иселениците го гледаат како Македонија да се откажува и да ги отфрла своите чеда, кои толку многу можат да дадат со нивното активно инволвирање во економијата, политиката и воопшто во сите сфери на општеството.

Да се каже: „Јас сум Македонец, доаѓам од Македонија“, е гордост на секој иселеник и потврда за постоењето на македонската нација, за своето потекло и за македонскиот идентитет. Не дозволувајте да го уништите тоа во душата на вашите во дијаспората.

Заедно сите да ѝ помогнеме на Македонија да зачекори по патот кон трајна стабилност, просперитет и зачувување на својот идентитет наследен од дедовците и прадедовците. Тоа е цврста врска, исткаена низ вековите, кога Македонците поминуваа низ разни искушенија, но никогаш не се откажаа од јазикот, традицијата, историјата и својот идентитет.

Сега треба да сме уште посложни и да се почитуваме сите Македонци, каде и да сме.

СДС работи обратно. Сака да го уништи македонското во нас. Само не можам да разберам кои се тие? Зарем не се Македонци, од мајка Македонка родени, па не сакаат да слушнат за дијаспората, ниту се борат да го сочуваат идентитетот?

Напротив, нивното предавство е поголемо од еден континент. Посрамно нешто не сме доживеале во поновата историја. Го предадоа името и со тоа Македонците се чувствуваат како луѓе без душа.

Додека македонската дијаспора во Австралија со децении се бори, лобира во светските метрополи и организира масовни демонстрации, ним им смета името, им смета дијаспората.

Што е посвето од она што нѐ прави горди Македонци и да се обединиме околу она што е за сите нас свето и заедничко: еден народ, една земја, една историја, една Македонија.

И јас сум Македонка. Дозволете ми да гласам.

Најново од: Коментари

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

To top