
Александар Македонски Џеповски
Иднината на Македонија е избор дали ќе живееме во држава на ред, правда и достоинство или ќе продолжиме да тонеме во хаос, криминал и понижување. Избор дали ќе ја чуваме Македонија или ќе ја продаваме по делови, име, историја, идентитет, за привремени позиции и туѓи аплаузи.
Македонија е библиска земја, од Македонија се шири христијанството кон Европа, преку апостолот Павле кој ја премина Македонија и ги посети Македонските градови Филипи и Солун и ја избра првата Христијанка во Европа, Македонката Лидија. Оваа земја дала безброј жртви, од античките херои, преку илинденците и асномците, до современите борци кои ја бранеа државноста.
Секоја генерација има должност да ја зачува Македонија и да ја предаде на следните генерации.
Со промената што започна, се разбуди надежта. Народот гледа дека може поинаку. Дека може чесно, одговорно и домаќински. Дека Македонија не мора да биде жртва на елити кои ја гледаат само како банкомат.
Актуелната влада, предводена од премиерот Мицкоски, јасно покажува дека е посветена на градење на силна и просперитетна Македонија. Не со празни зборови, туку со дела со борба против криминалот и корупцијата.
Македонија мора да биде држава каде младите не бегаат, туку се враќаат,
Каде што старите не преживуваат, туку живеат со достоинство,
Каде што селото и градот имаат еднаква шанса,
Каде што законите важат за сите.
Тоа е Македонија за која се бореа нашите предци и за која денес се жртвуваат нови генерации патриоти.
Ќе биде ли Македонија горда, стабилна и просперитетна? Иднината е наш избор, а ние Ја избираме Македонија!
Македонија Вечна!
АМИН!