Коментари

Документ зачуван во Националниот архив на Австралија денес зборува погласно од илјада политички говори и историски фалсификати

1a-aleksandar copy copy copy copy

1a-aleksandar copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Александар Македонски Џеповски

614678240 25734561132839898 1403299815159522321 nДокумент од 1934 година зачуван во Националниот архив на Австралија. Документот е издаден од Attorney-General’s Department – Investigation Branch на Австралија (1934 година) и јасно, недвосмислено наведува: „Applicant is a Macedonian“ (Апликантот е Македонец)

Документ потпишан и заверен во далечната 1934 година и зачуван во Националниот архив на Австралија, составен од државни службеници на една трета, незаинтересирана држава, ја руши цела една конструкција изградена врз негирање, присила и историска неправда.

Станува збор за случајот на Атанас Васил Делјанис, македонски иселеник кој побарал австралиско државјанство. Во официјалната комуникација меѓу институциите на Австралиската држава јасно е запишано: апликантот е Македонец. Не „северен“, не „словенски“, не „регионален“, туку Македонец – етничка и национална одредница запишана црно на бело, далеку од Балканот и неговите притисоци.

Но документот оди и чекор понатаму. Тој сведочи за нешто што со децении се обидува да се релативизира, премолчи или негира: дека Македонците под грчка власт биле системски принудувани да ги користат грчките форми на своите имиња. Атанас јасно им објаснува на австралиските власти дека грчката форма на неговото име не е резултат на слободен избор или „интеграција“, туку на присила. На државна присила.

Ова не е памфлет, не е политички проглас, не е „националистичка пропаганда“. Ова е службен документ, напишан од инспектор на Австралиската истражна служба, со службени печати, архивски броеви и потписи.

Документ што не може да се прогласи за „сомнителен“, „едностран“ или „измислен“.

Документ што ја потврдува вистината која Македонците ја носат во колективната меморија, но која премногу често им беше оспорувана.Токму затоа овој архивски запис има огромна тежина.

Тој покажува дека македонскиот идентитет не е производ на 1944 година, ниту на некаква современа политичка одлука, туку жива реалност признаена и евидентирана од светот уште тогаш – дури и кога самите Македонци немале своја држава.

Во време кога повторно сме сведоци на обиди за историски ревизионизам, овој документ е ладен туш за сите оние кои тврдат дека „такво нешто не постоело“ или дека Македонците доброволно се откажувале од своето име, јазик и идентитет. Не, не се откажувале – биле принудувани.

Затоа, овој документ не е само архивска куриозитетност. Тој е доказ. Сведоштво. Обвинение против една политика на асимилација и негирање, и потврда за истрајноста на македонскиот идентитет.

Благодарност до „Makedonska Drzava“ за овој значаен пронајдок, кој уште еднаш покажува дека вистината, колку и да се потиснува, секогаш наоѓа начин да излезе на виделина.

Вистината е како шило – колку и да се обидуваш да ја сокриеш или фалсификуваш, со Божја помош таа секогаш излегува на виделина.

АМИН!

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top