Коментари

Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески (72)

1.0.6

1.0.6

Македонскиот народ се соочува со огромни притисоци и со оваа марионетска власт предводена од лидерот на СДСМ Зоран Заев е на пат да го изгуби не само името, туку и државата.

Заради барањето на Грција, СДСМ без дозвола на македонскиот народ само за земјата да биде членка на НАТО прво го смени името, а сега заради барањето на Бугарија, СДСМ како што изгледа е спремна да се откаже од и од македонски јазик и од македонската историјата до 1944 година. Но, за жал, тоа не го прави бидејќи има дозвола од македонскиот народ за да земјата стане членка на ЕУ, туку заради личен интерес на поединци од СДСМ.

За соседите на Република Македонија не постоја македонски јазик и македонски народ во земјата. Веднаш по осамостојувањето во 1991 година, Иако Македонија беше изложена на огромни притисоци да го смени името, македонскиот народ успешно се справуваше на ваквите барања, се додека не се појави Заев. Сето она што успешно се правеше изминатите скоро три децении, Заев го сруши со прифаќањето на Тиранската платформа и потпишувањето на Прееспанскиот договор и Договорот за добрососедство со Бугарија, со што и нанесе непроценлва штета на земјата.

1MJ

Јаковлески говори на протестот во Берлин

Македонскиот народ во земјата и странство со протести го искажа своето незадоволство од оваа ненародната власт. На овие протести се одржани многу говори, меѓу кои и говорот на Мане Јаковлевски на протестот „За заедничка Македонија“  одржан на 27 јануари 2018 година во Берлин. Тоа е мотивирачки говор за македонскиот народ за да истрае во борбата за зачувување на името, идентитетот и македонската држава. Во овој говор кој е последен што го пренесуваме од монографијата „Македонија, мојот копнеж – Манојил Мане Јаковлески“, од авторот Киро Кипровски, а кој е оддржан пред носењето на Преспанскиот договор (17 јуни 1918), Мане пред насобраните Македонци во Барлин ќе каже:

„Почитувани браќа и сестри, Македонци и Македонки!

На почетокот од моето обраќање, упатувам искрени поздрави до организаторите и учесниците на мирниот протест „За заедничка Македонија“, во Берлин.

Поздрав и до сите, кои дојдовте од други градови на Германија и од Европа.

Ги поздравувам и патриотите, кои допатуваа од Македонија: Тодор, Боро, Слободан, Миле, Дуле и други, за да го искажат незадоволството од предавството, кое ни се случува во Македонија.

Чест ми е да Ве поздравам во Берлин, градот од каде во деведесеттите години од минатиот век, ги почнавме протестите за признавање на Македонија под уставното име, а кои продолжија и се проширија низ Германија и низ Европа.

Тогаш протестиравме за самостојна држава и таа да биде призната од Европската заедница под уставното име, а денес протестираме за да го сочуваме јазикот, името, идентитетот, протестираме да ја сочуваме нашата држава – Македонија.

Почитувани! Не е лесно да се биде Македонец. Не е лесно да си вистински Македонец. Постојано сме исправени на удари, на клевети, на нечесни игри и интриги.

Во септември 1991 година Република Македонија стана независна, самостојна и суверена држава на еден дел од својата етничка територија, со што се оствари вековниот идеал на македонскиот народ за сопствена држава.

Меѓутоа, самата појава на самостојна и суверена македонска држава на европската и светската политичка сцена, во деведесеттите години од 20 век, ги возбуди духовите кај соседите, кои по Балканските војни и Мировниот договор од Букурешт во 1913 година, имаат анектирано делови од територијата на македонскиот народ и држава.

Неможејќи да се помират со реалноста, дека постои Република Македонија, соседите, веднаш се јавија со негирање на Македонската православна црква, македонскиот јазик, името и идентитетот.

Уште на самиот почеток од осамостојувањето на Република Македонија, се соочи со проблеми и во процесот на меѓународно признавање.

Од 1993 – та година, нашата татковина, за дел од меѓународната заедница не е Република Македонија, туку е ФИРОМ.

Така, на Македонија и беше оспорено уставното име, нешто, што дотогаш беше непознато на меѓународната сцена. Оттогаш до денес, Грција континуирано прашањето за името го држи отворено. Иако, употребата на името Македонија не подразбира територијални претензии на сметка на некои други држави, Грција е против постоењето на македонската држава. Таа, од македонскиот народ, бара да го смени Уставот и да се откаже од името и идентитетот. Политиката која ја води Грција, поддржана од ЕУ, САД и НАТО е спротивна на историската потреба и пулсот на македонскиот народ. Оттука, само по себе се наметнува прашањето, дали

на Македонија и е потребно НАТО и ЕУ, ако Македонците мораат да го сменат  името и идентитетот? Затоа, најдобро е Македонија  да ги прекине Преговорите за спорот со името и да прогласи  неутралност.

