Коментари

Од закочени лифтови до лажни договори за мигранти

1Manojil

9-mane 1 copy copy copy copy

Мане Јаковлески

Признанието на Мирослав Шиповиќ дека Андреј Жерновски победил за градоначалник на Скопје: „кога ние ги закочивме лифтовите и го набедивме ВМРО-ДПМНЕ“, не е анегдота од минатото, тоа е учебникарски пример за политичкиот ДНК на СДС–интрига, манипулација и свесно лажење на јавноста секогаш кога ја губат поддршката од граѓаните.

90234

Оваа изјава, всушност, јавно потврдува дека СДС никогаш не победувал со идеи, визија или резултати, туку со креирање проблеми и фабрикување вина.

Наместо решенија–саботажи. Наместо одговорност–обвинувања. Наместо вистина–добро спакувана лага. Така било тогаш, така е и денес.

Тогаш ги закочуваа лифтовите за да создадат гнев кај граѓаните и потоа тој гнев вештачки да го насочат кон ВМРО-ДПМНЕ.

Денес, кога веќе одамна ја немаат довербата на народот, СДС користи ист метод, само на повисоко ниво, со ширење страв, дезинформации и лажни „меѓународни договори за измислени мигранти“.

Најсвеж пример е тврдењето дека Македонија наводно потпишала договор со Велика Британија за прифаќање мигранти. Без документ. Без потпис. Без официјална потврда. Но со јасна цел–да се создаде паника, да се разниша јавноста и повторно да се обвини ВМРО-ДПМНЕ за нешто што не постои. Истата матрица, истиот сценарио, само алатките се поинакви.

СДС и понатаму функционира како партија што живее од интриги. Кога нема политика, измислува афери. Кога нема аргументи, пушта гласини. Кога нема поддршка, произведува страв. И секогаш, по правило, виновникот е ВМРО-ДПМНЕ.

Но признанието на Шиповиќ ја руши целата конструкција. Тоа покажува дека и „победата“ на Жерновски, и денешните напади со лажни договори, се дел од истата политичка технологија, лага повторена доволно пати за да личи на вистина. Само што овојпат, маските паѓаат побрзо.

Граѓаните веќе го препознаваат овој образец. Тие знаат дека партија што еднаш ги закочила лифтовите за власт, денес без проблем ќе ја закочи и државата со лажни наративи, ако мисли дека така ќе преживее политички.

Затоа суштинското прашање повеќе не е дали СДС лаже, туку колку долго мислат дека граѓаните ќе им веруваат на истите интриги, со ново пакување, но со стара содржина.

Најново од: Коментари

Никогаш не прашувај чиј празник е 23 октомври, прашај се, ЧИЈ СИ ТИ?

133 години од солунскиот завет за слободна Македонија – празникот нè соочува со сопствените корени, со жртвата на предците и со нашата одговорност пред поколенијата. 23 Октомври, денот на основањето на историското ВМРО, за мене е најголемиот и најсветлиот ден за македонскиот народ – светлина на светлината, симбол на неговата решеност да се избори за […]

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

To top