На прво место Култура и туризам

Од Светиот Гроб во Ерусалим до Зубовце: благословениот крст пристигнува во храмот „Света Огнена Марина“

Од Светиот Гроб во Ерусалим до Зубовце: благословениот крст пристигнува во храмот „Света Огнена Марина“

Зубовце ги повикува верниците на свечениот пречек на крстот благословен во Ерусалим

На празникот Марена, на 30 јули 2026 лето Господово, во храмот „Света Огнена Марина“ во Зубовце ќе пристигне крст благословен во Црквата на Светиот Гроб на Исус Христос во Ерусалим.

Пред да тргне кон Зубовце, крстот беше положен и благословен на Каменот на Помазанието во Црквата на Светиот Гроб во Ерусалим.

Според христијанското предание, токму на ова свето место било положено телото на Исус Христос по симнувањето од Крстот и било подготвено за погребение.

Благословот добиен на едно од најсветите места во христијанството му дава на крстот особена духовна вредност и длабока симболика.

Од Ерусалим до Зубовце, крстот носи порака на вера, љубов, надеж, мир и заедништво. Неговото пристигнување претставува редок и значаен духовен настан за верниците, за жителите на Зубовце и за цела Македонија.

Крстот, кој ќе му биде даруван на храмот „Света Огнена Марина“, е вреден подарок од Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија и Еврејската заедница во Македонија.

Дарот претставува сведоштво за заемната почит, пријателството и духовната поврзаност меѓу луѓето и заедниците, без оглед на нивната верска или етничка припадност.

За жителите на Зубовце, 30 јули 2026 лето Господово ќе остане запаметен како историски и благословен ден – денот кога крстот, кој го поминал патот од Светиот Гроб во Ерусалим, ќе пристигне во храмот „Света Огнена Марина“, каде што ќе остане како траен симбол на верата, надежта и Божјата љубов.

На 30 јули, на празникот Марена, овој свет дар – крстот благословен во Ерусалим – свечено ќе биде осветен во храмот „Света Огнена Марина“ во Зубовце.

Бог е љубов!

Најново од: На прво место Култура и туризам

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

Стенчевска тврдина и Тумба: богато археолошко наследство во Полог

Колаж од археолошки цртежи на монети, накит и други предмети пронајдени во Стенчевската тврдина.   Над селото Стенче се издигаат остатоците од стар утврден град, а во неговата околина се наоѓа неолитска населба чии почетоци се поврзуваат со животот на овој простор пред околу 8.000 години. Заедно, овие локалитети сведочат за богатото културно и историско […]

Марко Цепенков – човекот што го зачува македонското народно богатство од заборав

На 7 ноември 1829 година е роден Марко Цепенков, еден од најзначајните македонски собирачи на народни умотворби, писатели и етнографи. Со својата долгогодишна и посветена работа оставил непроценливо наследство за македонската култура, јазик и народна традиција. Неговата собирачка дејност започнала во 1856–1857 година, поттикната од учителот и преродбеник Димитар Миладинов. Средбата со Миладинов му дала […]

Ланга и Голо Брдо – камени кули, планински предели и културно наследство што заслужува да се открие

Камените куќи на Ланга, природните убавини на нејзината околина и богатата традиција на Голо Брдо во кое културата и природата се доживуваат заедно. Ланга, на албански Llangë, административно припаѓа на единицата Стеблево во општина Либражд. Селото привлекува внимание со својата положба меѓу шумите и карпестите падини, но особено со впечатливите камени градби што му даваат […]

To top