Почитувани!

Во името на нашите предци, кои се бореле за создавање на независна и суверена македонска држава, како и во името на нашите идни генерации, ние Македонците немаме право да го промениме името на нашата држава Македонија.

Македонскиот народ не смее да се откаже од сопственото име и идентитет.

Никој нема право да го промени уставното име на Македонија. Нашата татковина се вика Македонија, нашиот јазик е македонски. Ние сме

Македонци!

За жал, секогаш постојат луѓе, кои за одредени бенефиции се спремни на големи отстапки. Само за да дојде на власт, раководството на СДС ја прифати Тиранската платформа, договорот со Бугарија и разговори за името со Грција, што е спротивно на интересите на македонскиот народ.

Вистина е,дека по доаѓањето на власт на СДС на чело со Зоран Заев, насилно и со поддршка од домашната петта колона и од надворешни центри на моќ, направи силни напори, да се угуши пулсот на народот и да се спречи неговото масовно активирање, против распродажбата на националните интереси.

Сегашната власт, само да ја задоволи Атина, презеде активности поради кои македонски патриоти, денес скапуваат по затворите во Македонија.

Почитувани браќа и сестри!

Веднаш по доаѓањето на власт, наместо ветуваната правда и просперитет за својот народ и држава, новата марионетск авлада, својот прв ангажман го посвети со приведување и затварање на луѓе, кои протестираа и се залагаа за зачувување на унитарниот карактер на Македонија. Под обвинение за тероризам, тие денес лежат во македонските затвори.

Хунтата на власт ги притвори Дурловски, Чавков, Дамовски, Илиевски, Јовановски, Горан,Тошта,Иле, Игор, Игор Луди, Вили, Сашо, Оливер, Николче, Андреј, Никола, Коста, Стојан Кобра, Шиљо, Кире, Јане, Андреј и останатите чија единствена вина е љубовта кон Македонија.

Почитувани браќа и сестри, притворените не се терористи! Тие се херои, патриоти, кои сакаа да го одбранат уставот на Република Македонија.

Патриотизмот, значи лојалност на граѓаните кон државата.

Патриотизмот кажува, дека поединецот треба да ги стави интересите на нацијата пред личните интереси или интересите на одредена група или партија.

Додека притворените македонски патриоти лежат во затвор, ни говорат дека доаѓала светла иднина.

Тоа штог лумците, пејачите, членовите на патриотските здруженија се во затвор, а криминалците се на слобода, за СДС и нивните поддржувачи е светла иднина.

Почитувани!

Македонија денес се наоѓа пред тешки предизвици и бара наше сплотување.

Дојде време да си подадеме рака и со заеднички напори да зачекориме смело, по патот што ни го трасираа нашите претходни генерации.

Денес, нашата генерација, мора да го зачува името, идентитетот и унитарниот карактер на македонската држава.

Од овој протест во Берлин испраќаме АПЕЛ:

–          Да престане распродажбата на нашата држава;

–          Итно ослободување на сите притворени, за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија;

–          Бараме Претседателот на Република Македонија, да ги помилува со ослободување од гонење, сите притворени за настаните од 27 април 2017 година;

–          Повикуваме на итно ослободување на Едмонд Темелко од домашен притвор и бараме Претседателот на Република Македонија, да го помилува со ослободување од гонење;

–          Ако условот е промена на името, идентитетот и достоинството, Македонците во целиот свет не прифаќаат членство во ЕУ и НАТО.

Владата на СДСМ е марионетска, донесена од надвор, а секоја марионетска власт има краток век на живот. Иако краток, сепак ќе направи непоправливи грешки, после кое нема веќе враќање назад.

Разбудете се Македонци, доста беше, уште не е доцна и не е се загубено.

Македонија е едно име, една идеја, една желба, на цел еден народ, на една многу напатена татковина. Доста е молчење. Македонија мора да дејствува офанзивно, без разлика на големината на поддршката, која ја има Грција.

Никој нема право да го промени уставното име на Македонија. Нашата татковина се вика Македонија, нашиот јазик е македонски. Ние сме Македонци! Нека Господ Бог ја благослови Македонија!

АМИН!

Берлин, 27.1.2018

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top