Коментари

Зошто постоењето на Македонците од соседите се оспорува?

1DOOM 3

17-DOOM 3 copy

Во 1913 година Македонија беше распарчена со Букурешкиот договор.

Големите сили и соседните држави повлекоа линии на карта, без референдум, без прашање до Македонскиот народ.

Но вистинската поделба не се случи само на територијата, таа се случи и во свеста.

Во деловите што паднаа под различни држави започнаа координирани политики: забрана на јазикот, преименување на имиња, презимиња, топоними, затворање училишта, притисоци врз црквата, прогон на интелектуалци,…

Во Егејскиот дел, по Граѓанската војна во Грција, илјадници Македонци беа протерани, а правото на враќање им беше условено со „грчка национална свест“.

Во Пиринскиот дел, признавањето и непризнавањето на Македонците се менуваше според дневната политика на Софија.

Во Вардарскиот дел, под српска власт, македонското име беше третирано како закана и затоа го нарекоа Вардарска бановина.

Историјата на Македонија од тој момент престана да биде само прашање на минатото. Таа стана геополитички проект.

Но зошто токму постоењето на Македонците се оспорува и денес, Зошто?

Затоа што признавањето на посебен македонски народ ја урива логиката на територијалните претензии.

Ако прифателе дека Македонците се посебен народ, тогаш приказната дека тие се „заблудени Бугари“, „јужни Срби“ или „Славофони Грци“ паѓа во вода. А со тоа паѓа и историското оправдување за асимилација. Ако се признае посебноста на македонскиот народ, тогаш паѓаат цели национални наративи изградени врз историски претензии.

Ако се признае македонскиот јазик како самостоен и кодифициран јазик, тогаш се рушат децениски конструкции дека тој е „дијалект“ или „регионална варијанта“.

Ако се прифати континуитетот на македонската национална свест низ 19 и 20 век, тогаш некои политички проекти остануваат без темел. Затоа негирањето не е случајно. Тоа е стратегија.

Историјата, за жал, на Балканот често не е научна дисциплина, туку продолжение на дипломатијата со други средства. Наместо архивите да бидат место за истражување, тие стануваат арсенал за политички аргументи. Наместо историчарите да дебатираат, политичарите пресудуваат.

Но идентитетот не се создава со договор, ниту се укинува со протокол. Тој се гради со јазикот што го зборуваат луѓето, со песните што ги пеат, со спомените што ги пренесуваат, со чувството на припадност што не може да се негира.

Парадоксот е што колку повеќе се оспорува постоењето на Македонците, толку повеќе се потврдува неговата политичка тежина. Никој не вложува толку енергија во негирање на нешто што не постои.

Прашањето, всушност, не е дали Македонците постојат, Тие постојат, како народ со свој јазик, култура и државност признаена од Обединетите нации.  

Македонското прашање денес не е прашање на романтичен национализам, туку на принцип: дали народот има право сам да се именува и да ја раскажува својата приказна?

Ако одговорот е „да“, тогаш расправата за самото постоење треба одамна да биде затворена.

Ако одговорот е „не“, тогаш проблемот не е во Македонија – туку во вредностите на Европа.

Ако Европа навистина верува во принципите на кои се повикува, тогаш прашањето за тоа дали Македонците постојат не треба да биде тема на маса. Треба да биде затворено поглавје.

Сè друго е политика и ништо повеќе.

МН

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат и да создаваат, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката и тага во срцето? Тоа прашање треба да нè собере […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добиваат граѓаните кога Македонија бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да веруваат во еднаквост пред законот ако пресудата останува неизвршена, а второто државјанство изгледа […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top