Коментари

Иран си има свој Заев, Лекција за политичка наивност

1svekrva copy copy copy copy

1g-svekrva copy copy copy copy copy

Свекрва

Политиката е поле каде што довербата и претпазливоста мора да одат рака под рака. Но, понекогаш се случуваат ситуации кои изгледаат толку апсурдно што тешко може да се поверува дека се реални.

Zaev

Токму таков беше случајот кога руските пранкери, познати по своите телефонски измами со светски лидери, го прогласија поранешниот македонски премиер Зоран Заев за „најглупавиот јунак“ во, како што самите велат, многу силна конкуренција.

Шегаџиите успеале да го надмудрат Заев претставувајќи се како тогашниот украински претседател Петро Порошенко. Наместо краток и проверен разговор преку дипломатски канали, комуникацијата прераснала во подолг контакт во кој, според нивните тврдења, Заев не сфатил дека станува збор за измама.

Пранкерите тврдат дека снимката од разговорот ја чувале во тајност околу една година. За тоа време, како што велат, Заев продолжил да комуницира со нив, убеден дека разговара со вистинскиот украински претседател.

Она што ја прави целата приказна уште поапсурдна е наводната содржина на комуникацијата. Според објавените информации, Заев испраќал фотографии од свои официјални средби, давал контакти од косовски политичари, па дури и во неколку наврати самиот ги контактирал „соговорниците“, односно ги „спамирал“ шегобијците со пораки и материјали.

Иран си има свој Заев

Ако во Македонија со години се раскажуваше приказната како поранешниот премиер Зоран Заев разговарал со руски пранкери кои се претставувале како Петро Порошенко, слична сцена се случила и во иранската политичка емиграција.

Овој пат главниот лик е иранскиот престолонаследник во егзил Реза Пахлави, син на последниот ирански шах Мохамед Реза Пахлави. Според објавени информации, Пахлави станал жртва на телефонска измама, разговарајќи со лице кое се претставило како „внук на Хитлер“ и наводен посредник за средба со германскиот канцелар Фридрих Мерц.

Слично како во случајот со Заев, ваквите ситуации предизвикуваат потсмев во јавноста затоа што покажуваат колку лесно јавни личности можат да станат мета на пранкери кога изостанува елементарна проверка на соговорникот.

Разликата е што во овој случај не станува збор за премиер на држава, туку за опозициски симбол на иранската монархистичка емиграција.

Најново од: Коментари

Македонија ни е заеднички дом — да ја сочуваме за нашите деца и внуци

Постојат моменти кога секој од нас треба да застане пред сопствената совест и да се запраша: каква Македонија ќе им оставиме на нашите деца и внуци? Држава во која ќе сакаат да живеат, да создаваат и да растат нивните деца, или роден крај во кој ќе се враќаат само за празници, со куфер во раката […]

Античка Ега открива гробница на македонски благородник и неговата сопруга

Внатрешноста на македонската гробница откриена во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина). Фотографија: Ангелики Котариди Оригинален текст: Дарио Радли, објавен на 1 април 2024 година Археолозите открија македонска гробница на лица со висок општествен статус во Ега, древната македонска престолнина, чии остатоци се наоѓаат кај денешен Кутлеш (Вергина), во […]

Каде се европските стандарди за правда?

Вториот пасош не смее во практиката да вреди повеќе од правосилната судска пресуда. Каква порака добивам јас како граѓанин на Македонија кога мојата држава бара правосилно осудено лице, а тоа престојува во соседна Бугарија, членка на Европската Унија, и јавно се појавува во нејзините медиуми? Како да верувам во еднаквост пред законот ако судската пресуда […]

Франција и Европа конечно си ја плаќаат цената и кармата за Македонија

Сега нека им помогнат Татарите да се спасат, а ние, Македонците, имаме решение за спасот на Франција: нека ги стават сите Африканци во Уставот и да им шетаат голи дома, сè така до нивното конечно истребување, кое се гледа од авион. Правдата конечно ги фати, а воедно и сите клетви, солзи, болки и пискотници на […]

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи! Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза […]

Ѓорѓија не бил сериски убиец, туку обичен пијаница!

Не е првпат наши интерпретатори и музички групи, поради едни или други причини, да ги менуваат текстовите на нашите народни песни. Честопати некои од овие промени влијаат и врз самата содржина на текстот, правејќи ја апсурдна. Овде ќе наведеме два драстични примера. Првиот се однесува на убавата народна песна „Мајка на Марика думаше“, во чиј […]

Разумот има најголема вредност кога ќе се употреби навреме

Украинскиот претседател Володимир Зеленски деновиве изјавил дека „Украина е подготвена за вистински одлуки и чекори кон деескалација“ за да се приближи крајот на војната со Русија. Оваа изјава е повод за пошироко размислување за одговорноста на лидерите и за можностите за договор што се пропуштаат пред оружјето да го преземе зборот. Разумот има најголема вредност […]

Бугарија претера, Европа молчи

Бугарите претераа со Ива, Самоил, Бендиков, Спаска… Што е многу, многу е. Тотално претераа и нема граници глупоста на Бугарија, а воедно никаков укор или дисциплинска мерка од Европа, сега и последниве 100 и кусур години. Кучињата лаат, караванот си врви. Овие Бугарите ни мртвите не ги оставаат на мир, а за живите да не […]

To top