На прво место

Кос: Македонија меѓу најуспешните во реформската агенда, но Изборниот законик останува услов за европските средства

Премиерот Мицкоски порача дека девет од десет обврски се исполнети и дека би било штета Македонија да изгуби над четири милиони евра поради недоговорен Изборен законик.

Македонија покажува значителен напредок во спроведувањето на реформската агенда и се вбројува меѓу најуспешните земји во користењето на можностите од Планот за раст на Европската Унија. Сепак, за понатамошен исчекор во евроинтеграциите, Брисел повторно укажува дека остануваат отворени прашањата поврзани со уставните измени и усвојувањето на Изборниот законик.

Еврокомесарката за проширување Марта Кос, по средбата со премиерот Христијан Мицкоски во Скопје, порача дека Македонија има реална можност да напредува на европскиот пат, но предупреди дека повеќе од четири милиони евра европски средства се доведени во прашање доколку Собранието не ги усвои измените на Изборниот законик.

„Со оглед на тоа што исполнивте 90 проценти од реформите, ги повикувам сите страни да обезбедиме 100-процентен успех со усвојувањето на Изборниот законик“, изјави Кос.

Таа ги повика политичките партии да постигнат договор, оценувајќи дека реформите не се обврска само на Владата, туку заедничка одговорност на сите политички чинители.

„Можете да стигнете до врвот затоа што ги исполнувате очекувањата. Реформите не се работа само на Владата и Собранието, туку национален проект во кој треба да бидат вклучени сите засегнати страни, особено Собранието, каде што се усвојуваат реформите“, рече Кос.

Според еврокомесарката, усвојувањето на уставните измени останува следниот важен чекор на патот кон членство во ЕУ. Таа ја охрабри Владата да го започне процесот, оценувајќи дека Македонија има можност да продолжи со напредокот во евроинтеграциите.

Кос истакна дека процесот на проширување на ЕУ во изминатиот период бележи значителен напредок.

„За година и пол направивме многу повеќе отколку во претходните 15 години. До 2028 година постојат сериозни изгледи Европската Унија да добие нова членка од Западен Балкан“, изјави Кос, додавајќи дека се надева оти Македонија ќе остане цврсто на европскиот пат.

Коментирајќи ги барањата за гаранции во евроинтеграцискиот процес, Кос порача дека во досегашната практика на Унијата нема пример земја кандидат да добила гаранција дека нема да се појават нови спорови во текот на преговорите.

„Вистината е дека ниту една земја кандидат никогаш не добила гаранција дека нема да се појави нов спор во текот на пристапниот процес, сè до моментот кога и последната земја членка ќе го ратификува договорот за пристапување. Така функционира процесот на проширување на ЕУ и важно е да се прифати оваа реалност“, нагласи Кос.

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека резултатите од реформската агенда се препознаени од Брисел и дека Македонија ќе добие дополнителни средства како резултат на досегашниот ангажман.

„Денеска е убав ден затоа што сите можеа да слушнат дека работиме многу фокусирано и посветено на реформите и реформската агенда. Како резултат на тоа ќе добиеме дополнителни средства што ги заслуживме со оваа напорна работа. Ќе покажеме дека можеме уште повеќе. За нас нема друга опција и нема план Б – само членство во ЕУ и посветеност кон исполнувањето на обврските“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека најголемиот дел од обврските од реформската агенда веќе се исполнети и дека останува уште усвојувањето на Изборниот законик.

„Девет од десет обврски ги имаме исполнето. Останува само Изборниот законик. Нашиот став е јасен – договорете се во опозицијата, усогласете текст и ние ќе го прифатиме тоа што ќе биде договорено. Истата порака ја испраќам и денеска. Засега нема усогласен текст, а времето поминува. Би било навистина штета да изгубиме повеќе од четири милиони евра“, изјави Мицкоски.

Пораката од Скопје е дека реформскиот процес е во напредна фаза, но политичкиот договор околу Изборниот законик останува клучен за да не се загубат европските средства и за Македонија да го задржи темпото на патот кон Европската Унија.

Најново од: На прво место

Муцунски во Израел: Нови можности за соработка во економијата, одбраната и сајбер-безбедноста

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски оствари средба со израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар, на која биле потврдени одличните билатерални односи и подготвеноста за нивно натамошно продлабочување. Во рамките на работната посета на Израел, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски се сретна со својот израелски колега Гидеон […]

За СДС владин авион е „несериозност“, а јахти и златни визи во Дубаи се сериозна работа?

СДС ја прогласува намерата на Владата да набави авион за потребите на државата за непотребен луксуз, но молчи пред јавните прашања за криминалите, корупциите,  марихуаната, државна лотарија, јахта, скап имот и златни визи во Дубаи поврзани со луѓе од неговото раководство,… Слично беше и за време на „Шарената револуција“, кога владиниот „мерцедес“ беше претставуван како […]

Зошто Филипче и СДС се плашат од предвремени избори?

Ако навистина веруваат дека Владата не работи и дека имаат подобри решенија, нека побараат избори и нека излезат пред граѓаните СДС и Венко Филипче секојдневно ја убедуваат јавноста дека Владата не работи, економијата стагнира, а Македонија не напредува на ниту едно поле. Но кога премиерот Христијан Мицкоски им понуди можност овие тврдења да ги проверат […]

Македонски историски календар – 22 август

На 22 август 1919 година било издадено полномоштво со кое Димитар Наумов бил овластен да ја претставува ВМРО на Париската мировна конференција. Македонските дејци настојувале пред претставниците на големите сили да го постават нерешеното македонско прашање и да предупредат на последиците од поделбата на Македонија. Нивните барања за почитување на правото на македонскиот народ на […]

Двојните стандарди на СДС: гласни за водата во Гостивар, неми за 14-те жртви во Тетово

Кога одговорноста треба да ја понесе некој од редовите на СДС, настапува молк. Кога постои можност вината да се префрли врз Владата, веднаш почнува секојдневна кампања со обвинувања и соопштенија Двојните стандарди на СДС најјасно се гледаат во нивниот однос кон две тешки трагедии што го потресоа полошкиот регион – пожарот во модуларната болница во […]

Големите сили против Илинденското Востание

На 21 август 1903 година, додека Илинденското востание сè уште траело, османлискиот амбасадор во Санкт Петербург ја известил Високата порта дека руската влада го поддржува преземањето строги мерки против македонските востаници. По добивањето на оваа вест, султанот Абдул Хамид II наредил на руската дипломатија да ѝ биде изразена благодарност за поддршката што ја дала во […]

Македонски историски календар – 21 август

На 21 август низ македонската историја се забележани настани поврзани со Илинденското востание, страдањата на населението во Костурско и одбраната на македонската револуционерна кауза. 21 август 1903 – голема османлиска офанзива во Костурско На 21 август 1903 година околу 15.000 османлиски војници од три страни навлегле во Костурско со цел да го задушат Илинденското востание. […]

Филипче се врати од јахтата на Заев и настапува како да се вратил од друга планета

Венко Филипче, по одморот на јахтата на Зоран Заев, очигледно собра нови сили и веднаш продолжи со изјави, прес-конференции и партиски соопштенија. Настапува како да се вратил од друга планета, а не од одмор со човекот со кого седум години ја водеа Македонија кон национални понижувања, економска несигурност и институционално пропаѓање. Филипче денес зборува како […]

To top